Контакт

Свет

Папата се ракуваше со верниците во Ватикан, а тие носеа маски

Објавено пред

Ватикан продолжува со плановите на папата Франциск по повод одбележувањето на „пепелава среда“ или првиот ден од велигденскиот пост, иако мисите во другите делови на Италија се откажани поради коронавирусот.

Папата Франциск на плоштадот Свети Петар во Ватикан упати молитви за жртвите на коронавирусот и медицинскиот персонал што ги лекува.

Илјадници насобрани верници носеа заштитни маски, а папата бакна едно дете додека поминуваше низ плоштадот во својот папамобил и се ракуваше со верниците кои седеа во првиот ред.

„Уште еднаш сакам да изразам блискост со оние кои страдаат од коронавирус и со здравствените работници кои ги лекуваат, како и цивилните власти и сите кои помагаат на пациентите во спречување на заразата“ рекол папата.

Мерките за заштита се преземени и во другите католички земји, па така на Филипини свештениците посипале пепел по главните верници, наместо да ставаат знак на крст на чело, додека во Венеција е откажана мисата во црквата Свети Марко.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Над 10.000 лица се заразени со коронавирус во Русија

Објавено пред

Русија бележи рекордно зголемување на бројот на заболени со коронавирус во последните 24 часа, при што повеќе од 10.000 лица официјално се заболени, еден ден откако претседателот Владимир Путин кажа дека следната недела ќе биде пресудна во борбата против ширењето на вирусот.

Бројот на потврдени заразени лица е зголемен за 1.459, а уште 13 се починати. Вкупниот број на починати во Русија досега изнесува 76 лица.

Москва, најтешко погодениот регион и многу други региони, се во делумна изолација веќе втора недела.  На граѓаните им е наложено да останат дома и да излегуваат само за да купат храна или да одат на лекар, доколку е итно.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Во САД 17 милиони луѓе останаа без работа

Објавено пред

Владата на САД објави дека минатата недела без работа останале 6,6 милиони луѓе, со што досега околу 17 милиони луѓе ги загубиле своите работни места од почетокот на кризата со коронавирусот во САД.

Ова е речиси идентично со претходната недела, кога 6,9 милиони луѓе останаа невработени.

До почетокот на кризата, невработеноста во САД беше на рекордно ниско ниво од 3,5 проценти, а сега достигна десет проценти.

Прикажи повеќе...

Регион

Состојба во регионот – Во Србија најмногу заболени од Ковид-19, во Црна Гора најмалку

Објавено пред

Од земјите во регионот, во Србија се потврдени најголем број случаи на коронавирус, додека во Црна Гора најмалку.

Бројот на заболени од коронавирус во Србија се искачи на 2.867. Во последните 24 часа потврдени се 201 нов случај од 2.867 тестирани. Од вирусот регистрирани се 66 смртни случаи, а околу 75.000 луѓе се во самоизолација. Просечната возраст на починатите е 64, 6 години.

До 8 април се тестирани 12.374 луѓе. Најголем број заболени има во Белград. Во Србија хоспитализирани се 1.891 пациент.

Во Хрватска за 24 часа се потврдени 64 нови заразени, 40 лица оздравеле, а едно лице починало од коронавирус. Вкупниот број на потврдени случаи е 1.407. Вкупно се направени 13.680 тестови, а во последните 24 часа 555.

Последната жртва е повозрасен маж кој имал други болести. Во Хрватска починаа вкупно 20 луѓе од Ковид-19. Вкупно закрепнале 219 луѓе. Хопитализирани се 326 пациенти.

Во Црна Гора во последните 24 часа се регистрирани три нови случаи, со што вкупниот број се искачи на 252.

Во Босна и Херцеговина се регистрирани 842 случаи на Ковид-19, а бројот на починати е 35.

Во Словенија потврдени се 1.091 случај, 40 смртни случаи, а тестирани се 29.455 луѓе.

Во Албанија се регистрирани 17 нови случаи, а вкупниот број на заболени достигна 400. Починале 22 лица, а излекувани се 154.

Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани 30 нови случаи на заболени од Ковид-19, а вкупниот број е 611. Излекувани се 48 лица, а починале 24 пациенти. Просечната возраст на починатите е 62 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Филипче: Следната недела почнуваат подготовки за олабавување на мерките за движење

Следната недела ќе почнат подготовки за олабавување на мерките за рестрикции на движењето и враќање на животот во нормала, извести...

Македонија55 минути

Мајка и бебе од Кочани позитивни на коронавирус примени на Инфективната клиника

Мајка и нејзиното четиримесечно бебе од Кочани се примени на Инфективната клиника, откако биле утврдени дека се позитивни на коронавирусот,...

Македонија1 час

Притвореник кој вчера починал во скопскиот затвор позитивен на Ковид-19

Притвореник во истражниот затвор во Шуто Оризари вчера починал од срцев удар, а по извршената обдукција било утврдено дека тој...

Македонија1 час

Откриен случај на болеста њукастел во земјава, АХВ најави засилени мерки

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за воведување заштитни, контролни и дополнителни мерки, со цел контрола и спречување на...

Економија3 часа

Светска банка прогнозира рецесија од -0,4 до најмногу -2 отсто годинава

Економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани и тоа во најоптимистичкото сценарио што го...

Македонија3 часа

Нови 46 случаи на коронавирус, прв случај во Пробиштип

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје...

Европа5 часа

Данска идната недела ги отвора училиштата и градинките

Данската премиерка, Мете Фредриксен, најави дека државата ќе ги отвори градинките и основните училишта за првите пет одделенија од следната...

Македонија6 часа

Донирани околу еден милион евра на сметката на Министерството за здравство

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации за борбата со коронавирусот до сега се пристигнати  средства во висина...

Свет7 часа

Кина презема нови мерки поради страв од нов бран на вирусот како резултат на асимптоматски случаи

Кина, во која помина епидемијата на коронавирусот, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вируси да предизвикаат...

Економија7 часа

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет8 часа

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“,...

Регион8 часа

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет8 часа

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа11 час

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија20 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа22 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа22 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија22 часа

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија23 часа

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија1 ден

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Досие