Европа
Осуммина уапсени за силување тинејџерки во Холандија

Холандската полиција уапси осум лица осомничени дека силувале најмалку три тинејџерки.
Во градот Ден Бос и соседниот Росмален уапсени се млади луѓе на возраст меѓу 18 и 26 години.
Полицијата почна истрага откако три девојчиња, независно една од друга, објавија дека биле сексуално злоупотребени од група мажи во гаражата за поправка на автомобили во Ден Бос.
Детективите, кои ја пребараа гаражата во потрага по форензички докази, изјавија дека има индиции дека имало повеќе жртви на членовите на бандата, но дека не го пријавиле силувањето од страв.
Се верува дека членовите на бандата оствариле контакт со жртвите преку социјалните мрежи, како и дека ги дрогирале пред да бидат злоупотребени, пренесува АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Законот за Брегзит во британскиот Парламент до Божик

Британскиот премиер Борис Џонсон има намера да го врати договорот за Брегзит во парламентот пред Божик, изјави денеска заменикот-министер за финансии Риши Сунак, додавајќи дека владата потоа ќе го претстави и новиот буџет.
„Најважната работа во овој нов мандат е да се заврши Брегзит … Ние ќе ја напуштиме Европската унија за неколку недели, до крајот на јануари. Нашата намера е да го донесеме Предлог-законот за повлекување пред парламентот пред Божик“, рече Сунак за Би-Би-Си.
Говорејќи за ветувањата на премиерот Џонсон дека владата ќе го зголеми финансирањето за Националната здравствена служба на Велика Британија, Сунак рече дека Британците се согласни оти тоа е приоритет, пренесува „Ројтерс“.
Европа
Корбин се извини за поразот на лабуристите

Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин им се извини на приврзаниците заради големите загуби на неговата партија на изборите.
Тој го призна неуспехот на партијата на изборите и ја прифати својата одговорност за тоа.
„Резултатот е тежок удар за секој на кого очајнички му беше потребна вистинска промена во нашата земја. Жал ми е што потфрливме и јас ја преземам одговорноста за тоа“ напиша Корбин во отвореното писмо до „Мирор“, пренесе Би-Би-Си.
Конзервативците на премиерот Борис Џонсон осовија убедливо мнозинство на општите избори во четвртокот, и тоа е нивната најголемата победа во последните 30 години, потиснувајќи ги лабуристите дури и од нивните традиционални упоришта. Спротивно на нив, лабуристите го доживеаја најголемиот пораз од 1935 година.
Прелиминарните разговори за избор на нов лидер на партијата најверојатно ќе почнат идната недела, а Корбин својата одлука за заминување ќе ја донесе на специјална седница на почетокот на јануари.
Европа
Откриена бомба за време на реновирање на театар во Италија, евакуирани 54.000 лица

Околу 54.000 луѓе се евакуирани од италијанскиот град Бриндизи поради деактивирање на бомба во Втората светска војна, соопштија локалните власти.
Бомбата била случајно откриена за време на реновирање на театар.
Весникот „Кориере дел Сера“ објави дека операцијата за евакуација е најголемата извршена во Италија, во период на мир во земјата, при што повеќе од 60 проценти од жителите на Бриндизи мораа да ги напуштат домовите на растојание од 1.617 метри од локацијата каде е пронајдена бомбата.
Британската бомба, за која се верува дека е фрлена на градот во 1941 година, е долга еден метар и содржи 40 килограми динамит, соопштија градските власти.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија5 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде