Контакт

Европа

Париз ќе бара помош од Москва за Нотр Дам

Објавено пред

На Франција можеби ќе ѝ биде потребна стручна помош од Русија во обновата на катедралата Нотр Дам, која изгоре во април, изјави амбасадорката на земјата во Москва.

„Пред сè сакам да ѝ се заблагодарам на Русија што изрази загриженост за овој трагичен пожар. Ние формиравме агенција во Париз која работи на реставрација на катедралата Нотр Дам и таа ќе ја контактира Москва. Тие ќе утврдат каква стручна помош ни е потребна. Ние сме подготвени да повикаме експерти во Париз“, рече Силви Берман, пренесува ТАСС.

Познатата катедрала од 12. век делумно изгоре во голем пожар на 15 април. Кулата и голем дел од покривот беа уништени, додека остатокот од зградата како и уметничките дела и реликвии беа зачувани.

Причините за пожарот не се познати. Постои сомнение дека бил предизвикан или од краток спој во електричната инсталација или од запалена цигара.

Европа

Венеција се подготвува за нов воден удар, нивото ќе се зголеми до еден и пол метар

Објавено пред

Нивото на водата во Венеција повторно расте кога пред три дена беше забележано највисоко ниво на поплави во последните 50 години.

Се предвидува водата денеска да се искачи на 160 сантиметри, што е многу над нормалната граница.

На плоштадот Свети Марко водата сега им достига до колената на минувачите.

Италијанската влада прогласи вонредна состојба во Венеција кога нивото на водата се искачи на 187 сантиметри.

Поплавите во Венеција се предизвикани од обилните дождови, полната Месечина, високата плима и ветерот.

Градоначалникот Луиџи Бруњаро предупреди за сериозни штети.

„Ситуацијата е драматична. Ќе побараме од владата да ни помогне зашто цената ќе биде висока“, напиша Бруњаро на „Твитер“.

Прикажи повеќе...

Европа

Берлин добива арапско радио

Објавено пред

Арапите што живеат и работат во Берлин набргу ќе имаат радиостаница на својот јазик.

Поголем дел од програмата на Радио Арабика ќе биде на арапски јазик, а ќе биде насочена кон случувања од културата, вести, забава, спорт и секојдневниот живот во германската метропола, објави Медиумскиот совет за берлинскиот и бранденбуршкиот регион (МАББ).

Станицата ќе емитува и арапска народна и модерна поп-музика.

„Покрај француската, руската, турската, британската и американската станица, сега ќе има и арапска“, соопшти директорот на МАББ, Хансјуерген Розенбауер, а пренесе „Индекс.хр“.

Сè уште не е познато кога точно новата станица ќе почне со емитување програма.

Прикажи повеќе...

Европа

Снежна бура во Франција: еден загинат, 300.000 дома останаа без струја, сообраќајот во колапс

Објавено пред

Железничкиот сообраќај е во колапс, а 300.000 домаќинства останаа без електрична енергија поради ненадејната снежна бура во југоисточна Франција. Едно лице загина при обид да отстрани паднато дрво на патот, при што врз него паднало друго дрво, соопштија властите во регионот Роне-Алп.

Без струја останаа жителите на четири области на југоистокот на земјата, соопшти електродистрибуциската компанија „Енедис“.

„Нашите екипи се на терен, а ситуацијата постојано се менува“, се вели во соопштението.

Метеоролошката служба предвидува формирање снежна покривка висока 20 сантиметри во пониските предели и до 30 сантиметри во повисоките области.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ34 минути

Екстелохранителот на Мијалков избегал од куќен притвор

Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, избегал од куќен притвор. Како што велат од МВР...

Топ2 часа

Притворен маж од Арачиново – убил соселанец поради расправија за добитокот

Полицијата приведе арачиновец поради убиство извршено во селото Мојанци. Тој го убил соселанецот поради банална расправија околу напасувањето на добитокот....

Спорт3 часа

„Кориере“: Вториот најбогат човек во светот го купува Милан за милијарда евра!

Иако на крајот на септември во отворено писмо, сопственикот на модниот бренд „Луј Витон“, Бернард Арнаут демантираше дека ќе го...

