Контакт

Свет

Песков: Кремљ се залага за одржување на единството на православниот свет

Објавено пред

Одржувањето на единството на православниот свет е најпосакувана опција за Москва, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи за можното доделување автокефалност на Украинската православна црква.

„Одржувањето на единството на православниот свет е несомнено најпосакувана опција за Москва и целиот православен свет“, истакна тој.

Кремљ свикал итен состанок на Светиот синод на Руската црква, соопшти Песков.

„Алармантните извештаи за одлуките што може да ги преземе Украинската црква дефинитивно предизвикуваат загриженост“, рече тој додавајќи дека во исто време овие прашања се однесуваат на меѓуцрковниот дијалог и државата не може да се меша во тоа.

Светиот синод на Руската црква одржа итен состанок во Москва. Според патријархот московски и на цела Русија, Кирил, агендата на состанокот вклучува само едно прашање поврзано со одлуката за обезбедување автокефалност на Украинската православна црква, направена од Цариградската патријаршија во Цариград.

Патријархот Кирил истакна дека Светиот синод на Руската православна црква силно протестира против овој потег. Тој додаде дека Московската патријаршија ќе преземе одмазднички чекори во блиска иднина.

Цариградската црква издаде соопштение на 7 септември назначувајќи двајца егзарси во Украина како чекор кон доделување автокефалност на Украинската православна црква.

Шефот на одделот за односи меѓу Црквата и општеството на Москва, Владимир Легоида, во интервју за ТАСС изјави дека Московската патријаршија може да ги прекине врските со Цариградската патријаршија во случај да го легализира расколот во црквата.

Украинската православна црква во Московската патријаршија во моментот има повеќе од 12.000 парохии и 200 манастири во рамките на својата област.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Столтенберг: Европската одбрана не смее да се зајакнува на штета на Северноатлантскиот сојуз

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во екот на расправата за формирање европска војска предупреди дека европската одбрана не смее да се зајакнува на штета на Северноатлантскиот сојуз.

„Задоволни сме поради зајакнувањето на напорите на Европската Унија на полето на одбраната, добра работа е ако европските сојузници имаат поголеми капацитети, ако подобро соработуваат“, рекол Столтенберг на форумот НАТО-индустрија во Берлин.

„Она од што не сме задоволни е дека ЕУ почнува да воспоставува двојни структури“, предупреди челникот на алијансата.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја покрена таа расправа предложувајќи Европа да изгради своја војска. Тоа го разлути американскиот претседател, Доналд Трамп, кој го оцени предлогот на Макрон како навредлив. Макрон се обиде да го смири Трамп нагласувајќи дека предлогот не е насочен против САД.

„Ни треба еден силен и стручен команден состав, не можеме да ги делиме ресурсите на пола“, истакна Столтенберг.

Прикажи повеќе...

Свет

Белата куќа: Дождот го спречи претседателот да го посети меморијалниот центар во Париз

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се најде на удар на критики зашто не го посетил меморијалниот центар на американските војници во Франција.
Белата куќа ја брани одлуката на американскиот претседател да не го посети меморијалниот цен, бидејќи врнело дожд. Како што се наведува во соопштението, лошото време и слабата видливост го спречија хеликоптерот на претседателот.

Сепак, францускиот, германскиот и канадскиот лидер присуствуваа на меморијалните настани организирани во саботата. Како што го правдаат, Трамп не сакал да предизвика дополнително блокирање на сообраќајот за последната поворка.

„Претседателот Трамп не сакаше да предизвика таков прекин на сообраќајот во градот и на народот“, соопшти портпаролот на Белата куќа, Сара Сендерс, потенцирајќи дека рутата била 96 километри североисточно од Париз.

Трамп речиси целиот ден го поминал во амбасадорската резиденција и посетил друг меморијален центар во Париз во неделата.

Критиките велат како можел канадскиот премиер, Џастин Трудо, да патува речиси 200 километри надвор од Париз за да присуствува на церемонија, и тоа на дожд.

Значајната критика дојде од британскиот министер за одбрана, Тобијас Елвуд, кој на Твитер напиша: „ Дождот не ги спречи нашите храбри херои да ја завршат својата работа”.

Прикажи повеќе...

Регион

Јоханис: Романија не е подготвена да претседава со ЕУ

Објавено пред

Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека Романија не е подготвена да го преземе ротирачкото претседавање со ЕУ, на 1 јануари идната година, поради што ја повика Владата да поднесе оставка.

