Свет
Пакистанскиот премиер ги поддржува жителите на индискиот дел од Кашмир

Пакистанскиот премиер Имран Кан денес им порача на жителите на делот од Кашмир под контрола на Индија дека ја поддржува нивната борба за самоопределување.
Во изјавата за Денот на независноста на Пакистан тој ја осуди одлуката на Њу Делхи да ја укине автономијата за својот дел од Кашмир.
Кан го одбележува празникот во пакистанскиот дел од Кашмир за да изрази солидарност со луѓето од тој немирен регион на индиската страна.
Како што беше најавено, во говорот пред парламетот тој ќе го осуди кршењето на човековите права од другата страна на границата.
Индија се стекна со независност од Велика Британија во 1947 година, а под притисок од муслиманската лига беше решено да се создадат две држави: Индија и Пакистан.
Следната година се случи првата од двете војни меѓу двете држави за контрола на Кашмир.
Војната заврши со поделбата на тој регион, иако обете страни полагаат право на целата територија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Разбојници барале 250.000 евра за Македонец киднапиран во Тирана, го спасила полицијата

Две лица се уапсени во Албанија под обвинение дека во главниот град Тирана, вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин.
Според информациите од албанските медиуми, киднаперите барале 250 илјади евра.
Во рамки на полициската акција, уапсени биле двајца жители на Тирана на возраст од 41 и 42 години, а како што се пренесува, од слобода ќе се брани 50-годишник од Струга.
На уапсените им е одредена мерка притвор.
„Тројцата осомничени во соработка со уште едно лице, во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана, го киднапирале македонскиот државјанин Давор В. (23). За да го ослободат, под закана со оружје, барале сума од 250.000 евра“, стои во полициското соопштение за настанот, кое го пренесуваат албанските медиуми.
Регион
Инциденти на влезот од српското Собрание

Повеќе демонстранти кои учествуваа на вечерашниот опозициски протест „1 од 5 милиони“ во Белград, се пробија до влезната врата на српското Собрание на плоштадот „Никола Пашиќ“, пренесе агенцијата „Танјуг“.
Притоа дошло до туркање меѓу демонстрантите и обезбедувањето, кога еден демонстрант се обиел да го скрши стаклото на влезните врати со јарбол од знаме, но бил спречен во намерата.
Меѓу демонстрантите пред вратите на Собранието бил и претседателот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ.
Во Белград вечерва се одружува уште еден протест „1 од 5 милиони“, прв во втората година откако започнаа протестите.
Протестите во Србија под овој слоган започнаа есента 2018 година, по инцидентот во кој беше претепан лидерот на Левицата во Србија, Борко Стефановиќ.
Според нивната стратешка цел и организација, тие се индиректно продолжување на „протестите против диктатурата“ од 2017 година и се насочени против начинот на кој српскиот претседател, Александар Вучиќ, ја спроведува власта.
Свет
Во гранатирање на Идлиб загинаа 19 цивили

Вкупно 19 цивили, меѓу кои осум деца, загинаа денеска во воздушни напади на сириските сили во провинцијата Идлиб, која е под контрола на џихадистите, соопшти опозицискиот Сириски центар за мониторинг на човековите права.
Во својот прв извештај Сирискиот центар наведе дека загинале 12 цивили, од кои шест деца.
Кон крајот на август во Идлиб е прогласено примирје, но Сирискиот центар, со седиште во Лондон, продолжува да пренесува информации за судири и воздушни напади, во кои оттогаш се убиени повеќе десетици луѓе.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци