Свет
Пентагон тврди: Русија досега ги ангажирала речиси сите сили

Американското Министерство за одбрана даде нова оценка за ситуацијата во Украина и велат дека Русија досега ги ангажирала речиси сите сили што ги собрала за инвазија на Украина.
Според „Гардијан“, веќе се ангажирани 127 тактички групи. Беа лансирани повеќе од 625 проектили, главно ракети „земја-воздух“ со краток и среден дострел и крстосувачки ракети.
Тие наведуваат дека сè уште нема знаци на белоруски војници внатре во Украина или знаци дека тие се на влезната точка.
„Во меѓувреме, Русија се обидува да регрутира странски борци, особено Сиријци, за да учествуваат во војната во Украина. Сепак, нема докази дека сириските борци навистина пристигнале во Украина. Генерално, офанзивата на Киев сè уште е во застој“, велат од Пентагон.
Не гледаме голем напредок, рече високиот функционер, припишувајќи го на комбинација од жесток украински отпор и внатрешни предизвици во руските сили.
Сепак, тој предупреди дека руските трупи напредуваат на југ, а Владимир Путин сепак има многу поголема борбена моќ на располагање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарија нема да отстапи од ветото без согласност на парламентот

Го потврдивме ветувањето дека темата за Северна Македонија задолжително ќе помине преку Народното собрание, изјави портпаролката во кабинетот на премиерот Кирил Петков, Лена Бориславова по завршувањето на вонредниот коалициски состанок.
„Коалицијата ќе дејствува обединето, но оставете експертите да работат и да најдат најдобар начин да ја претстават бугарската позиција и да ја заштитат“, рече таа додавајќи дека за нив е важно да го бранат својот став.
„Ова нема да биде влада која ќе го предаде националниот интерес. Кога ќе имаме одлука и извештај на МНР кое известува за напредокот на бугарската позиција, ќе имаме предлог до Народното собрание. Во оваа фаза не сме таму“, додаде Бориславова, пренесе „Бтв.бг“.
Станислав Балабанов од Има таков народ рече дека секоја партија се согласила дека патеката по која Бугарија треба да оди е една во овој случај.
„Се надеваме во иднина на позитивни акции од Скопје“, рече Балабанов.
Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.