Контакт

Свет

Парламентарни избори во Канада – ќе остане ли Трудо на власт по два големи скандала?

Објавено пред

Во Канада денеска се одржуваат парламентарни избори на кои ќе се одлучи дали премиерот Џастин Трудо, кој ја презеде функцијата пред четири години, ќе остане на власт по два големи скандала.

Трудо (47), кој во финалето на кампањата беше поддржан и од поранешниот демократски американски претседател Барак Обама, се смета за еден од последните прогресивни лидери во најголемите светски демократии.

Неговата кампања, сепак, беше потресена од скандал кога се откри дека тој во минатото на два маскенбала се појавил со црно обоено лице, а беше критикуван и за тоа како се бореше против корупциската афера со најголемата градежна компанија во Канада.

Тудо, син на поранешниот канадски премиер Пјер Трудо, исто така, мора да се справи и со заморот на граѓаните со неговата влада.

Неговите либерали и опозициските конзервативци, предводени од Ендрју Шир, според анкетите, водат тесна борба за гласови, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Пред само една година никој не би помислил дека Трудо ќе биде во опасност да стане првиот канадски премиер од 1930 година кој не би обезбедил втор мандат.

Најновите анкети покажуваат дека тој би можел да обезбеди тенко мнозинство во Долниот дом на парламентот, кој има 338 места.

Во тој случај, Трудо ќе треба да бара поддршка од левичарските партии.

Вкупно пет партии се натпреваруваат на парламентарните избори во Канада.

Европа

Во Британија повторно дневна бројка од над 6.000 заразени

Објавено пред

Во Велика Британија се пријавени 6.042 нови случаи на Ковид-19, како и 34 смртни случаи поврзани со ова заболување.

Од почетокот на пандемијата, во оваа земја се забелжани 429.277 инфекции, додека 41.971 пациент починале како резултат на компликации со Ковид-19, пишува „Гардијан“.

Во петокот во Британија беше забележан рекорд во бројот на заразени во еден ден – 6.874, додека претходниот рекорд беше регистриран во четвртокот, кога вирусот беше потврден кај 6.634 лица.

Прикажи повеќе...

Свет

По операцијата, Болсонаро излезе од болница

Објавено пред

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска беше пуштен од болница откако во петокот се оперираше поради камен во мочниот меур.

Операцијата, според лекарите, била едноставна процедура.

„Ројтерс“ потсетува дека Болсонаро беше прободен со нож за време на кампањата во 2018 година, по што имал четири операции.

Сегашната интервенција, се додава, нема никаква врска со тој напад.

Покрај ова, Болсонаро летово водеше битка и со Ковид-19, а кон крајот на опоравувањето неколку направени тестови и натаму покажуваа дека е позитивен на вирусот, за на крајот конечно да добие негативен резултат.

Прикажи повеќе...

Европа

Сведоштво на единствениот преживеан од украинскиот воен авион: „Беше како во компјутерска игра“

Објавено пред

Единствениот кадет кој го преживеа падот на украинскиот воен авион во близина на Харков, во разговор со претставниците на локалната администрација објаснил што се случувало во моментот на несреќата.

„Сè беше како во компјутерска игра“, рекол тој.

„Не се сеќава на сè. Во еден момент, тој ја изгубил свеста, а потоа кога се повратил, излегол од остатоците на авионот и започнал да го гасне пламенот од еден од неговите колеги”, изјавил шефот на администрацијата во Харков, Алексеј Кучер.

Воено-транспортниот авион „ан-26“ се урна во петокот вечерта во близина на градот Чугујев во областа на Харков за време на тренинг лет. Во авионот имало 27 лица: седум члена на екипажот и 20 кадети. Загинале 26.

Двајца кадети успеале да извлечат од авионот по паѓањето, но еден од нив починал во болница.

Вчера медиумите објавија дека најверојатна причина за падот на авионот бил проблем со моторот, а мајката на еден од загинатите пилоти ја потврдила оваа теза, изјавувајќи дека нејзиниот син ден пред несреќата ѝ рекол дека авионот не е во добра состојба и дека моторите откажуваат.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија3 часа

Најбогатиот Британец и заговорник за брегзит се пресели во Монако

Сер Џим Ретклиф, најбогатиот Британец и еден од водечките поборници за брегзит, ја напушти Велика Британија и се пресели во...

Европа5 часа

(Видео) Лондон: Илјадници луѓе протестираа против рестриктивните мерки, полицијата принудена да интервенира

Британската полиција денеска ги растури демонстрациите во центарот на Лондон против рестрикциите наметнати поради коронавирусот. Полицијата интервенираше откако насобраните ги...

Македонија7 часа

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на...

Македонија8 часа

(Видео) Протест против полициската бруталност во Битола: „Сакаме правда, и Ромите се граѓани“

Со извикување на паролите „И Ромите се граѓани“, „Нема правда, нема мир“, „Правда за Ромите“, „Роми полицајци“ денеска во Битола...

Свет9 часа

Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД

Астронаутката на НАСА, Кејт Рубинс, рече дека ќе гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните...

Македонија9 часа

(Видео) Пендаровски и Пахор во Кампот за обука на вода во Охрид

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го...

Свет9 часа

Украинскиот претседател бара објективна истрага за падот на авионот

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека ќе се испитаат брзо и непристрасно причините за падот на воениот авион во кој...

Топ11 час

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43),...

Топ11 час

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21)...

Македонија12 часа

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел...

Свет13 часа

По терористичкиот напад во Париз – уапсен главниот осомничен, приведени уште 6 лица

Седум лица се приведени за нападот пред поранешните канцеларии на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, соопштија официјалните лица. Маж вооружен со...

Свет14 часа

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на...

Македонија15 часа

Протест против полициската бруталност во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој...

Европа15 часа

Франција бара Брисел да ја принуди секоја членка на ЕУ да прими мигранти

Франција побара секоја земја членка на ЕУ да биде принудена да преземе дел од илегалните мигранти што пристигнуваат на европска...

Свет16 часа

Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните...

Топ1 ден

Тројца осомничени за производство и продажба на марихуана, едниот фатен додека ги кастрел стеблата во Визбегово

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за неовластено производство и продажба на марихуана. За таа...

Економија1 ден

Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и...

Европа1 ден

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот

Брзината на пренесување на Ковид-19 и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл...

Македонија1 ден

Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија,...

Македонија1 ден

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Досие