Контакт

Европа

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Објавено пред

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави унгарскиот премиер, Виктор Орбан. Според него, европските бирократи не сакаат да ја спречат миграцијата, туку сакаат да управуваат со неа, пренесе АП.

„Не е исправно што сакаат од нас да го одземат правото на заштита на границите и тоа што Брисел сака да диригира со одбраната на унгарските граници. Нашите граници ги бранат не само професионалци туку и патриоти“, изјави Орбан.

Унгарскиот премиер ја цитира изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел во која таа порача дека државите членки на ЕУ мора да отстапат од одделни национални права на Фронтекс.

„Нашата позиција за проблемот е јасна, нашата татковина не е ниту премин ниту прифатен камп. Ако сакавме да се мешаме со други култури и цивилизации, тогаш за тоа ќе се консултиравме и ќе одлучевме. Но, јас би му порачал на унгарскиот народ да не прифаќа вакви идеи“, рекол Орбан.

Европа

Тереза Меј останува премиерка, го преживеа гласањето недоверба

Објавено пред

Со 200 гласа „за“ наспроти 117 „против“ британската премиерка, Тереза Меј, вечерва го преживеа гласањето недоверба. На Меј ѝ е сигурна позицијата една година, период во кој не смее да се одржи повторно гласање недоверба, пренесуваат британските медиуми.

Како што се наведува, на Меј ѝ биле потребни најмалку 159 гласа од пратениците од Конзервативната партија за да го преживее гласањето.

Таа претходно на пратениците им порача дека нема да распише вонредни избори и дека планира да се повлече пред следните избори, кои се најавени за 2022 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсени најблиските на терористот од Стразбур, се претпоставува дека тој е во Германија

Објавено пред

Германската полиција е во лов на двајца браќа, Чекат и Сами Шериф, по придружувањето на операцијата на француските колеги, кои приведоа четворица членови на семејството на терористот, кој пред два дена во Стразбур уби тројца, а рани 12 лица, извикувајќи „Алаху Акбар“.

Уапсни се мајката, таткото и двајца браќа на терористот, а се претпоставува дека тој е во Германија. Портпаролот на полицијата потврдил дека во радиус од 30 километри по должината на француско-германската граница се трага по двајца мажи за кои се претпоставува дека го извеле нападот, пишува ДПА.

Осомничениот, кој е идентификуван како Чекат Шериф (29), е роден во Стразбур, а во полициските документи со неговото име стои ознака С, што значи државна сигурност и се смета дека е исламистички радикализиран.

Француската полиција објави повик за помош во потрагата по осомничениот.

Тој претходно ѝ бил познат на полицијата како некој што преминал во екстремна форма на ислам, а бил во затвор за кривични дела, меѓу кои и за грабеж. Полицијата предупреди дека доколку некој го види осомничениот, да не му се приближува, туку само да се јави во полиција и да пријави.

Прикажи повеќе...

Европа

Британски обложувачници: 100 отсто сигурна победата на Тереза Меј

Објавено пред

Британската обложувачница „Вилијем Хил“ соопштила дека го прекинала примањето облози за тоа дали премиерката Тереза Меј ќе добие доверба на гласањето во Конзервативната партија.

Нивниот портпарол Руперт Адамс рекол дека квотите цел ден укажувале на победа на Меј и дека таа е сè поизвесна како се приближува вечерашното гласање, пренесе АП.

Во меѓувреме, како што пренесе Ројтерс, британската премиерка успеала да обезбеди поддршка од речиси 200 пратеници во Конзервативната партија врз основа на нивните изјави во медиумите и на социјалните мрежи. Агенцијата наведува, дека тоа би можело да биде доволно за победа на денешното гласање.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа9 часа

Тереза Меј останува премиерка, го преживеа гласањето недоверба

Со 200 гласа „за“ наспроти 117 „против“ британската премиерка, Тереза Меј, вечерва го преживеа гласањето недоверба. На Меј ѝ е сигурна...

Европа9 часа

Уапсени најблиските на терористот од Стразбур, се претпоставува дека тој е во Германија

Германската полиција е во лов на двајца браќа, Чекат и Сами Шериф, по придружувањето на операцијата на француските колеги, кои...

Македонија11 час

Мицкоски до Заев: Избeри време, место и медиум, ќе дојдам таму каде што ти сакаш

Пред повеќе од 6 месеци, точно овде на платото пред Владата на Република Македонија, на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата...

Свет11 час

Три години затвор за поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот адвокат на американскиот претседател, Доналд Трамп, е осуден на казна затвор од 36 месеци. Мајкл Коен, адвокатот што изјави...

Бегството на Груевски12 часа

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од...

Бегството на Груевски16 часа

(Видео) Груевски лоциран од новинари во скап унгарски ресторан

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан....

Македонија19 часа

(Видео)Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија

Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека...

Македонија19 часа

(Видео) Власта ќе бара 80 пратеници за продолжен мандат за СЈО

Министерката за правда, Рената Треневска-Дескоска, изјави дека двата предлог-закона за специјалното јавно обвинителство и за Јавното обвинителство се достапни за...

Македонија20 часа

Обвинителството нема да го гони сопственикот на менувачницата што уби двајца крадци

Обвинителстото ја отфрли кривичната пријава против сопственикот на менувачницата во Кисела Вода кој лани уби две лица при обид за...

Македонија20 часа

Непознато лице до Јанакиески: 500 евра дневно ни одат за честење неопределени по кафулиња

Во една од СМС-комуникациите помеѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески со непознато лице направена на 3 април...

Бегството на Груевски20 часа

(Видео) Рускоска: Синоќа ја видов фотографијата со Груевски, ќе видиме кој ја сликал и од каде потекнува

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, рече дека синоќа ја видела фотографијата со Груевски од Будимпешта....

Топ21 час

Мајка моли да се пронајде нејзиниот син, исчезнал пред два дена во Скопје

Дваесет и шестгодишно момче исчезнало во Скопје, откако пред два дена заминало од дома, по што не се вратило. Семејството...

Топ21 час

Експлозивна направа, куршуми, оружје и дрога пронајдени во неколку куќи во Скопје

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во текот на вчерашниот ден по издадени наредби од Основен суд Скопје 1...

Македонија22 часа

Стара градска ќе го намалува бројот на пациенти, нов обид за реновирање

Старата градска болница, односно ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, ќе го намалува бројот на пациенти оти...

Европа23 часа

Терористички напад во Стразбур – убиени најмалку четири, а ранети 12 лица

Четири лица загинаа, а 12 се повредени во нападот во Стразбур, за кој надлежните сметаат дека е терористички чин. Напаѓачот...

Македонија1 ден

Посебен сообраќаен режим за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи информира дека поради протестот што го најави ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен сообраќаен режим на дел од...

Свет1 ден

(Видео) Бразил: Вооружен маж пукал во верници во катедрала – шестмина мртви

Вооружен маж пукал во верници во катедрала во близина на Сао Пауло на југот на Бразил, при што убил пет...

Бегството на Груевски2 дена

На интернет се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните...

Крвав четврток2 дена

Села: Претседателите на партиите што не присуствуваа на 27 април, најверојатно, се и организатори

„Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина...

Крвав четврток2 дена

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видеонадзор

Судењето за крвавиот четврток, по паузата, продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била...

Досие