Контакт

Свет

Осуденик во САД бара егзекуција со електричен стол, властите не му дозволуваат

Објавено пред

Затвореникот од Тенеси, Едмунд Загорски, кој уште во 1984 година бил осуден на смртна казна, што би требало да биде извршена утре, побарал таа да се спроведе со електричен стол, а не со инјекција, но неговото барање било одбиено од властите во оваа сојузна американска држава.

Загорски навел дека сака да умре на електричен стол, а не од смртоносен коктел вшприцан со инјекција поради тоа што верува дека егзекуцијата со електричен стол ќе трае многу пократко и ќе биде помалку болна.

Агенцијата АП соопшти дека неговиот адвокат, Кели Хенри, размислува за правни дејства што би можеле да се преземат за да му помогне на неговиот клиент.

Хенри, еден ден откако Загорски објави на кој начин сака да биде погубен, од Врховниот суд на САД во вторникот побарал привремено да се одложи извршувањето на пресудата.

Загорски бил осуден на смрт во 1984 година за убиство на двајца мажи. Егзекуција со електричен стол во Тенеси последен пат беше извршена во 2007 година.

Свет

Украинскиот претседател бара објективна истрага за падот на авионот

Објавено пред

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека ќе се испитаат брзо и непристрасно причините за падот на воениот авион во кој загинаа 26 лица.

„Како резултат на страшната трагедија, Украина вчера изгуби 26 вредни синови. Јас инсистирам да се расчистат причините за авионската несреќа и истрагата да биде објективна и непристрасна”, напиша Зеленски на Фејсбук.

Шефот на неговиот кабинет, Олег Татасров изјави дека претседателот наредил прекинување на летовите на сите воени транспортни авиони Ан-26 додека не се утврдат причините за несреќата во регионот Харков, пренесува Тасс.

Украинските власти како можни причини за авионската несреќа ги наведоа техничкиот дефект, грешката во екипажот, грешката во контролата на летот и несоодветното одржување на авионот.

Државната служба за безбедност објави дека авионот паднал пет минути откако командантот на екипажот побарал дозвола да слета откако левиот мотор престанал да работи.

„Според прелиминарните информации, кадетите немале контрола над леталото, но со нив командувал командантот на екипажот“, се вели во соопштението.

Бројот на загинатите во падот на украинскиот воен авион на североистокот на земјата, во регионот Карков, се искачи на 26 лица, откако почина еден од кадетите коишто ја преживеаја несреќата.

Кадетите на универзитетот Харков во воздухопловството изведувале тренинг лет. Снимките од местото на несреќата беа објавени на Интернет.

Прикажи повеќе...

Свет

САД: Седум милиони заразени со коронавирус

Објавено пред

Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, САД го преминале прагот на седум милиони луѓе заразени со коронавирус.

Откако пандемијата најсилно го погоди подрачјето на Њујорк, а потоа во текот на летото југоистокот и југозападот на земјата, сега се шири во градовите со многу помало население во срцето на земјата, често во нејзините конзервативни делови каде што голем број жители се противат на носење маски.

Ширењето на инфекцијата сега предизвикува нови проблеми во болниците, училиштата и универзитетите на западнито дел на САД.

Прикажи повеќе...

Свет

По терористичкиот напад во Париз – уапсен главниот осомничен, приведени уште 6 лица

Објавено пред

Седум лица се приведени за нападот пред поранешните канцеларии на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, соопштија официјалните лица.

Маж вооружен со месарски нож вчера рани две лица во нападот кој се третира како терористички инцидент, пренесува Би-би-си.

Главниот осомничен, кој беше идентификуван како 18-годишник со пакистанско потекло, е уапсен во близина на местото на нападот. Полицијата соопшти дека се приведени уште шест лица и дека нивниот распит е во тек.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин рече дека очигледно станува збор за чин на исламски тероризам и оцени дека полицијата го потценила нивото на закана во таа област.

Идентитетот на жртвите на вчерашниот напад не е официјално соопштен, но полицијата наведува дека станува збор за маж и жена, кои работеле во продукциска куќа.

Премиерот Жан Кастекс пред новинарите изјави дека нивниот живот не е во опасност.

Нападот се случи во време кога во Париз во тек е судењето на осомничени за соучесници во серијата терористички напади извршени пред пет години, што започна со масакрот во тогашната канцеларија на весникот и заврши два дена подоцна по заложничката криза во супермаркет за продажба на храна која се подготвувала според „кошер“ стандардите.

За вкупно три дена, тогаш терористите убија 17 лица, од кои 12 во вооружен напад врз просториите на „Шарли Ебдо“, каде што во тоа време се одржуваше состанок на редакцијата.

Крвавиот напад врз редакцијата на „Шарли Ебдо“, во кој беше убиен и уредникот Стефан Шарбоније, претставуваше одмазда на екстремните исламисти поради контроверзните карикатури на пророкот Мухамед, кои весникот првпат ги објави во 2006 година.

Одбележувајќи го почетокот на судењето на соучесниците во нападите во 2015 година, уредничкиот одбор на весникот одлучи на почетокот на овој месец да ги објави повторно контроверзните карикатури на Мухамед, во чест на неговите убиени колеги, опишувајќи ги како „докази“ во процесот и како дел од историјата којашто како што е наведено, „не може повторно да се испишува или да се избрише”.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

(Видео) Пендаровски и Пахор во Кампот за обука на вода во Охрид

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го...

Свет17 минути

Украинскиот претседател бара објективна истрага за падот на авионот

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека ќе се испитаат брзо и непристрасно причините за падот на воениот авион во кој...

Топ1 час

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43),...

Топ2 часа

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21)...

Македонија3 часа

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел...

Свет4 часа

По терористичкиот напад во Париз – уапсен главниот осомничен, приведени уште 6 лица

Седум лица се приведени за нападот пред поранешните канцеларии на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, соопштија официјалните лица. Маж вооружен со...

Свет5 часа

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на...

Македонија6 часа

Протест против полициската бруталност во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој...

Европа6 часа

Франција бара Брисел да ја принуди секоја членка на ЕУ да прими мигранти

Франција побара секоја земја членка на ЕУ да биде принудена да преземе дел од илегалните мигранти што пристигнуваат на европска...

Свет7 часа

Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните...

Топ16 часа

Тројца осомничени за производство и продажба на марихуана, едниот фатен додека ги кастрел стеблата во Визбегово

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за неовластено производство и продажба на марихуана. За таа...

Економија16 часа

Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и...

Европа18 часа

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот

Брзината на пренесување на Ковид-19 и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл...

Македонија18 часа

Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија,...

Македонија22 часа

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија23 часа

(Видео) Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа1 ден

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Македонија1 ден

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија1 ден

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет1 ден

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Досие