Свет
Орбан: Проширувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас би имало трагични последици

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека продолжувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас и енергија од нуклеарните централи ќе има трагични последици за Унгарија.
Унгарската влада работи на изземање од таквите одлуки, изјави Орбан за државното радио „Кошут“.
Орбан истакна дека на почетокот на војната во Украина, ЕУ се надевала дека војната ќе заврши под влијание на санкциите или дека барем ќе ја олеснат таа цел, но дека се покажало дека тие немаат никаков ефект врз намалувањето на конфликтот.
Орбан напомена дека Европа ја чека тешка зима, а ситуацијата во Украина станува сè потешка. Иако Русија претрпе економски загуби поради санкциите, нејзините приходи од енергија растат, а политиката на санкции не ја постигна својата цел, истакна Орбан, пренесе агенцијата МТИ.
Унгарија е против тоа ЕУ да ја финансира работата на украинската држава од заемот што го подигнаа заеднички членките на Унијата и ја поддржува помошта преку билатерални договори меѓу земјите членки и Украина, рече Орбан.
Според него, Унгарија не сака ЕУ да стане заедница на држави што акумулираат заеднички долгови наместо заедница на земји членки што соработуваат, пренесе „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина објави нова проценка за руските загуби

Украина објави нови податоци за руските загуби од почетокот на инвазијата минатата година до денеска.
Според нив досега се убиени 125 510 руски војници, 800 во последните 24 часа.
Орієнтовні втрати окупантів за минулу добу склали:
800 вбитими
7 танків
4 бойові броньовані машини
8 артсистем
1 РСЗВ
1 літак
1 вертоліт
Слава Захисникам України!🇺🇦 pic.twitter.com/jabn12Bs1s— Оперативний ЗСУ (@operativno_ZSU) January 28, 2023
Свет
Повторно пукање во Ерусалим, има повредени

Најмалку две лица се повредени во пукање во археолошкиот локалитет Давидов град во Ерусалим, Израел.
Како што наведоа од полицијата, напаѓачот бил неутрализиран.
Престрелката се случува за помалку од 24 часа по терористичкиот напад на синагога во населбата Неве Јаков во Ерусалим, во која загинаа седум лица.
Регион
Дачиќ: ЗСО останува главната точка на сите наши договори за Косово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Заедницата на српските општини (ЗСО) останува главната точка на сите договори за Косово и дека таа мора да биде формирана според договорените принципи.
„Во бриселскиот договор од 2013 година јасно пишува што е ЗСО, уште подетално е регулирано во договорот од 2015 година, а ние го потпишавме затоа што е добро за нашата заедница на Косово“, изјави Дачиќ за „Политика. “.
„Договорот не е идеален, но во услови во кои го преговаравме е максимумот што можевме да го постигнеме“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека овие договори се круна на учеството на Србија во дијалогот со посредство на Европската Унија, која самата се обврза да ги спроведе потпишаните.
Според неговото мислење, никогаш немало причина да не се спроведе договорот, освен упорното одбивање на Приштина да го спроведе и неограничената толеранција на западните посредници за нивно уништување.