Европа
Песков за влезот на Шведска и Финска во НАТО: Тоа е закана за Русија, ќе ја зајакнеме нашата безбедност

Кремљ денеска соопшти дека чекорот на Финска кон членство во НАТО, дефинитивно, е закана за Русија и дека проширувањето на северноатлантскиот воен блок нема да го направи светот постабилен.
Одговарајќи на прашањето каков практичен одговор може да се очекува од Русија, Песков истакна дека сè ќе зависи од тоа како ќе се манифестира овој процес на проширување во иднина, колку воената инфраструктура ќе се движи поблиску до руските граници, пренесе „Новости“.
„Се разбира, ако се сеќавате, постои актуелна инструкција од претседателот и врховниот командант да се направи список на мерки за зајакнување на нашите западни крила во врска со зајакнувањето на источното крило на НАТО. НАТО влегува во нашата насока. Затоа, се разбира, сето тоа ќе стане елементи за посебна анализа и развој на неопходни мерки за балансирање на ситуацијата и обезбедување на нашата безбедност“, рече Песков.
Тој исто така истакна дека властите во земјата треба да бидат прашани зошто Финска го промени својот став и се откажа од неврзаниот статус.
„Знаете дека Финска се приклучи кон непријателските чекори преземени во рамките на ЕУ кон нашата земја. Тоа не може, а да не предизвика жалење“, додаде прес-секретарот на шефот на државата.
Претходно, финскиот претседател и премиер, Саули Нииниште, и Сана Марин во заедничка изјава изјавија дека Финска треба без одлагање да поднесе барање за членство во НАТО.
Според нив, членството во алијансата ќе ја зајакне безбедноста на Финска, пренесуваат медимуите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Полска: Ќе им помогнеме на Шведска и Финска доколку некој ги нападне

Полска ќе им помогне на Шведска и Финска доколку бидат нападнати уште пред да станат членки на НАТО, изјави денеска премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки.
„Приклучувањето на Шведска и Финска во НАТО го сметам за важен сигнал за зајакнување на безбедноста во Европа“, рече Моравјецки, a пренесува „Ројтерс“.
Финска и Шведска официјално аплицираа за членство во НАТО во средата, поттикнати од руската инвазија на Украина.
„Сакам да ставам до знаење дека во случај на напад врз Шведска или Финска за време на нивниот пристапен процес, Полска ќе дојде на помош“, додаде Моравјецки.
Европа
Пукање во училиште во Германија, повредено едно лице

Германската полиција соопшти дека едно лице е повредено во пукање во средно училиште во северниот град Бремерхавен.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил рано во четвртокот во средно училиште и дека осомничениот бил приведен.
Портпаролот на полицијата изјави дека истрагата е во тек.
Европа
Уште двајца руски војници признаа вина за воени злосторства

Двајца руски војници, Александар Бобикин и Александар Иванов, признале вина за прекршување на правилата на војната и утрово се појавиле на суд.
Тие се обвинети за гранатирање цивилни области во Украина со проектили ГРАД, пренесува хрватски „Индекс“.
Russian soldiers Aleksandr Bobykin and Aleksandr Ivanov plead guilty to violating the rules of war in Ukrainian court. #ukraine pic.twitter.com/IQ4Vnk0ZBb
— Dominic Waghorn (@DominicWaghorn) May 19, 2022
За потсетување, Вадим Шишимарин, 21-годишен руски војник, вчера призна вина за убиство на невооружен цивил на првото судење за воени злосторства во Украина од почетокот на руската инвазија.
Тој призна дека пукал во 62-годишен маж неколку дена по почетокот на инвазијата. Му се заканува доживотен затвор.