Свет
Основачoт на „Хуавеј“: САД ја потценуваат кинеската компанија
Основачот и извршен директор на телекомуникацискиот гигант „Хуавеј“, Рен Женгфеј, изјави дека САД ја потценуваат неговата компанија.
„Американските политичари, според досегашните постапки, покажуваат дека ја потценуваат нашата сила“, рече Рен во интервју за телевизијата ЦЦТВ и за други кинески медиуми.
Тој посочи дека компанијата има алтернатива за сопствената набавка на чипови и дека во таа смисла не може да биде изолирана од преостанатиот дел на светот.
Рен додаде дека 5Г-програмата на компанијата ќе остане непроменета и покрај американските мерки. Што се однесува до технологијата на 5Г, рече тој, другите компании ќе го стигнат „Хуавеј“ за две или три години.
„Хуавеј“ се наоѓа на листата на компании со кои американските компании ќе може да тргуваат само ако добијат дозвола од властите. Американскиот претседател, Доналд Трамп, минатата недела им забрани на американските телекомуникациски компании да работат со странски компании кои би можеле да претставуваат закана за националната безбедност во САД. Мерката се однесува и на „Хуавеј“, вториот производител на паметни телефони во светот, кој е осомничен за шпионирање во корист на Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.