Македонија3 часа

Контролор на „Дурмо турс“ доби условна казна за несреќата кај Ласкарци

Обвинет во издвоена постапка за несреќата кај Ласкарци кон средината на октомври призна вина пред судот и доби условна казна...

Регион3 часа

Македонски шлепер се преврте на автопатот Ниш – Белград

Камион со македонски регистарски таблички утринава околу 8:30 се превртел на автопатот Ниш – Белград во близина на селото Катун...

Регион4 часа

(Видео) Силно невреме во Хрватска, морето исфрли тони ѓубре кај Дубровник

Хрватското крајбрежје од вчера попладне е погодено од силно невреме, проследено со силен ветер, којшто предизвика проблеми во сообраќајот. Издаден...

Регион4 часа

Вучиќ во болница поради кардиоваскуларни проблеми

Српскиот претседател Александар Вучиќ е примен во Воено-медицинската академија (ВМА) поради кардиоваскуларни проблеми, соопшти Генералниот секретаријат на претседателот на Србија....

Македонија4 часа

Приватните специјализанти најавија протест, бараат повисоки плати

За во понеделник (18 ноември) кофинансираните приватни специјализанти најавија на протест пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата...

Македонија5 часа

Независниот синдикат на полицијата на протест пред Влада

Независниот синдикат на полицијата за денеска повика на јавен собир со почеток во 10 часот пред хотел „Вип“ (Саем) со...

Свет5 часа

Протестите на „Жолтите елеци“ ја чинат Франција речиси три милијарди евра

Франција изгуби 2,5 милијарди евра поради протестите на „Жолтите елеци“, кои почнаа пред една година, објави француската радиостаница РТЛ повикувајќи...

Македонија18 часа

Застаре делото за Владо Бучковски, државата ќе ги плати трошоците за адвокатите

За експремиерот Владо Бучковски и за уште тројца обвинети застаре делото во предметот „Тенковски делови“. Коалицијата Сите за правично судење,...

Македонија18 часа

„Танјуг“: Франција е за постепен пристап и ревирзибилност на процесот

Постепено пристапување, отворање на структурни фондови на ЕУ, но и построга политика на условување и ревирзибилност на процесот на проширување...

Интервју/Дебата20 часа

(Видео) Фрламе храна колку цело Кочани да јаде цела година

Според податоците на Заводот за статистика, третина од населението во земјата не може да си дозволи три оброка дневно, додека...

Македонија20 часа

Дескоска: Наместо само за плати, судството да реагира и за застарените предмети

Министерката за правда, Рената Дескоска, ги повика судиите и вработените во судството наместо само за плати, да реагираат и за...

Топ21 час

Малолетници од интернат во Кавадарци извршиле насилство врз нивниот цимер

Малолетник од Негорци кој бил сместен во ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци бил нападнат од неговите цимери. Насилството...

Топ21 час

Изгоре маж во импровизирана барака во Тетово

Безживотно машко тело е пронајдено изгорено рано утрово по пожар што зафати импровизирана дрвена барака на улицата Љубо Божиновски-Пиш. Пожарот...

Македонија22 часа

Активисти на средба со Пендаровски: Над 25.000 луѓе починаа досега поради загадениот воздух

Над 25.000 наши граѓани починале прерано изминативе осум години поради загадениот воздух што го дишеме, институциите не ни функционираат, живееме...

Македонија22 часа

(Видео) Богдановиќ: Што уште да направам, да се самозапалам ли за да реагира некој за „Никофон“

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, ги демантира тврдењата на Обвинителството дека Општината не доставила доволно документација за случајот за катна...

Естрада23 часа

Балашевиќ имаше срцев удар, откажан концертот во Крагуевац

Музичарот Ѓорѓе Балашевиќ (66) го откажа распродадениот концерт во Крагуевац поради здравствени проблеми. Неговата ќерка Беба Балашевиќ ги објави вестите...

Македонија23 часа

Дескоска: Гласот на судството го слушаме само кога треба да се поделат пари

Министерката за правда, Рената Дескоска, на прес-конференција ја повика антикорупциската комисија да го испита имотот на судиите и обвинителите како...

Досие