Свет
Пекинг: Повеќето азиски земји се против проширувањето на НАТО во регионот

Повеќето земји од Азиско-пацифичкиот Регион се против конфронтацијата на блокот и проширувањето на НАТО во регионот, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, пренесува ТАСС.
Коментирајќи ги изјавите на претставниците на Индонезија, Сингапур и неколку други земји дека не сакаат да видат нова студена војна и не сакаат да бидат принудени да избираат меѓу Кина и САД, портпаролот на кинеското МНР рече:
„Позицијата на повеќето земји во регионот е многу јасна: тие се противат на спојување разни воени блокови во регионот, не го поздравуваат проширувањето на НАТО во Азија, не прифаќаат префрлање на конфронтацијата на блокот во Азија.
Ванг Венбин истакна дека регионалните држави „нема да дозволат студена војна или конвенционална војна во Азија“.
Тој додаде дека Азија е регионот со најголем потенцијал за раст и развој во светот и, според него, треба да биде голема арена за заемно корисна соработка, без да се дели на затворени и ексклузивни мали блокови.
„Некои земји велат дека се слободни и отворени за одржување на мирот и просперитетот во регионот, но во реалноста постојано ги подбуцнуваат разните воени блокови и се обидуваат да го турнат НАТО во Азиско-пацифичкиот Регион“, рече Ванг.
Во текот на меѓународната безбедносна конференција „Шангри-Ла дијалог“, одржана од 2 до 4 јуни во Сингапур, претставници на Индонезија, Сингапур и на неколку други земји ја изразија својата неподготвеност да видат нова студена војна.
Таму кинескиот министер за одбрана, Ли Шангфу, ја претстави новата кинеска безбедносна иницијатива истакнувајќи во својот говор на форумот дека создавањето воени сојузи слични на НАТО во Азиско-пацифичкиот Регион ќе доведе до низа конфликти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Претседателот на Замбија се надева дека заробените рудари се уште се живи

Претседателот на Замбија, Хакаинде Хичилема изјави дека се надева дека најмалку 25 рудари заробени пред четири дена од лизгање на земјиштето во отворен рудник за бакар се уште се живи, додека операцијата за спасување продолжува.
Рударите во рудникот Шесели во Чингола, на околу 400 километри северозападно од Лусака, останаа заробени на три локации откако обилните дождови ја поплавија јамата, соопшти владата.
Рудникот претходно беше во сопственост на рудниците за бакар Конкола на Веданта (KCM), но сега е во рацете на локална компанија која допрва треба да започне со рударство во очекување на безбедносни и еколошки одобренија, пренесува Ројтерс.
Свет
Путин утре патува надвор од Русија, ќе биде отсутен само 24 часа

Рускиот претседател Владимир Путин планира утре да ги посети Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, изјави неговиот портпарол, без да ги потврди гласините за можна посета на климатската конференција COP28 во Дубаи.
Еден ден подоцна, во четврток, Путин ќе биде домаќин на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во Москва, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Патувањето ќе трае само 24 часа“, изјави Песков за руската новинска агенција „Интерфакс“.
Работните посети на двете земји ќе бидат фокусирани на билатералните односи, но секако ќе се разговара и за натамошната координација на пазарот на нафта, додаде Песков.
Свет
Автобус во Германија удрил во плуг за чистење снег и излетал од патот, едно дете загина

Десетгодишен ученик загина, а 13 лица се повредени, од кои неколку потешко, во сообраќајна незгода во Саксонија во близина на границата со Чешка, кога автобусот излета од патот.
Како што информираа од полицијата во Сехматал на Ерзгебирге на истокот на Германија, до несреќата дошло кога автобус со ученици удрил во плуг за снег, по што возачот на автобусот изгубил контрола над возилото и излетал од патот, по што удрил во дрво.
На лице место загина 10-годишен ученик, а 13 лица се повредени. Возачот на автобусот и еден човек се тешко повредени. На децата од автобусот покрај лекарска помош им била укажана и психолошка помош. Според полицијата, патот по кој се движел автобусот е делумно покриен со мраз.
Јужните и југоисточните делови на Германија веќе неколку дена се зафатени од екстремни зимски услови со ниски температури и обилни снежни врнежи. Поради снегот и мразот, отежнат е железничкиот и авиосообраќајот, а аеродромот во Минхен привремено ги прекина сите летови поради замрзнатиот дожд.