Европа
Орбан: Грчкaта комесарка не треба да ми кажува што да правам

Капацитетот на Унгарија за вакцинација значително ги надминува залихите со вакцини, изјави премиерот Виктор Орбан.
Тој додаде дека процесот може да се забрза доколку унгарските власти ја одобрат кинеската вакцина. Според МТИ, таа одлука може да биде донесена во рок од неколку дена.
Во интервју за унгарско радио, Орбан зборуваше и за барањето на европската комесарка за здравство и безбедност на храна, Стела Киријакидес, земјите членки да не преговараат одделно со производителите на вакцини, нагласувајќи дека повеќе од 100 Унгарци умираат секој ден.
„Грчката комесарка не треба да ми кажува што да правам“, рече Орбан.
Тој посочи дека Унгарија има можност да ја добие кинеската вакцина во големи количини, но дека таа прво мора да биде одобрена од здравствените власти во земјата.
Орбан рече дека се надева дека властите ќе дадат јасен одговор во следните неколку дена. Тој исто така подвлече дека е невозможно побрзо да се вакцинираат луѓето, не затоа што унгарскиот здравствен систем не е способен за брзи масовни вакцинации, туку поради недостиг на залихи на вакцини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Италија сака да купи руска вакцина, Берлускони вели дека „спутник В“ е одличен

Претседателот на партијата „Форца Италија“, Силвио Берлускони, како што објави весникот „Ла Стампа“, изјавил дека руската вакцина „спутник В“ функционира одлично и дека Италија треба да ја купи таа вакцина на слободниот пазар.
Берлускони не е единствениот кој инсистира да се бараат вакцини на друга страна, бидејќи системот за набавки на Европската Унија, Ковакс досега покажа сериозни недостатоци, а поради еднострано намалување на испораките го загрозува и националниот план за вакцинација во Италија.
Лидерот на партијата „Лига“, Матео Салвини, исто така, бара од владата на премиерот Марио Драги да го следи примерот на другите земји од ЕУ, како што се Австрија, Унгарија, Данска и Словачка, кои веќе донесоа одлука за купување на руска вакцина.
Засега, во Италија се користат вакцините на Модерна, Астра зенека и Бионтек, чија испорака е договорена преку единствена програма на ЕУ.
Производителите на овие вакцини однапред добија пари за истражување и производство на лекот, но трет месец по ред еднострано ја намалија испораката на договорените количини вакцини.
Во Италија, која има 62 милиони жители, досега се вакцинирани околу 4,4 милиони луѓе.
Оној кој е вакциниран нема можност да избере со која вакцина ќе биде имунизиран.
Властите во Италија потсетуваат дека руската вакцина „спутник В“ сè уште не добила одобрение за употреба од Европската агенција за контрола на лекови ЕМА.
Но, Матео Салвини инсистира на тоа да не се чека одобрување од Агенцијата, затоа што здравјето на Италијанците е во прашање.
Европа
Саркози ќe бара правда од Европскиот суд за човекови права

Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, изјави дека е подготвен да побара правда од Европскиот суд за човекови права, како и дека ќе ја докаже својата невиност.
Ова е прва реакција на Саркози во јавноста откако беше осуден за корупција.
„Се жалев на пресудата, можеби дури и ќе треба да го изнесам ова прашање пред Европскиот суд за човекови права”, изјави Саркози за весникот „Фигаро”.
Тој рече дека ќе му биде болно да ја тужи сопствената држава.
„Но, јас сум подготвен на тоа, бидејќи тоа ќе биде цената на демократијата“, рече Саркози, додавајќи дека нема да се кандидира за претседател во 2022 година, но ќе поддржи некој кандидат во догледно време
Европа
Во Германија планови за постепено олабавување на мерките протв Ковид-19

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и регионалните лидери се блиску до договор за постепено ублажување на ограничувањата поради коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.
Агенцијата наведува дека властите во Германија подготвуваат одлука за постепено олеснување на епидемиолошките мерки на денешната средба, но дека правилата може повторно да се заострат доколку бројот на инфекции со Ковид-19 почне да се зголемува.
Според новиот план на владата, од 8 март на исто место ќе може да се соберат најмногу пет лица од две домаќинства, освен деца на возраст под 14 години, а исто така од тој датум ќе може да се отворат и цвеќарници, книжарници, градинарски центри, како и салони за услуги и за нега, пренесува „Ројтерс“.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер