Свет
Пекинг: Зголемениот буџет на Пентагон е резултат на менталното растројство на САД

Намерата на Вашингтон да го зголеми својот воен буџет е предизвикана од психолошко нарушување и параноја која ги измачува одредени членови на администрацијата на Бајден, во услови на претерување со наводната „кинеска закана“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Ву Кијан, пренесува ТАСС.
„Одредени претставници на американската администрација веќе извесно време не се во можност да се ослободат од манијакалната психоза и замислата дека се прогонувани. Тие станаа опседнати со шпекулациите за т.н. кинеска закана и ирационално ја преувеличуваат темата за предизвикот од Кина “, рече Кијан, коментирајќи ја најавата на Вашингтон за зголемување на воениот буџет.
„Ова е олицетворение на ментални нарушувања, што може да резултира само со штета на другите, како и на самите себе, а да не ги спомнуваме самоисполнувачките пророштва . Кина нема намера да им се заканува на други земји или да претставува каква било закана за нив. Сепак, ако некој ѝ се закани или ја предизвика Кина, нема да имаме друг избор освен да одговориме“, заклучи тој.
На 13 април, Канцеларијата за управување и буџет на САД (ОМБ) објави дека Вашингтон планира да побара од Конгресот 715 милијарди долари за воени потреби. ОМБ, наводно, ќе побара 753 милијарди долари за финансирање на националната одбрана, а најголемиот дел од оваа сума е наменета за Пентагон. Со тоа, буџетот на Министерството за одбрана на САД ќе се зголеми за 1,6 отсто за фискалната 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Терористички напад во Ерусалим, најмалку седум мртви

Најмалку седум лица загинаа во терористички напад вечерва во населбата Неве Јаков во Ерусалим, додека уште 10 се повредени.
– Видовме жена и четворица мажи како лежат на патот. Тие се здобиле со прострелни рани и немале знаци на живот. Моравме веднаш да ја потврдиме нивната смрт – изјавил доктор Фади Декидек за „Џерусалим пост“.
Престрелката во еврејската населба Неве Јаков уследи по смртоносниот напад на израелската армија во четвртокот на Западниот Брег во кој загинаа девет Палестинци, а десетина подоцна беа убиени северно од Ерусалим, пренесува АП.
BREAKING: Terror attack in the #Jerusalem neighborhood of #NeveYaakov.
Terrorist entered crowded Synagogue during Friday evening Services & opened fire.
7 people killed, many injured.
Horrible! May the injured have complete recoveries. pic.twitter.com/7VHWhxA5Tr
— Daniel Kraus (@rabbidkraus) January 27, 2023
По пукањето вечерва, итната служба на Маген Дејвид Адом објави дека 10 лица побарале лекарска помош, од кои некои се во критична состојба.
This is the vehicle and weapon of the terrorist responsible for tonight's terror attack in #Jerusalem. Terrorist was shot by security forces while attempting to escape. pic.twitter.com/CdZi6wk6dT
— StandWithUs (@StandWithUs) January 27, 2023
Израелската полиција соопшти дека напаѓачот бил застрелан и убиен, а на местото на настанот имало голема полиција,пренесе Блиц.рс.
Свет
Северна Кореја ги критикува САД за нивната одлука да испратат тенкови во Украина

Северна Кореја денеска ги критикуваше САД за нивната одлука да испратат борбени тенкови Абрамс во Украина, велејќи дека планот само ја ескалирал ситуацијата во војната во Украина.
Помладата сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и висок функционер на владејачката партија Ким Јо Јонг вели дека Вашингтон „продолжува да ја преминува црвената линија“ и со овој потег ја открива својата конфронтација со Русија, пренесе агенцијата Кјодо,пренесе Танјуг.
Свет
Гутереш: Социјалните мрежи се соучесници во ширењето на екстремизмот и расизмот

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека социјалните мрежи и оние кои се рекламираат на нив се соучесници во ширењето на екстремизмот и расизмот.
„Водени од профитот, тие го вратија екстремизмот од маргините во мејнстримот. Со користење на алгоритми кои ја засилуваат омразата за да ги задржат корисниците залепени на нивните екрани, платформите на социјалните медиуми стануваат соучесници во ширењето на насилството, како и огласувачите кои го субвенционираат овој бизнис модел“, рече Гутереш за време на говорот по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.
Гутереш долго време изразува загриженост за моќта на социјалните медиуми и повика на подобра регулатива за да се разјасни одговорноста и да се подобри транспарентноста,пренесе Танјуг.