Контакт

Европа

Папата повика на молитва за жртвите од експлозијата во Бејрут

Објавено пред

Папата Франциско ги повика верниците да се молат за жртвите од стравотната експлозија во Бејрут, во која најмалку стотина луѓе го загубија животот, а повеќе од 4.000 беа повредени, како и за нивните семејства.

„Да се ​​молиме за жртвите и семејствата на жртвите од експлозијата во Бејрут. Исто така, да се молиме за Либан со помош на социјална, политичка и верска посветеност да ги надмине овие крајно трагични и болни моменти“, напиша тој на својот профил на „Твитер“.

Трагедијата се случи кога околу 2.750 тони амониумнитрат складирани во пристаништето во Бејрут експлодира поради несоодветно чување. Експлозијата предизвика голема материјална штета, а се почувствува на оддалеченост од 10 километри.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Бајден го повика Џонсон да го почитува мировниот договор со Северна Ирска

Објавено пред

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден, ја предупреди Велика Британија дека мора да го почитува мировниот договор со Северна Ирска, бидејќи во спротивно нема да има договор за трговија со САД.

„Не можеме да дозволиме Договорот на Велипеток што донесе мир во Северна Ирска да биде жртва на брегзит“, порача Бајден на „Твитер“.

„Секој трговски договор меѓу САД и Велика Британија ќе биде возможен со почитување на Договорот на Велипеток и спречување на враќање на тврдата граница. Точка.“

Премиерот Борис Џонсон минатата недела го претстави предлог-законот со кој се укинуваат делови од брегзит поврзани со Северна Ирска и ја обвини ЕУ дека во трговските разговори става револвер на маса и се обидува да предизвика поделби во Велика Британија.

Бајден го постираше писмото од Елиот Енгел, претседател на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом, во кое го повикува Џонсон да се придржува кон Договорот на Велипеток од 1998 година.

Енгел го повика Џонсон да се откаже од сите законски контроверзни и неправедни обиди за отстранување на протоколот за Северна Ирска од договорот за повлекување.

Тој исто така го повика Џонсон да обезбеди дека преговорите за брегзит не ги поткопуваат децениските напори за воспоставување мир во Северна Ирска и идните билатерални односи меѓу двете земји.

Прикажи повеќе...

Европа

Германија се извини за поранешната дискриминација на хомосексуалците во војската

Објавено пред

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер се извини за дискриминацијата на хомосексуалците кои служеле војска до промената на политиката во 2000 година.

Во студијата нарачана од Министерството за одбрана документирана е „систематската дискриминација“ во германската армија од 1955 година до почетокот на новиот милениум, и тоа во војската на поранешна Западна Германија и во војската на повторно обединетата Германија од 1990 година.

„Длабоко жалам за практиката на дискриминација на хомосексуалците во Бундесверот, што беше политика на тоа време“, изјави министерката за одбрана.

„Им се извинувам на оние кои страдаа поради тоа“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Европа

Велика Британија има проблем со тестирањето на граѓаните

Објавено пред

Британскиот министер за здравство, Едвард Аргар, предупреди на тешкотиите при спроведувањето на тестовите за Ковид-19 во Велика Британија и повика на почитување на мерките со цел да се избегне ново затворање на земјата.

Велика Британија се соочува со тешкотии во спроведувањето тестови на Ковид-19 поради недостиг на лабораториски капацитет, додаде министерот Едвард Аргар.

„Капацитетот на лабораторијата е еден од тесните грла или еден од предизвиците за значително зголемување на тој капацитет“, изјави Аргар за „Скај њуз“, пренесува „Ројтерс“.

Велика Британија може да избегне понатамошни локални ограничувања и уште едно национално заклучување со придржување кон правилата, како што се состаноци во групи до шест лица, изјави Аргар.

„Пораката е многу јасна ако се држиме до тоа (правилото шест), ако се држиме до упатствата за рацете, лицето и растојанието, можеме да избегнеме понатамошни локални ограничувања, можеме да избегнеме понатамошни национални ограничувања“, изјави Аргар за Би-би-си.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Влада: Потребата на родителите да не одат на работа е беспредметна

Обезбедена е целосна грижа и доволно места за децата во градинките, единствен логичен чекор е родителите да се вратат на...

Македонија57 минути

Целиот тим на ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 во изолација поради коронавирус

Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира целокупната спортска јавноста и надлежните институции дека по натпреварот од второто коло на...

Македонија2 часа

(Видео) Ќе се гради пругата кон Бугарија

Новиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, најави изградба на пруга на Коридорот 8, односно пругата до Бугарија. Тој...

Македонија3 часа

Засилени контроли во Скопје – за еден ден казнети 379 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Регион3 часа

Нова одлука во Србија – сите што се враќаат во земјата мора да се пријават во здравствениот систем

Од утре, од 18 часот, во Србија стапува во сила нова одлука – сите државјани на Србија што ќе се...

Свет3 часа

Се затвора џамијата „Ал-Акса“ во Ерусалим поради коронавирусот

Третото најсвето исламско место во светот, ерусалимската џамија „Ал-Акса“ во Израел, од петок ќе биде затворена поради зголемување на бројот...

Свет4 часа

Трамп го нарече докторот збунет, а тој му одговори: Маската ме штити повеќе од вакцина

Дури и ако вакцината против коронавирусот е одобрена во наредните недели, тешко дека ќе биде широко достапна за јавноста до...

Свет5 часа

Богатите земји откупиле повеќе од половина од потенцијалната вакцина против коронавирус

Богатите нации, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Јапонија, веќе откупија повеќе од половина од дозите на потенцијалната вакцина против...

Свет5 часа

СЗО: Дури во 2022 година светот може да размислува за враќање на животот пред Ковид-19

Дури во 2022 година светот може да почне да размислува за враќање на животот пред Ковид-19, рече д-р Соумја Сваминатан,...

Свет17 часа

Брејвик побара условно ослободување

Масовниот убиец Андерс Брејвик побара условно пуштање на слобода, изјави денеска неговиот адвокат Оејстеин Сторвик, за норвешкиот дневник „ВГ“. Брејвик...

Свет18 часа

Границите на Унгарија остануваат затворени

Унгарските граници остануваат затворени, а маските за лице задолжителни во кината, театрите и социјалните институции, со цел спречување на ширењето...

Свет18 часа

(Видео) Полицаец во САД застрелан од автомобил – пред два дена беа застрелани и други двајца

Американски сојузен полицаец е застрелан пред судницата во Феникс, Аризона, во напад од автомобил, пренесуваат американските медиуми. Офицерот го преживеал...

Македонија21 час

Нови 163 заболени и седум починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија23 часа

(Видео) Заев на средба со грчката претседателка: Подготвени сме за интензивирање на соработката во согласност со договорот од Преспа

Премиерот Зоран Заев, во рамките на дводневната работна посета на Грција, денеска оствари средба со претседателката на Република Грција, Катерина...

Македонија23 часа

Обвинителството ќе го проверува предизборното рекламирање на политичките партии

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција издаде наредба за проверка на фирми што во...

Македонија1 ден

Турканици во ЈСП, ги снема налепниците за заштита од Ковид-19

Автобусите на ЈСП утрово се преполни. Патниците не само што не седат преку едно столче туку едвај наоѓаат место и...

Македонија1 ден

МОН ги повикува учениците да смислат име и лого за Националната платформа за онлајн-учење

Министерството за образование и наука објави јавен повик за избор на идејно решение за лого, насловна фотографија и официјален назив...

Македонија1 ден

(Видео) Апасиев: Му се закануваат на моето семејство

Лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, вели дека добива закани за него и за неговото семејство по пишувањето на фејсбук-статусите за...

Регион1 ден

По две недели од почетокот на наставата во Србија, 52 ученици заболеле од Ковид-19

Во првите две недели од почетокот на наставата во основните и средните училишта во Србијам вкупно 52 ученици и 20...

Европа1 ден

(Видео) Голем пожар во италијанско пристаниште, изгореа неколку складишта

Голем пожар избувна синоќа во близина на пристаништето Анкона, италијански град на јадранскиот брег. Огромен чад и оган можеле да...

Досие