Европа
Орбан: Брисел не ни помага, туку ни пука во грб

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Брисел не успева да придонесе во напорите за сузбивање на илегалната миграција.
Тој рече дека Унгарија во моментот работи на заштита на цела Европа.
„Навистина, тоа е напад врз Унгарија“, изјави Орбан за унгарското радио „Кошут“, а пренесува унгарската агенција МТИ.
Унгарскиот премиер изјави дека само минатата година биле уапсени 122.000 лица, кои илегално влегле во земјата, наспроти 45.000 една година претходно, што според него покажува дека бројот на нелегални влегувања во земјата се зголемува.
„Проблемот со илегалната миграција е далеку од решен. Напротив, тој ќе биде со нас во следните неколку години“, предупреди Орбан.
Тој додаде дека мора да се зајакне граничната контрола и да се ангажираат нови сили.
„Потребни ни се што повеќе војници само за гранична контрола“, рече унгарскиот премиер.
Тој нагласи дека Унгарците биле задолжени за тврдината заштитувајќи ги границите на цела Европа, но дека Брисел не помага во овие напори, туку, напротив, ни пука во грб“, порача Орбан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.
Европа
Кулеба: Пристигнува уште тешко оружје од САД

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека во Украина пристигнува уште тешко оружје.
Тешкото оружје е на врвот на агендата на Киев и ни доаѓаат повеќе испораки“, напиша Кулеба на Твитер.
Досега Вашингтон одбиваше да испорача напредни повеќекратни ракетни системи со долг дострел на Украина поради страв дека тие би можеле да бидат искористени за напад на руска територија, што би го ескалирало конфликтот, пренесе „Танјуг“.