Свет
Пентагон: Имаме индиции кои ја потврдуваат приказната дека Путин регрутира странски борци за војната во Украина

Пентагон верува дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да регрутира странски борци за војната против Украина, изјави портпаролот Џон Кирби за Си-ен-ен.
„Имаме индиции кои ја потврдуваат оваа приказна дека тие всушност се обидуваат да ангажираат и регрутираат странски борци. Сметаме дека Путин мисли дека ова е неопходно затоа што е запрено неговото напредување на северот на Украина со 150.000 војници“ – додаде Кирби, осврнувајќи се на приказната за регрутирањето на Сиријците, која ја објави „Волстрит журнал“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
САД воведоа нови санкции за руските банки поради поддршката на Северна Кореја

Соединетите Држави денеска воведоа санкции за две руски банки, Далечниот Исток и Спутник банка, севернокорејската компанија Ер Корио трејдинг и Јонг Јонг Нам, претставник на организацијата со седиште во Белорусија, поврзана со Втората севернокорејска академија на науките.
„САД ќе продолжат да ги спроведуваат постојните и да воведуваат нови санкции, барајќи од Северна Кореја да се врати на дипломатијата и да се откаже од својата програма за развој на оружје за масовно уништување и балистички ракети“, изјави потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање и Брајан Нелсон, пренесува „Ројтерс“.
Санкциите се воведени поради „поддршка на севернокорејската програма за развој на оружје за масовно уништување“, соопшти американското Министерство за финансии, пренесе „Ројтерс“.
Европа
Нехамер: Путин е подготвен да овозможи извоз преку украинските пристаништа

„Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да овозможи извоз од Украина преку поморските пристаништа“, изјави попладнево австрискиот канцелар Карл Нехамер.
По телефонскиот разговор со Путин на прес-конференција во Виена, Нехамер рече дека прво мора да се воспостават безбедносни услови во украинските пристаништа.
Австрискиот канцелар нагласува дека останува да се види дали тоа се само празни зборови или искрена подготвеност, што ќе се види само доколку навистина се овозможи извоз преку пристаништата, пренесе „Танјуг“.
Европа
Шолц: Путин сака нас да не обвини за кризата со гладот

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да му ја припише на Западот одговорност за кризата со глад, што ја предизвикал со агресијата врз Украина.
– Наративот на Путин мора итно да се побие – нагласи Шолц во Штутгарт.
Тој рече дека Путин нашол формулација, и дека постојано зборува за „глобалниот запад“. Со ова, вели Шолц, мисли на непријателите против кои сака да се обедини со другите.
– Кризата на глад, која беше предизвикана од неговата војна, која тој ја започна, сега им се припишува на оние кои се со Украина – рече тој, пренесе Блиц.рс.