Контакт

Свет

Орбан: Ако Украина стане членка на ЕУ, ќе ги апсорбира сите наши пари

Објавено пред

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија сака да ја држи Украина надвор од Европската Унија бидејќи, како што рече, членството на Украина во ЕУ би значело дека земјата ќе ги апсорбира сите унгарски пари.

Во интервју за јавното радио Орбан рече дека западните лидери одлучиле да постигнат договор со Украина за одржување армија од речиси еден милион војници, чии трошоци ќе ги покријат европските земји, објави МТИ. Унгарскиот премиер додаде дека „наместо да ги зајакнува сопствените вооружени сили, Западна Европа ѝ плаќа на Украина за своите платеници“. Според него, ова би можело да претставува сериозен безбедносен ризик за Европа бидејќи на крајот би можело да се финансира армија чии намери „не секогаш ќе бидат пријателски или барем нема да има гаранција дека тоа ќе биде случај“.

„Членството на Украина во ЕУ е поврзано со ова бидејќи е многу полесно да се донесат финансиски одлуки во корист на Украина ако таа земја е членка на ЕУ отколку ако не е“, рече Орбан додавајќи дека Унгарија, заедно со другите земји од Централна Европа, ќе ја плати цената на пристапувањето на Украина во Унијата.

Премиерот ги покани Унгарците да гласаат на референдумот во 2025 година, на кој ќе се дискутира прашањето за потенцијалното членство на Украина во ЕУ, пренесува „Танјуг“.

„Да не дозволиме други да одлучуваат за нас“, нагласи тој во својот апел до граѓаните.

Најново

Свет11 минути

Пресретнати две беспилотни летала насочени кон Ријад и јужниот дел на Саудиска Арабија

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против јеменските бунтовници Хути, соопшти дека пресретнала и уништила две беспилотни летала...

Македонија23 минути

Серафимовски: Традиционалната храна им дава пазарна предност на домашните производители

Земјоделските семејства што од сопствениот род создаваат храна со препознатливо и традиционално локално потекло можат да остварат поголем приход и...

Свет28 минути

Речиси пет години по инвазијата врз Украина, Путин повторно бара НАТО да се врати на границите од 1997 година

Русија повторно бара повлекување на силите на НАТО на позициите што ги имале во 1997 година, пред проширувањето на Алијансата...

Црна хроника53 минути

Уапсен 53-годишник од Желино, се обидел да прегази шумски полицаец додека бегал со дрва

Педесет и тригодишен жител на тетовското село Желино е приведен откако, според полицијата, со автомобил натоварен со огревни дрва не...

Свет1 час

Туск иронично му порача на Орбан дека е импресиониран од неговата „креативност“ по пронаоѓањето речиси 20 милиони долари закопани во шуми и скриени во тајни сефови во Унгарија

Полскиот премиер Доналд Туск иронично го коментираше пронаоѓањето речиси 20 милиони долари во готовина во шуми, земјоделски објекти и други...

Свет1 час

Гутереш: Најбогатите 10 отсто од светската популација поседуваат 75 отсто од целокупното богатство

Се зголемува поддршката за формирање меѓународен панел за нееднаквост, независно тело по примерот на Меѓувладиниот панел за климатски промени, кое...

Свет2 часа

Повеќе од 2.500 откажани летови во САД по повеќечасовниот прекин на авиосообраќајот

Повеќе од 2.500 летови биле откажани во САД, а неколку стотици доцнеле по повеќечасовната целосна обустава на полетувањата од американските...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски за измените во Законот за јавни набавки: Ќе се спречат намерното уривање и одолговлекување на тендерските постапки

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека со зголемувањето на прагот за директни јавни набавки од 5.000 на 10.000 евра, односно од...

Македонија2 часа

(Видео) Владата очекува да ги заврши реформите до декември, дел од законите сè уште се усогласуваат со Брисел

Владата очекува до крајот на декември да ги заврши сите реформи предвидени во Реформската агенда, а дел од клучните закони...