Свет
Пакистанскиот суд ја ослободи Азија Биби, осудена на смрт поради богохулење

Врховниот суд на Пакистан ја ослободи христијанката Азија Биби, осудена на смрт поради богохулење во 2010 година, чиј случај предизвика згрозување во светот и насилство во земјата.
„Таа е ослободена од сите обвиненија”, рече судијата Сакис Нисар во изрекувањето на пресудата, додавајќи дека Биби, која во моментов е во затворот во Мултан, „веднаш” ќе биде ослободена.
Во пракса, ослободувањето на Биби може да потрае неколку дена поради бирократска процедура, рече адвокатот.
Пресудата веќе предизвика гнев на фундаменталистичките религиозни кругови, кои долго време бараат погубување на Азија Биби.
Азија Биби, мајка на пет деца, беше осудена на смрт откако се расправаше со муслиманка околу чаша вода.
Нејзиниот случај имаше меѓународен одек и го привлече вниманието на папата Бенедикт Шеснаесетти и Франциск.
Тврдокорната исламистичка партија ТЛП повика на смрт на судијата на Врховниот суд и на двајца други судии кои ја поништија смртната казна на Азија Биби.
Партијата започна улични протести во големите градови со блокирање на улиците за да ја осуди ослободителната пресуда, која ја поздравија активистите за човекови права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Tрамп ќе стави вето на резолуцијата за блокада на вонредната состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека ќе стави вето на резолуцијата која би го блокирала неговото прогласување на вонредна состојба. Доколку тоа се случи, за изгласување на резолуцијата ќе биде потребно двотретинско мнозинство во двата дома.
Трамп пред новинарите подвлече и дека неговата одлука за задржување на помал број на американски сили во Сирија не е противречена со изјавата од декември во која вети повлекување на 2.000 војници кои служат во земјата.
Што се однесува до американските сили во Јужна Кореја, Трамп изјави дека нивното намалување нема да биде една од темите на претстојните разговори со севернокорејскиот лидер, Ким-Џонг ун.
Свет
(Видео) Пожар во конзеваториумот „Чајковски“ во Москва

Утрово се запали зградата за државниот конзерваторум „Чајковски“ во Москва. Според информациите на медиумите, нема повредени.
Пожарот започнал на третитот кат на зградата, во центарот на рускиот главен град.
Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.
Регион
„Франкфуртер Рундшау“: ЕУ и САД договорија поделба на Косово

ЕУ и САД го усогласија текстот на договорот за решевање на косовското прашање што предвидува поделба на Косово и размена на територии меѓу Белград и Приштина, пишува германскиот весник „Франкфуртер Рундшау“.
Според весникот, документот насловен Договор за нормализација на односите би требало да биде потпишан од страна на високи претставници на Србија и Косово на 12 јуни во Вашингтон, а би стапил на сила шест месеци по потпишувањето.
„Франкфуртер Рундшау“ наведува дека со договорот кон Србија би се приклучил северниот дел на Косово, а кон Косово би биле „припоени местата во Србија кои претежно се населени со Албанци“.
Според весникот, Косовска Митровица би добила „специјален статус“, Газивода и Трепча „би биле приватизирани на 99 години и ставени под управа на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН“, додека Коридорот 10 во јужна Србија „би бил ставен под меѓународна заштита“.
„Франкфуртер Рундшау“ посочува дека Белград и Приштина се изложени на притисок кој постојано расте за да го прифатат ваквиот договор.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа