Свет
Папата присуствуваше на традиционалната вечерна миса, но не ја предводеше

Папата Франциско присуствуваше на вечерната богослужба во базиликата „Свети Петар“ во петокот пофалувајќи ги сите што одговорно и солидарно одговорија на пандемијата на Ковид-19, а не со став „секој за себе“.
Папата не ја водеше мисата како што се очекуваше, туку должноста му ја препушти на ватиканскиот кардинал. Ватикан не објасни зошто се чини дошло до промена во последен момент бидејќи на програмата пишувало дека мисата ќе ја води Франциско.
Но, светиот отец влегол во црквата без помош и изгледал добро. Тој седеше за поголемиот дел од мисата.
Подоцна без мака излезе на подиумот и ја прочита својата проповед. Минатата година Френциско беше принуден да ја прескокне мисата поради ишијалгијата, која му предизвика болка во ногата.
И оваа година, ако ја предводеше мисата, папата ќе требаше да застане, да клекне и да држи тежок златен сад со причести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Унгарија мнозинството од гласачите се уште го поддржува Орбан

Во Унгарија, огромното мнозинство гласачи сè уште го поддржува премиерот Виктор Орбан. Ова се резултатите од новото истражување спроведено од Центарот за фундаментални права.
Според истражувањето, 58 отсто од гласачите се за Орбан во споредба со 18 отсто од оние кои го претпочитаат неговиот поранешен противник Питер Марчи-Заја.
Во извештајот на центарот се наведува дека Орбан има поголема поддршка во сите општествени групи отколку неговиот поранешен предизвикувач.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Бахмут: уништени згради и улици преполни со проектили

Андреј Јермак, шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на својот Твитер профил објави видео од Бахмут, на кое се гледа степенот на уништување во градот кој со месеци е под руски напад.
Видеото покажува уништени згради и улици преполни со проектили, а повеќе личи на постапокалиптичен филм отколку на град во кој живееле повеќе од 70.000 луѓе.
#ФортецяБахмут 🇺🇦 pic.twitter.com/WZdDZOb7xJ
— Andriy Yermak (@AndriyYermak) March 30, 2023
Русија од летото 2022 година се обидува да го освои украинскиот град Бахмут во регионот на Доњецк, а нападите особено се интензивираа оваа година. Руските трупи контролираат околу 65 отсто од градот, но украинската армија продолжува да дава жесток отпор.
Свет
Судот во Њујорк го очекува Доналд Трамп

Доналд Трамп во вторник треба да се појави пред судот во Њујорк. Ова е првпат во историјата поранешен претседател на САД да биде кривично гонет.
Големата порота која го обвини Трамп ги разгледа деталите за наводната исплата на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс за време на претседателската кампања во 2016 година.
Во судот Трамп ќе биде фотографиран, ќе даде отпечаток од прст како и секој друг обвинет, иако ќе биде заштитен од Тајната служба поради неговиот статус на поранешен претседател.
Трамп претходно рече дека ова е политички прогон и мешање во изборите на највисоко ниво во историјата.