Свет
Папата Франциско: Солидарноста сега ни е најпотребна

Во божикното обраќање папата Франциско му порача на човештвото дека сега му е најпотребна солидарност и ги повика државите да ја споделат вакцината против коронавирусот нагласувајќи дека не може да се градат sидови на национализам за да се запре пандемијата што не познава граници.
Како знак на новото време, папата својата традиционална порака до градот и светот, „Урби ет Орби“, не ја изговори од балконот на базиликата „Св. Петар“ пред десетици илјади верници, туку виртуелно од палатата, јавуваат светските агенции.
Пандемијата и нејзините социјални и економски последици доминираа во неговото обраќање во кое тој повика на глобално единство и помош на нациите што страдаат од конфликти и хуманитарни кризи.
„Божјиот син нека го обнови духот на меѓународната соработка меѓу политичките и владините лидери почнувајќи од здравствената заштита, така што на сите ќе им се овозможи пристап до вакцини и третман. Соочени со предизвици што не познаваат граници не можеме да градиме sидови. Сите сме во ист брод“, рече папата.
Во своето традиционално божикно обраќање папата Франциско рече дека на светот му треба братство во време на пандемија.
„Во овој историски момент, обележан со еколошка криза и сериозна економска и социјална нерамнотежа, влошена од пандемијата на коронавирусот, најважно е да се признаеме едни со други како браќа и сестри“, рече аргентинскиот поглавар на Католичката црква.
Тој повика на конкретна братска солидарност што ги надминува семејството, етничката припадност, религијата, јазикот и културата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Проштална порака на Меланија Трамп: Беше чест да им служам на Американците

Првата дама на САД, Меланија Трамп, која утре ќе ја напушти Белата куќа заедно со претседателот Доналд Трамп кому му истекува претседателскиот мандат, со порака и се обрати на американската нација.
Таа вели дека најголемата чест во нејзиниот живот е што била прва дама на САД.
„Ме инспирираа неверојатните Американци ширум нашата земја кои ги градеа нашите заедници со својата љубезност и храброст, со добрина и грациозност. Изминатите четири години беа незаборавни. Сега кога Доналд и јас го завршуваме времето во Белата куќа, мислам на сите луѓе што ги примив во моето срце и на нивните неверојатни приказни за љубов, патриотизам и решителност“, вели Меланија.
Таа наведе и дека нејзината страст за помагање била двигателот за нејзината политичка иницијатива како прва дама.
Свет
Истражување: Една третина од излекуваните од коронавирус повторно се разболуваат

Една третина од луѓето кои се лекувале од коронавирус по пет месеци морале повторно да бидат згрижени во болница, според студија на британскиот универзитет Лестер.
Од 47.780 лица кои биле отпуштени од болница во Велика Британија, 29,4 проценти морале да се вратат во болницата по 140 дена. Од таа бројка, 13,3 проценти починале. Многу луѓе кои имале долгорочно дејство на коронавирусот, имаат здравствени проблеми со срцето, дијабетесот, црниот дроб и бубрезите, покажа истражувањето.
Авторот на студијата Камлеш Кунти смета дека е потребно да се обезбеди следење на пациентите за време и по третманот.
Кунти, кој е експерт за третман на дијабетес и васкуларна медицина, вели дека постои многу поголема можност оние кои биле лекувани од коронавирус повторно да бидат примени во болница, во споредба со оние кои имале други здравствени проблеми. Тој посочи дека има многу кои повторно биле примени во болница, но со некои нови дијагнози. Затоа, тој ја забележа важноста на соодветната терапија. Меѓу оние кои повторно побарале медицинска помош откако се лекувале од коронавирус биле луѓе кои имаат проблем со дијабетес или срцеви заболувања, пренесува Њујорк Тајмс.
Свет
СЗО: Во Израел над 20 проценти се вакцинирани, а Палестинците не примиле ниту една вакцина

Светската здравствена организација (СЗО) изрази загриженост за нееднаквоста во дистрибуцијата на вакцини за коронавирус во Израел.
Оттука соопштија дека во земјата повеќе од 20 проценти од населението е вакцинирано, додека Палестинците се уште не примиле вакцини на окупираните територии.
„Имаме голем број грижи во врска со јавното здравје и еднаквост поради оваа нееднаква дистрибуција на вакцини или нееднаков пристап до вакцините“, рече Гералд Рокеншауб, шеф на Канцеларијата на СЗО за палестинските територии.
СЗО разговара со Израелците на повисоки нивоа и се обидува да истражи дали Израел би можел да размисли за давање вакцини на Палестинците, додавајќи дека здравствените работници ќе бидат во првите редови во тој случај. Израел тврди дека населението на земјата, вклучувајќи ги и арапските граѓани, е приоритет, „но дека во одреден момент би можел да размисли за споделување на своите залихи“.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира