Контакт

Свет

Перу го отвори Мачу Пикчу за еден посетител, чекал 7 месеци за да го види

Објавено пред

Перу ја отвори туристичката атракција Мачу Пикчу за јапонски турист кој чекаше речиси седум месеци да ги види овие урнатини на светиот град Инка. Јесе Такајама беше во Перу кога избувна епидемијата на коронавирус и од март се наоѓа во градот Агуас Калиентес, пренесува „Гардијан“.

Неговиот првичен план бил да помине неколку дена во Перу за да го посети ова светско наследство. Тој купил билет за влез уште во март, но успеал да влезе дури оваа сабота. Со тоа Јапонецот е првиот посетител што дошол во Мачу Пикчу по седум месеци.

„Тој дојде во Перу со надеж дека ќе може да влезе“, рече министерот за култура, Алехандро Нејра. Инстутуциите му дале специјална дозвола за посета во придружба на еден од вработените.

Перу досега има забележано 33.305 смртни случаи предизвикани од коронавирусот. Меѓународните летови се речиси целосно откажани и одат во само седум земји во Јужна Америка. Туризмот е речиси уништен.

Мачу Пикчу за туристи повторно ќе се отвори во ноември, но ќе има ограничувања на бројот на посетители. Мачу Пикчу го посетуваат 675 туристи на ден, но сега ќе биде ограничен на 30 проценти од вообичаениот број.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Алиев не исклучува културна автономија за Нагорно-Карабах

Објавено пред

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев не ја исклучува можноста за давање културна автономија на Нагорно-Карабах.

„ Постојат многу видови на самоопределување, постојат различни видови на заедници“, рече Алиев, додавајќи дека постои културна автономија, што може да се види во примерот на развиените европски земји, каде што луѓето имаат одредени права во рамките на нивните општини, во рамките на нивните заедници.

„ Како и на секое место во Азербејџан, и Ерменците кои живеат во нашата земја исто така можат да имаат такви контакти“, рече азербејџанскиот претседател во интервју за јапонската медиумска група „Никеи“, што беше прикажано денес на азербејџанскиот државен канал Аз ТВ.

Алиев додаде дека Баку никогаш нема да дозволи создавање на друга ерменска држава на територијата на Азербејџан.

Тој исто така рече дека Азербејџан никогаш нема да се согласи да одржи референдум за самоопределување на Нагорно-Карабах.

„Нема да има референдум во Нагорно-Карабах. Никогаш нема да се согласиме на тоа. Ние не се согласивме за време на преговорите и сега кога ги вративме повеќето територии, тоа не доаѓа предвид”, рече Алиев.

Тој посочи дека правото на самоопределување е важен фактор на меѓународното право, но дека не треба да го нарушува територијалниот интегритет на Азербејџан.

„Ерменците веќе постигнаа самоопределување. Тие имаат независна ерменска држава“, истакна Алијев.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Жена се заканувала дека ќе се разнесе на железничка станица во Лион

Објавено пред

Желелезничката станица Пар-Диу во Лион е евакуирана поради пријава за бомба, а во тек е полициска акција, соопшти полицијата, додавајќи дека едно лице е уапсено.

Локалниот весник „Прогрес“ од Лион објави на својата веб-страница дека жена која носела неколку торби се заканувала дека ќе се разнесе и извикала „Алаху Акбар“.

Тимот за деактивирање на експлозивни направи е на местото на настанот и врши проверка, пренесува Ројтерс.

Полицијата и армијата формираа кордон околу станиците и го затворија пристапот.

Железничката компанија СНЦФ на Твитер потврди дека сообраќајот околу Лион е прекинат.

Новинарот Џулиен Дамбоа наведува дека патниците го оставиле багажот и побегнале од станицата, пренесува Дејли експрес.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија 416 нови случаи на коронавирус, двајца починати

Објавено пред

Во Србија се регистрирани вкупно 37.536 потврдени случаи на Ковид-19. Од последниот извештај, тестирани се примероци од 6.715 лица, од кои 416 се позитивни.

Во последните 24 часа починаа 2 лица, а вкупниот број на починати е 783.

Во моментов има 24 пациенти на апарати за дишење.

Досега во Србија за коронавирус се тестирани вкупно 1.263.246 лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет38 минути

(Видео) Жена се заканувала дека ќе се разнесе на железничка станица во Лион

Желелезничката станица Пар-Диу во Лион е евакуирана поради пријава за бомба, а во тек е полициска акција, соопшти полицијата, додавајќи...

Македонија2 часа

Македонскиот државен врв на разговор со претседателот на Европскиот парламент: Подготвени сме за успешна приказна

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска остварија...

Македонија4 часа

Обвинение за поранешниот градоначалник​ на општина Чашка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против поранешниот градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој...

Европа4 часа

И покрај дневниот рекорд од над 11.000 заразени, Германците уверени дека вирусот може да се спречи

Централниот германски епидемиолошки институт „Роберт Кох“ денеска ја оцени актуелната епидемиолошка состојба и рекордниот број на новозаразени во земјата од...

Македонија7 часа

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн средба со Борел

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни...

Регион7 часа

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, десетмина починати во Загреб

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени од коронавирус, а во Загреб има десетмина...

Свет8 часа

99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за...

Македонија8 часа

Стевановиќ: Заразените со лесни симптоми да се лекуваат дома

Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние...

Свет9 часа

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека...

Македонија10 часа

Активни над 6.000 случаи со коронавирус, болниците се полнат

Во моментот како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје. Само...

Свет22 часа

Починал волонтер што учествувал во тестовите за вакцина против Ковид-19

Бразилската здравствена агенција „Анвиса“ потврди дека починал волонтер што учествувал во испитувања на вакцина против Ковид-19, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Станува...

Македонија1 ден

Дванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на...

Топ1 ден

Кондовец со возило удрил во полицаец и побегнал, нападнати биле и полицајците што го пронашле

Во вечерните часови на 20 октомври, на скопската улица Ѓорче Петров, автомобил „ауди“, управуван од А. А. (26) од село...

Македонија1 ден

Инспекторите ќе можат да ги затвораат кафеаните со новите законски измени

Со новите построги мерки кои се во собраниска процедура инспекторите ќе можат веднаш да ги затвораат угостителските објекти до 30...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Македонија1 ден

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението...

Македонија1 ден

Владата ги осуди изјавите на Каракачанов: Тие се недолични и недостојни

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во...

Македонија1 ден

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование...

Македонија1 ден

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион1 ден

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Досие