Свет
„Ослободивме над 200 километри територија“: се огласи Украина за контраофанзивата
Украина досега ослободи вкупно 210 квадратни километри во контраофанзива против руските сили, изјави денеска заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малијар.
Малијар на „Телеграм“ напиша дека украинската контраофанзива напредува и дека Киев повратил 18 квадратни километри на истокот и југот од земјата во текот на изминатата недела, објави „Ројтерс“.
Taa истакна дека минатата недела украинските војници повторно зазеле седум квадратни километри во правец на Бахмут на истокот од земјата, со што повторно заземената територија во таа област ја зголемиле на 31 квадратен километар.
На југ, каде што украинските сили се обидуваат да напредуваат кон градовите Бердјанск и Мелитопол, во текот на изминатата недела тие повторно зазедоа речиси 11 квадратни километри зголемувајќи ја повторно заземената територија во таа област на речиси 180 квадратни километри, изјави Малијар.
Таа рече дека руските сили напредуваат од крајот на минатата недела кон градот Купјанск во областа Харков.
Украина почна контраофанзива во јуни за да си ја врати територијата окупирана од руските сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
