Регион
„Парада на гордоста“ на 24 јуни во Белград
„Парада на гордоста“ ќе се одржи в сабота, 24 јуни, во Белград, во организација на здруженијата „Егал“, „Лауд енд Квир“ и „Геј лезбијски инфо-центар“.
„Овогодишната парада ќе биде организирана во светло на зголеменото насилство со коe се соочува ЛГБТ заедницата“, наведуваат организаторите.
Тие со парадата сакаат да укажат дека ЛГБТ заедницата пред сè е родово и малцинско прашање и дека застапуваат рамноправност и на мажите и на жените, како и дека истовремено гласно се противат на секакво кршење на човековите права на припадниците и припадничките на чувствителните општествени групи.
„Токму затоа в сабота гордо ќе прошетаме. Затоа што сме граѓани и граѓанки на кои Уставот и законите им гарантираат сигурност и рамноправност“, се наведува во соопштението.
Претставниците на ЛГБТ заедницата велат дека парадата ќе биде форма на протест за да укажат дека ЛГБТ заедницата и понатаму е маргинализирана и дека нејзините припадници често се жртви на насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Албанија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 20 часот и 11 минути во Албанија.
Потресот се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Регион
Aлбанија лани ја посетиле рекорден број туристи
Над 11,7 милиони странски туристи ја посетиле Албанија во 2024 година, за 15,2 отсто повеќе од 2023 година, соопшти албанската министерка за туризам Мирела Кумбаро.
Таа на Фејсбук напиша дека, покрај зголемувањето на пристигнувањето туристи од земјите во регионот, Албанија во 2024 година го потврди растот и стабилноста на туристичкиот пазар на гости Италија, Германија, Франција и Обединетото Кралство, како и проширување на картата на далечните азиски и американски пазари.
Приходите од туризмот во првите девет месеци од минатата година достигнале над 3,8 милијарди евра, што е резултат на подобрувањето на стандардите на сместувачките структури.
Регион
Земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 17 часот и 37 минути во областа на Крит, најголемиот остров во Грција.
Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од околу еден километар под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.