Контакт

Европа

Официјален Берлин: Никој не побара од нас да учествуваме во нападот врз Сирија

Објавено пред

САД, Велика Британија и Франција во петокот спроведоа воздушни напади врз Сирија. Германија, како еден од сојузниците на овие три земји, не учествуваше во нападот.

Повеќе од 100 проектили беа лансирани кон Сирија. Нападот беше осуден од Дамаск и Москва, кои го нарекоа варварски, но исто така и акт на агресија врз суверена држава.

Иако се шпекулира за тоа дали Германија ќе учествува во нападот, сепак земјата не го стори тоа.

„Немаше барање Германија да учествува во воената операција“, рече портпаролот на германската влада, Штефан Зиберт.

Тој рече дека ставот на Берлин е очигледен со самото тоа што германските власти го осудиле нападот со хемиско оружје извршен од режимот на Башар ал-Асад.

Европа

Рација во Берлин против арапски клан

Објавено пред

Од

Полицијата во Берлин денеска спроведе рација против криминален арапски клан кој парите од кражби ги вложувал во недвижности и заплени 77 стана.

„Истрагата се води од 2014 година по голем грабеж во банка во Берлин кога на полицијата во очи ѝ паднаа членови на арапско семејство, кои и покрај тоа што живееле од социјална помош, купувале имот“, изјави јавниот обвинител Бернхард Микс.

Деветте милиони евра од грабежот никогаш не биле пронајдени, а истражителите веруваат дека најголемиот дел од парите е вложен во недвижности во Берлин.

Членовите на арапскиот клан се осомничени и дека се вмешани во кражбата на златникот „мејпл лиф“ тежок 100 килограми од берлинскиот музеј „Боде“. Златникот никогаш не е пронајден.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Помошник на Макрон тепал демонстранти на Денот на трудот

Објавено пред

Од

Помошник на францускиот претседател е испратен на принуден одмор во траење од две недели откако во мај годинава бил забележан како тепа демонстранти во Париз, изјави портпаролот на канцеларијата на претседателот.

Секоја година на меѓународниот Ден на трудот синдикатите во Франција организираат протести кои често завршуваат со големи нереди и полициски интервенции.

На социјалните мрежи неодамна се прошири видео на кое човек со полициски шлем заедно со други полицајци ги удираат демонстрантите. Подоцна, откриено е дека тој бил Александре Бенала, член на претседателскиот кабинет.

„На Бенала му беше дозволено да присуствува на протестот како набљудувач“, рече портпаролот на претседателот, Бруно Рожер Пети.

„Очигледно е дека претерал… Шефот на кабинетот веднаш му изрече суспензија од 15 дена, како казна за неприфатливото однесување“, објаснил портпаролот.

„Ројтерс“  дознава од судски извори дека канцеларијата на обвинителот, откако била информирана за инцидентот, почнала истрага во четвртокот. Неколку лидери на опозицијата ја критикуваа казната за Бенала со оброзложение дека е премногу блага.

„Видеото е шокантно. Создава чувство како луѓето на Макрон да се над законот. Претседателот треба да се изјасни за случајот што е можно поскоро“, рече лидерот на конзервативната Републиканска партија.

Прикажи повеќе...

Европа

Откриени напаѓачите на Сергеј Скрипал и неговата ќерка

Објавено пред

Од

Британските истражители соопштија дека ги откриле осомничените напаѓачи кои стојат зад нападот со новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Тие беа отруени во март во Англија, поради што беа хоспитализирани, но и двајцата закрепнаа.

Британската полиција се сомнева дека повеќе Руси се вмешани во обидот за убиство на Скрипалови и трагаат за повеќе од еден осомничен, наведува АП. Истражителите ги идентификувале осомничените на снимките од надзорните камери и ги споредиле добиените податоци со податоците за лицата кои во тоа време влегле во земјата.

Изминатите недели британската антитерористичка полиција го истражувала и убиството на жената која почина на 8 јули, една недела откако беше изложена на новичок во близина на англискиот град Солсбери, каде што беа отруени и Скрипалови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик, односно за новиот модел на избор на ДИК, кој попладнево беше...

