Контакт

Европа

Орбан: Сорос е закана за Унгарија и Полска

Објавено пред

Џорџ Сорос е најкорумпираниот човек во модерната меѓународна политика и претставува закана за Унгарија и Полска, оцени денеска унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

Во интервју за националното радио „Кошут“, тој рече дека Сорос, американскиот финансиер со унгарско потекло, имал многу политичари на својот платен список и дека силата на корупцијата стои зад бирократите во Брисел, кои ја уценуваат и ѝ се закануваат на Унгарија.

Унгарскиот премиер рече дека Сорос е закана за Унгарија и Полска, иако Европската Унија обично ги решава споровите преку преговори, пренесува МТИ.

Тој рече дека бескрупулозните лаги за Унгарија не се невообичаени, но дека тие сега достигнале критична точка.

Единственото прифатливо решение за актуелниот проблем во врска со буџетот на ЕУ и планот за закрепнување ќе се заснова на закон, а не на политика, посочи унгарскиот премиер.

„Со придонесот на Сорос тие сакаат да формираат институции што би можеле да ја принудат Унгарија да ја отвори границата на југот и да прифати мигранти“, рече Орбан нагласувајќи дека Будимпешта категорично ги отфрла ваквите барања.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Франција најави засилени гранични контроли во ек на ски-сезоната

Објавено пред

Франција ќе спроведе засилени гранични контроли на границите со Швајцарија и Шпанија, изјави Жан Кастекс.

„Целта е да се спречат француските граѓани да се заразат, а ние ќе го сториме тоа со воведување на случајни гранични контроли“, рече Кастекс.

Тој истакна дека француските скијачки центри остануваат затворени за време на Божиќните празници.

Покрај случајните контроли, премиерот најави можност за воведување седумдневен карантин за Французите кои ќе се решат да ги поминат своите одмори во скијачките центри во соседните Швајцарија и Шпанија. За карантинот ќе одлучуваат властите на пограничните региони.

Мерките за ограничување на пристапот до странските скијачки центри не се однесуваат на прекуграничните работници.

Германија и Италија ја делат позицијата на Франција, но Австрија, Швајцарија и Шпанија се спремни да ги отворат своите скијачки центри. Кастекс верува дека, сепак, може да се постигне европски договор за ова прашање.

За време на првиот бран на пандемијата на коронавирус, некои скијачки одморалишта беа жариште за ширење на вирусот, забрзувајќи го ширењето на инфекцијата низ цела Европа.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Австрија 60% од пациентите на интензивна нега се мигранти, повеќето од Балканот

Објавено пред

Виенскиoт лекар Буркард Густорф, специјалист по медицина за интензивна нега, истакнува дека луѓето со мигрантско потекло во Австрија се натпросечно повеќе погодени од Ковид-19.

Ковид-пациентите на клиниката Отакринг, каде што работи Густорф, се претежно од Западен Балкан, јужна Полска и Турција.

Густорф тврди дека во неговата клиника дури 60 проценти од пациентите на интензивна нега имаат мигрантско потекло.Тој во изјава за виенскиот дневен весник „Презе“ рече дека владата мора да спроведе стратегија за комуникација насочена кон мигрантски групи.

„Колку што знам, владините регулативи во општеството се прифаќаат многу поинаку“, вели шефот на Одделот за анестезија, медицина за интензивна нега.

„Неопходна е стратегија за комуникација насочена кон одредени групи на општеството“, подвлече виенскиот лекар, додавајќи дека на тој начин може да се пренесат опасностите од инфекција со коронавирус.

На прашањето колку мигранти биле погодени од коронавирусот, Густорф рече дека станува збор за бран на повратници од ризични региони на Балканот и Турција, а од друга страна, луѓе кои се заразиле на семејни прослави.

Тој исто така нагласи дека коронавирусот се шири меѓу мигрантите побрзо поради тесните услови за домување.

Прикажи повеќе...

Европа

Австрија ги заострува мерките на границите за време на божикните празници

Објавено пред

Австрија планира да воведе строги мерки на аеродромите и границите за време на божикните празници, кои ќе се однесуваат на патувања во високоризични земји, пишува „Кронен цајтунг“, повикувајќи се на извори од Министерството за внатрешни работи.

Мерките ќе се однесуваат на патниците од земјите означени како ризични области, особено на Балканот и Турција, но исто така и на Италија и Германија.

Секој што ќе одлучи да патува во ризични области и покрај предупредувањата, ќе мора да помине 10 дена во карантин по враќањето во Австрија.

Според австрискиот весник, мерките ќе бидат на сила до 10 јануари и ќе важат за сите земји кои имаат седумдневна стапка на бројот на заразени поголема од 100 на 100.000 жители.

Засега не е познато кога мерките ќе стапат на сила, но весникот потсетува дека милиони христијани го слават Божик на 7 јануари и дека примарната цел на воведување нови построги правила на границите е да се спречи избувнувањето на третиот бран на пандемијата на коронавирус.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија започна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Свет26 минути

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион60 минути

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија1 час

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет3 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет4 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Свет4 часа

Американскиот секретар за правда: Нема докази за изборна измама

Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар, рече дека Секретаријатот за правда не нашол докази за широко распространета изборна измама што...

Свет4 часа

Макрон: Вакцинацијата во Франција ќе почне во јануари

Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа изјави дека програмата за вакцинација на коронавирус најверојатно ќе се активира на почетокот на јануари...

Македонија17 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија17 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија18 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ20 часа

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија20 часа

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија22 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци

„Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да...

Регион22 часа

Србија воведе нови мерки – угостителските објекти и продавниците ќе работат до 17 часот, за викенд ќе бидат затворени

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок....

Македонија23 часа

УКИМ: Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата

Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата, сметаат од Универзитетот...

Македонија23 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 846 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и...

Македонија1 ден

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во...

Досие