Контакт

Свет

Песков му одговари на Зеленски: Крим е руски

Објавено пред

Крим е руски регион и неговата припадност кон Русија не е доведена во прашање, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи му на новиот украински претседател Володимир Зеленски, кој им вети на Украинците дека ќе им го врати Крим.

„Зборувајќи за Крим, ние постојано повторувавме дека таква тема не постои и не може да постои, тоа е еден од руските региони“, рече Песков, објави агенцијата ТАСС.

Зеленски може и мора да го реши внатрешниот проблем врз основа на јасно утврден план со договорот од Минск, рече тој.

Песков рече дека засега во агендата не е планирана средба меѓу Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин.

Свет

Баба во инвалидска количка шверцувала три килограми кокаин

Објавено пред

Колумбиските нарко-картели користат различни начини за испраќање дрога надвор од земјата, но полициските службеници и таму неодамна останале во шок поради еден конкретен случај.

Колумбиската полиција ја уапсила Ирина Меса де Маруланд (81), откако во нејзината инвалидска количка пронашле кокаин. Сето тоа се случило во моментот кога 81-годишната жена се обидувала да се качи во авион кон Шпанија, јавуваат медиумите.

Во полициското соопштение се вели дека кај старицата биле пронајдени речиси три килограми кокаин. Дрогата била сместена во металните цевки од нејзината инвалидска количка.

Според полицијата, таа тврдела оти не знаела дека во количката има дрога.

Од полицијата додаваат дека ова е четврт случај од почетокот на годината да пронајдат дрога кај постари жители.

Прикажи повеќе...

Свет

Осквернавени неколку статуи на Колумбо во САД

Објавено пред

Во неколку градови во САД, на националниот празник Денот на Колумбо, статуите на Кристофер Колумбо биле обоени со црвена боја и испишани со слогани против морепловецот кој ја откри Америка.

Статуата на Колумбо во Провиденс на Род Ајленд, била ишарана со црвена боја од глава до пети, а на пиедесталот бил потпрен знакот „Престанете да славите геноцид“, пренесува АП.

Статуата во Чула Виста, Јужна Калифорнија, исто така била ишарана, така што лицето на Колумбо било целосно покриено, а статуата била слично ишарана и во февруари годинава.

И статуата на Колумбо во Сан Франциско била цел на вандали – некој истурил црвена боја на неа и нацртал симболи на анархија, со порака „Уништи ги сите споменици на геноцидот“ и „Убиј ги сите колонизатори“.

Во САД, постојат различни мислења за Колумбо.

Автохтоните жители на САД, Индијанците, бараат Денот на Колумбо да се слави како Ден на домородците, поради загриженоста дека Колумбо предизвикал векови геноцид над домородното население во Америка.

Прикажи повеќе...

Свет

Австралија врати патничка во Виетнам поради шверц со свинско месо

Објавено пред

Австралија за прв пат укина туристичка виза за непријавена храна, во обид да се заштити од африканската свинска треска.

Министерката за земјоделство Бриџит Мекензи изјави денеска дека 45-годишна жена, која пристигнала на меѓународниот аеродром во Сиднеј во саботата, имала непријавена храна во нејзиниот багаж, вклучително и 4,5 килограми свинско месо.

Таа беше вратена во Виетнам и ѝ беше забрането да се врати во Австралија три години, рече Мекензи.

Австралија се ослободи од болеста која уништи популации на свињи низ Азија и Европа, но африканската свинска треска неодамна е откриена во Источен Тимор, каде што австралиските ветеринари работат со локалните власти за да ја искоренат болеста.

Кучиња трагачи го прегледуваат багажот на директниот лет од главниот град на Источен Тимор, Дили, кон градовите во северна Австралија за да спречат контаминација.

Австралиските граничари од февруари заплениле 27 тони варено свинско месо од багажот на патниците.

Прикажи повеќе...

Најново

Дијаспора36 минути

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија57 минути

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа1 час

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион2 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија2 часа

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт12 часа

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија15 часа

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Македонија16 часа

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за првпат се обрати...

Македонија16 часа

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и...

Топ18 часа

Маж пронајден починат покрај локален пат

Вчера напладне покрај пат во селото Рогачево, Тетовско, бил пронајден починат маж од Скопје. Се работи за лице на 67-годишна...

Македонија18 часа

Бојан Јовановски повторно пренесен во болница поради проблеми со желудникот

Oбвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно е пренесен во болница поради проблеми со желудникот. Јовановски бил пренесен на...

Македонија18 часа

Бактеријата мрса се шири во градинка во Кисела Вода

Бактеријата мрса, која е отпорна на антибиотици, била пронајдена кај три дечиња и кај воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во...

Економија19 часа

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби...

Македонија22 часа

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Свет23 часа

(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било...

Топ23 часа

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден кога вчера, качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се...

Топ24 часа

Истрага за случајот во Богданци: се опијаниле, па со стол сакал да го убие соседот

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен жител на Богданци поради постоење основано сомневање дека...

Македонија24 часа

Катица Јанева се враќа во притворот во Шуто Оризари

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска од болница ќе биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Јанева, која е...

Македонија1 ден

Владата денешната седница ќе ја одржи во Битола

Владата својата редовна 159-та седница денеска ќе ја одржи во Битола, во зградата на Општина Битола. Со оваа прва седница...

Европа1 ден

Право и правда победи на изборите во Полска

Владејачката полска конзервативна партија Право и правда освои најголем број гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во парлментот, покажаа...

Досие