Контакт

Свет

Отсуството на спасувачки бродови во Медитеранот, предупредување за зголемена смртност кај мигрантите

Објавено пред

Илјадници мигранти ризикуваат да го загубат животот на море поради прекин на бродовите за спасување од невладините организации, предупредуваат агенциите за помош. Се работи за досега најдолг период на нивно отсуство во централниот дел на Медитеранот, откако почнаа да работат на крајот од 2015 година, објави „Гардијан“.

Според информациите, од 26 август, ниту еден НВО спасувачки брод не оперирал на главните миграциски правци меѓу Северна Африка и Јужна Европа.

Антимиграциската политика од страна на владите на Малта и Италија, кои ги затворија своите пристаништа за бродовите, предизвика значително намалување на мисиите за спасување. Луѓето кои бараат азил сè уште се обидуваат преку ризичните премини да стигнат до целта.

Бројот на оние што се удавија како дел од тие што пристигнуваа во Италија значително се зголеми изминатите неколку месеци.

Според бројките на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), 2 383 мигранти загинале како резултат на бродолом во 2017 година, во споредба со 100 308 пристигнувања во Италија. Во 2018 година, со невладини бродови под притисок од малцинските и италијанските власти, бројот на жртви веќе достигнал 1 130, во споредба со само 20 319 лица кои пристигнале во земјата.

Од 10-те спасувачки бродови што работеа на Медитеранот, тројца се притворени во пристаништето Валета, Малта, во спорот околу регистрацијата на знамињата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Бројот на загинати во ураганот Флоренс порасна на 37

Објавено пред

Од

Бројот на загинати при налетот на ураганот Флоренс на источниот брег на САД се искачи на 37, а 15.000 луѓе се наоѓаат во засолништа. Околу 200 илјади граѓани останаа без струја во Северна Каролина.

Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, изјави дека сè уште се чувствуваат последиците од силната бура. „Иако повеќе нема силни дождови и сонцето полека се појавува во делови на земјава, сепак нивото на реките продолжува да расте и очекуваме нови поплави“, изјави Купер.

Тој апелира до илјадници евакуирани граѓани да бидат трпеливи и да не се враќаат во домовите.

Прикажи повеќе...

Свет

Јужноафриканската република го легализира канабисот

Објавено пред

Од

Највисокиот суд во Јужноафриканската Република ја легализира употребата на канабис за возрасни лица на приватен имот. Одлуката е донесена едногласно. Меѓутоа, јужноафриканската влада се противи на легализацијата тврдејќи дека дрогата е штетна за здравјето на луѓето.

Сè започна кога тројца корисници се соочија со судење поради употреба на марихуана. Тие тврдеа дека забраната претставува ограничување на слободата на нивниот избор и навлегува во приватниот живот.

„Ако некоја возрасна личност користи или одгледува марихуана за приватни цели, тоа нема да биде земено како прекршок“, се наведува во одлуката на судот.

Меѓутоа, она што е незаконски е користењето канабис во јавност, односно негова продажба.

Оваа пресуда е само еден потсетник за тоа дека уставот на Јужноафриканската Република е еден од најлибералните во светот, односно дека се бори за еднакви права на сите, во овој случај за право на одгледување и пушење сопствена марихуана.

Прикажи повеќе...

Свет

Премиерката на Британија одржа прием за Модната недела вo Лондон

Објавено пред

Наместо на модна писта, Тереза Меј одржа прием на Даунинг стрит, каде што познатите дизајнери ја славеа британската мода.

Главната уредничка на американскиот „Вог“, Ана Винтур, заблеска пред камерите, а сопругата на поранешниот премиер Џејмс Камерон, Саманта Камерон, на кратко повторно се врати во „стариот дом“.

На Модната недела во Лондон, чиј крај полека наближува, меѓу познатите присутни беа Алис Темперлеј, Кристофер Кејн и Моли Годар.

Премиерката со пофални зборови говореше за модната индустрија на Велика Британија, која, како што рече, придонесува со 32 милијарди фунти во економијата.

„Како што се осврнуваме кон иднината, отворено и надвор од ЕУ, би сакала да сум сигурна дека оваа индустрија и понатаму ќе носи гордост и успех“, изјави Меј.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Томевски: Поради острата миризба станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани, кои почувствувале остар мирис на влезот, по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија36 минути

(Во живо) Евакуирани станарите во зграда во Скопје, полицијата влезе внатре

Жителите од зграда на улицата ,,Кузман Јосифовски Питу” број 15 во скопската населба Аеродром, кај Мезе барот се евакуирани по...

Македонија56 минути

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија4 часа

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија4 часа

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток7 часа

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ8 часа

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија8 часа

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток9 часа

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија9 часа

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ9 часа

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток9 часа

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Вести11 час

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија11 час

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија12 часа

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура1 ден

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ1 ден

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Досие