Јоханис рекол дека ситуацијата излегла од контрола и дека постои политичка потреба за промена на Владата, која ја нарече несреќен случај на романската демократија, пренесе АП.

Вјорика Данчила стана премиерка во јануари, но таа има малку извршни овластувања, додека Владата всушност ја води лидерот на владеачката Социјалдемократска партија, Ливи Драгне. Тој неможе и официјално да биде премиер поради обвинувања за кражба на гласови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Македонија9 часа

Полицијата пред ВМРО-ДПМНЕ ги стопира и ги претресува возилата кои излегуваат од седиштето

Полицијата ги стопира сите возила кои излегуваат од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Вршат целосен претрес на возилата и претресуваат еден по...

Македонија10 часа

Објавена потерницата за Никола Груевски

Министерството за внатрешни работи ја објави националната потерница за експремиерот Никола Груевски, на веб-страницата во делот „Потраги“. „Никола Груевски, од...

Македонија11 час

Полициски „алфи“ влегоа во домот на Груевски

Полициски „алфи“ влегоа во станот на експремиерот Никола Груевски, но внатре не најдоа никој. Засега нема информации каде е Груевски,...

Македонија12 часа

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Топ13 часа

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија15 часа

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Македонија16 часа

ЗНМ: Јавните пари ќе продолжат да се трошат за политичка пропаганда, власта не го исполни ветеното

Здружението на новинарите на Македонија изрази загриженост затоа што во последните измени и дополнувања на Изборниот законик, што по скратена...

Свет17 часа

Трамп со твит за состојбите во Калифорнија ги разгневи пожарникарите и славните личности

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ ја објасни својата теорија за вистинските виновници за катастрофалниот пожар во Калифорнија. Како што...

Економија17 часа

Бензините поевтинуваат 4 и 4,5 денари

Од ноќеска на полноќ цената на бензините ќе се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти...

Европа17 часа

Французинка криела дека има двегодишна ќерка и ја чувала во багажникот од автомобилот

На Французинката Рози Марија де Круз ѝ се заканува затворска казна од 20 години во судењето што почна денес поради...

Регион20 часа

Мицотакис: Нема да гласаме за ратификација на преспанскиот договор

Претседателот на најголемата опозициска партија во Грција, „Нова демократија“, Киријакос Мицотакис го повтори партискиот став, дека нема да дадат поддршка...

Македонија22 часа

,,Се молиме ветрот да не го промени правецот, бидејќи за минута може да изгори селото”, сведочат жителите на Селци

Една недела над селото Селци, на падините на планината Стогово, гори шумата, во која има борови и дабови дрва. Во...

Македонија1 ден

(Видео) Од 1 декември нема да дозволиме зависници да доаѓаат во Кисела Вода, жителите се судрија со претставник од Општината

Жителите на Кисела Вода им дадоа рок на властите до крајот на месецов да го дислоцираат Центарот за превенција и...

Македонија1 ден

И последниот амандман доби „зелено светло“ од Комисијата за уставни прашања

Со девет гласа „за“, пет „против“ и без воздржани, собраниската Комисија за уставни прашања попладнево го усвои последниот нацрт-амандман, со...

Економија1 ден

Усвоен ребалансот на Буџетот – 3 милијарди денари за општините, намалени проекциите за економски раст

Општините ќе добијат 3 милијарди денари за покривање на долговите, нивото на буџетски дефицит е задржано, а намалени се проекциите...

Македонија2 дена

Партијата на Бачев за Василевски: Охриѓани велат дека е превртлив и е дел од масонски организации

Еден ден по расправијата во Охрид помеѓу лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев и пратеникот Сашо Василевски, од партијата на...

Македонија2 дена

Интервју на Димитров за „Велт“: Веруваме дека Грците ќе го исполнат ветеното

Топката е засега кај нас. Ние веруваме дека Грците ќе го направат она што го ветија. Ова е најдобриот компромис...

Македонија2 дена

Граѓански собир за дислокација на Центарот за зависници во Кисела Вода

По иницијатива на поголем број на граѓани кои жиевеат во општина Кислеа Вода денеска ќе се одржи граѓански собир на...

Европа2 дена

Австрија откри уште еден случај на шпионажа во корист на Русија

Канцеларијата на австриското државно обвинителство за борба против економскиот криминал и корупција започна истрага против австриски контраразузнавачки агент, кој е...

Досие