Контакт

Свет

Осум лица загинаа во експлозија во фабрика за огномет во Индија

Објавено пред

Најмалку осум лица загинаа, а тројца беа повредени во експлозија што се случи во фабриката за огномет во северната држава Утар Прадеш, соопшти полицијата во Индија.

Покривот на фабриката беше разнесен од експлозијата, изјави полициски претставник.

Властите посочија дека спасувачката акција ќе продолжи и понатаму. Засега не се знае точниот број на повредени, ниту, пак, се знае дали има и други жртви во експлозијата.

Свет

Трамп: Би можел веднаш да го средам Авганистан, но не сакам да убијам 10 милиони луѓе

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД во последните неколку недели постигнале голем напредок во преговорите со талибанците и јасно даде до знаење дека не му е драго што американските воени сили се присутни во Авганистан, објави Си-ен-ен.

За време средбата со пакистанскиот премир Имран Кан, трамп рекол дека 18-годишната војна со Авганистан била повеќе од контролна природа, односно дека воените сили на САД делувале како полицајци, а не војници. Трамп нагласил дека доколку сакаат САД би можеле брзо да стават крај на таа војна со брутална воена сила, но дека тогаш би загинале 10 милиони луѓе.

„Ако сакам веднаш да победам во војната, Авганистан би бил избришан од лицето на земјата за најмногу десет дена. Но тоа јас не го сакам, не сакамда одам по тој пат. Ние всушност сме како полицајци. Не водиме војна. Да сакавме да војуваме и да го победиме Авганистан, ќе го освоевме за една недела. Но не сакам да убијам 10 милиони луѓе“ рекол Трамп.

Прикажи повеќе...

Свет

Рохани: Ние сме чувари на безбедноста во Персискиот Залив

Објавено пред

Иран бил и ќе биде чувар на безбедноста и слободната пловидба во Персискиот Залив, Ормутската Теснина и во Оманското Море, порача претседателот на Иран, Хасан Рохани.

Тој тоа го рекол по повод заплената на британскиот танкер од страна на иранската револуционерна гарда.

Велика Британија соопшти дека сака да оформи мисија под европско водство за надзор и заштита на бродовите во тоа подрачје.

„Иран не сака ескалација на актуелните тензии во регионот и со другите земји и никогаш нема да почне војна или некаков конфликт“ рекол Рохани, пренесе италијанската агенција АНСА.

Рохани повика на дијалог и на регионална соработка.

Прикажи повеќе...

Свет

Салвини порача дека има сè поголеми симпатии кон Борис Џонсон

Објавено пред

Заменик-премиерот и лидер на десничарската Лига во Италија, Матео Салвини, на „Твитер“ му посака на новиот британски премиер Борис Џонсон сè најдобро на новата функција.

Тој изјави дека има сè поголеми симпатии кон новиот лидер на британските конзервативци и иден премиер.

Салвини изјави дека уште повеќе го цени Џонсон откако поранешниот британски премиер Тони Блер изјави дека тој ќе биде поопасен од неговата Лига.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

Трамп: Би можел веднаш да го средам Авганистан, но не сакам да убијам 10 милиони луѓе

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД во последните неколку недели постигнале голем напредок во преговорите со талибанците и јасно...

Европа3 часа

Нов топлотен бран во Европа

Уште еден топлотен бран оваа недела ќе зафати делови од Централна и Северна Европа, со рекордни температури кои се очекува...

Македонија3 часа

Зависниците од наркотици ќе можат да примаат терапија и во Аеродром, Ченто и Психијатриската болница

Зависниците од наркотици ќе можат да примаат терапија и во поликлините во Аеродром, Ченто и Психијатриската болница. Досега околу 520...

Европа5 часа

Џонсон е новиот премиер на Велика Британија

Поранешниот британски шеф на дипломатијата, Борис Џонсон, е избран за нов претседател на Конзервативната партија, а според тоа и нов...

Македонија5 часа

(Видео) Јанева: Најодговорно тврдам дека не сум вмешана во случајот „Рекет“

Во врска со мојата наводна вмешаност во случајот „Рекет“ најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување или...

Македонија8 часа

Заев: Борисов не ме повика за Камчев

„Бугарскиот премиер Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев“, изјави премиерот, Зоран Заев во интервју...

Топ8 часа

Обвинение за сопругата која со секира го уби мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена од Скопје за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани. „Обвинетата на...

Македонија8 часа

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Македонија9 часа

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија10 часа

Села бара јавен обвинител од странство

Зијадин Села од Алијансата за Албанците објави неколку забелешки за владиниот предлог закон за Јавното обвинителство. Тој истакна дека ќе...

Македонија10 часа

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион10 часа

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија1 ден

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија1 ден

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија1 ден

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија1 ден

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија1 ден

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 ден

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет1 ден

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет1 ден

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Досие