Македонија8 часа

Власта бескомпромисна за амнестијата, од опозицијата велат дека не ни разговараат за тоа

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба рече дека нема да има амнестија ниту директна ниту индиректна. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Македонија8 часа

(Видео) Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача Мицкоски

Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но не одговори што мисли за референдумското прашање...

Македонија9 часа

(Видео) Заев: Броени се деновите до референдумот, решение за ДИК на следната лидерска средба

Разговорите на политичките лидери ќе продолжат в недела навечер или понеделник наутро. Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува на следната...

Македонија9 часа

(Видео) Ахмети: Очекувам решение во наредните денови

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по лидерската средба, рече дека постојат разлики меѓу партиите и дека очекува храброст од сите...

Македонија9 часа

(Видео) Касами: Државата е во критична состојба

Беса цени дека државата е во критична состојба и во сериозна позиција за да продолжи со процесот за евроинтеграции, изјави...

Топ9 часа

Обвинение за три лица што тргувале со малолетничка и сексуално ја искористувале

Основното јавно обвинителство денеска до надлежен суд поднесе обвинение против еднa жена за сторено кривично дело трговија со дете, а...

Топ10 часа

Власта бара гаранции за успешен референдум, опозицијата реагира дека дошле неспремни на лидерска

По повеќе од два часа разговори, нема приближување на ставовите меѓу лидерите на партиите околу референдумот. Според неофицијалните информации што...

sovetnicka, vlada, dolg sovetnicka, vlada, dolg
Македонија11 час

(Видео) Советничка на Заев стопирала наплаќање долг кон приватна фирма, сопствениците ќе останат на улица

Петнаесет лица, сопственици на кумановската фирма „Кридеа“, стравуваат дека ќе станат  бездомници бидејќи испорачувале услуги за државната фирма „Економија Идризово“,...

Македонија12 часа

Власта и опозицијата едногласни – пратениците ја изгласаа Декларацијата за членство во НАТО

Со 76 гласа „за“, без „воздржани“ и „против“, пратениците ја изгласаа Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија...

Македонија13 часа

(Видео) Четворицата лидери пристигнаа на средбата во Клубот на пратеници

Во Клубот на пратеници почна лидерската средба, во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца од власта. На средбата учествуваат...

Македонија13 часа

Нема фер пристап на референдумот ако цензусот се книжи како „против“

Поважно од карактерот на референдумот е фактот дали политичките партии ќе ги почитуваат резултатите, велат експретседателот на Собранието, Стојан Андов,...

Македонија14 часа

Села нема покана, Касами доаѓа на лидерска

Денешната лидерска средба, која е закажана за напладне, треба да се одржи во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца...

Македонија15 часа

Советот за етика бара Владата да го испита инцидентот со фоторепортерите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) очекува од Владата на Република Македонија да го разгледа вчерашниот случај во...

Свет15 часа

(Видео) Трамп: Путин е на чело на државата затоа е виновен за мешањето во изборите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во интервју за „Си-Би-Ес ивнинг њуз“ изјавил дека е точно дека Русија се мешала во претседателските...

Регион15 часа

Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи за неколку недели

По средбата во Брисел, претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се согласиле да го обноват дијалогот...

Свет15 часа

Момчињата јавно зборуваа за времето минато во пештерата, пиеле дождовница и се молеле за да избегнат негативни мисли

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои од тајландската пештера беа спасени од страна на спасувачки тимови на вчерашната прес-конференцијата...

Европа16 часа

Откриени напаѓачите на Сергеј Скрипал и неговата ќерка

Британските истражители соопштија дека ги откриле осомничените напаѓачи кои стојат зад нападот со новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал...

Македонија1 ден

Заев: СПМ остана до крајот на средбата, таа е за ЕУ и НАТО

СПМ остана до крајот на лидерската средба, таа, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е за ЕУ и НАТО, изјави премиерот Заев...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот со Грција?

По завршувањето на лидерската средба, на која присуствуваа претставници на политичките партии за договарање на деталите за референдумот, премиерот и...

Досие