Контакт

Свет

Откриени најмалку 60 мртви фоки на брегот на Алјаска

Објавено пред

Најмалку 60 мртви фоки се откриени на брегот на Беринговото и Чукотското Море во Северозападна Алјаска, а научниците се обидуваат да откријат што е причината за нивната смрт, соопшти Националната управа за океани и атмосфера.

Угинатите брадести, пегави и прстенести фоки се пронајдени во областа од јужниот дел на Беринговото Море до брегот на Чукотското Море над Арктичкиот Круг, се наведува во соопштението.

Свет

Црвениот крст испорача 24 тони хуманитарна помош за Венецуела

Објавено пред

Венецуела во вторникот доби 25 тони хуманитарна помош од Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), изјави министерот за здравство Карлос Алварадо, пренесува ТАСС.

„Заедно со оваа испорака, обемот на помошта обезбеден од МКЦК изнесува 48 тони. Заедно со лековите и хируршките материјали доставени од Русија и Кина, обемот на хуманитарна помош изнесува 569 тони. Ова ни помага да ја надминеме блокадата наметната од САД”, рече Алварадо.

Тој претходно истакна дека МКЦК обезбедува хуманитарна помош за Венецуела на секои две-три недели.

На 16 април, првата испорака од МКЦК пристигна во Венецуела од Панама со 24 тони хуманитарен товар. Пред тоа, Русија достави во Венецуела околу 7,5 тони лекови, медицински инструменти и опрема.

Венецуела минува низ акутна социјално-економска криза во последните неколку години, придружена со хиперинфлација и девалвација на валутата. Оваа година ситуацијата е дополнително комплицирана од ескалацијата на конфронтацијата помеѓу владата и опозицијата.

Прикажи повеќе...

Европа

Во рација во Русија уапсени финансиери на Исламска држава

Објавено пред

Во голема полициска акција досега се уапсени две лица во Русија поради финансирање на Исламска држава, соопшти рускиот истражен комитет.

Претреси биле извршени во Москва, пошороката московска област, Краснојарскиот регион, Астраханската област, Ставрополскиот регион и Дагестан.

Истрагата покажала дека од 2014 до 2017 година руски граѓани ја финансирале Исламска држава.

Жителите на Дагестан во неколку региони организирале собирање на пари преку платежни системи и банкарски картички, како и трансфер на средства на сириска територија контролирана од екстремистите.

Според истражниот комитет, притоа биле собрани околу 8 милиони рубљи, што е околу 111.700 евра, од 200 луѓе од повеќе федерални окрузи во Русија.

Двете лица кои се уапсени биле пронајдени во московскиот регион, објави „Спутник“.

Прикажи повеќе...

Регион

Наезда на комарци во Осиек, цел град мириса на аутан

Објавено пред

Жителите на Осиек се жалат на наезда на комарци, која велат дека сериозно им го загрозува здравјето. Слична појава има и во хрватскиот град Вуковар, каде жителите со сите сили се борат против инсектите кои се намножиле во огромен број.

,,Вака не може да се живее повеќе. за 34 години не сум видела ваква наезда на комарци. неможеме да излегуваме надвор. Ни остануваме единствено да седиме затворени дома, а најлошо е за децата”, раскажува Иван Згребац за хрватските медиуми, кој се жали дека за само 45 минути добил стотина убоди од комарци на неговиот грб.

Со затоплувањето и високите температури започнала и наездата на комарци, предизвикана од дождливата пролет и порастот на водостојот, што е идеален услов за разможување на комарците.

Комарецот има способност за миграција околу 70 километри. Граѓаните сметаат дека битката со инсектите е однапред изгубена, ако не се вклучат авионите за нивно уништување.

Медиумите пишуваат дека побарувачката за спрејови е огромна, а жителите на Осиек се жалат дека мирисаат на аутан и дека живеат во ,,Комарцоград”.

Децата кои се алергични на убоди на комарци буквално се заробени во нивните домови од кои неможат да излезат…Но, и таму комарците се почесто наоѓаат начин да влезат во роеви.

,,Користиме секакви средства против инсекти, ставивме и комарници, но тие сепак успеваат да влезат дома”, велат жителите на Осиек.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Седум земји членки на ЕУ гласале против отворањето преговори со Северна Македонија

Седум земји членки на Европската Унија гласале против отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија на вчерашниот Совет на министрите...

Свет2 часа

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Европа2 часа

Џонсон вети дека Британија ќе излезе од ЕУ до 31 октомври

Водечкиот кандидат за британски премиер и поранешен министер за надворешни работи, Борис Џонсон, го потврди своето ветување дека ќе ја...

Свет3 часа

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија15 часа

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет16 часа

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ18 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија18 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа20 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија22 часа

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија23 часа

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет23 часа

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион23 часа

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија1 ден

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт1 ден

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет1 ден

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет1 ден

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија1 ден

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија1 ден

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech1 ден

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Досие