Контакт

Европа

Песков: Поделена Европа не е во интерес на Москва

Објавено пред

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во изјава за француска телевизија рече дека поделената Европа не е во интерес на Москва.

„Поделената Европа не е во интерес на Москва. Ние сме заинтересирани за постоење на просперитетни европски земји, независни една од друга. Европа сега го бара својот пат, поставувајќи нови прашања во врска со воведувањето на сопствениот одбранбен систем, како и неопходноста да се има суверена доктрина за одбрана. На Европејците им е потребна сопствена армија“, рече Песков.

Тој посочи дека во моментов не е јасно дали Американците ќе останат во Европа и ќе продолжат да ги бранат Европејците од „страшните Руси“.

„Сакаме да нè слушнат: не се закануваме никому, не сме извор на опасност, ние сме многу голема и многу моќна земја која бара партнери“, рече портпаролот на Кремљ.

Коментирајќи ја изјавата за распоредување на руски војници по должина на границата со Украина, која беше перципирана како закана за Западот, Песков нагласи дека „Русија може да ги разбере грижите на западните земји“.

„Сепак, ние би претпочитале вие ​​Европејците да бидете подобро информирани. Масивните маневри на НАТО во близина на границите на Русија му претходеа на распоредувањето на руските вооружени сили во тој регион“, потсети Пасков и посочи дека бесконечно се зборува за концентрација на руските војници, но сепак сите замижуваат пред разместувањето на НАТО силите во близина на границите на Русија“.

Одговарајќи на прашањето за членството на Киев во НАТО, Песков предупреди дека членството на Украина во НАТО ќе биде најлош можен развој.

„Ваквото сценарио ги преминува црвените линии на националните интереси на Русија. Ова е сценарио што може да ја принуди Москва да преземе активни мерки за да ја обезбеди својата безбедност“, рече Песков.

Европа

Курц се повлекува од политиката: Не сум ниту светец, ниту злосторник

Објавено пред

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се повлекува од политичкиот живот, објавија австриските медиуми.

Курц денеска излезе пред новинарите и најави оставка и од раководството на партијата.

„Ако погледнете наназад во вашиот живот и пред сè се чувствувате благодарни, можете да се сметате себеси за многу среќни“, рече Курц.

Тој изрази надеж дека го одработил својот дел да ја придвижи, како што кажа, убавата Австрија барем малку во вистинската насока.

Како и да е, секогаш давав сè од себе, рече Курц.

Додаде дека има чувство дека го прогонувале, но дека тоа секогаш го мотивирало него и неговиот тим да бидат што подобри.

„Мојот тим и јас работевме речиси деноноќно во последните 10 години“, нагласи Курц.

„Го занемарив сопственото семејство“, истакна тој.

„Кога се роди мојот син, станав повеќе свесен за тоа колку убави и важни работи има надвор од политиката“, рече Курц.

„Треба да бидете 100 отсто ентузијасти за политика, а јас бев тоа во последните 10 години. Меѓутоа, во последните неколку месеци, недели и денови, страста за политиката спласна односно пламенот се намали“, кажа тој.

На крајот, неговиот секојдневен политички живот главно се свел на бранење од обвинувања, се пожали поранешниот канцелар.

„Јас не сум ниту светец, ниту злосторник“, рече Курц.

Тој поднесе оставка од функцијата канцелар во октомври, откако обвинителството го стави под истрага под сомнение за корупција. Сè уште е партиски лидер и пратеник.

Таблоидот „Кронен цајтунг“ денеска прв објави дека Курц планира да се повлече од лидерската функција во партијата ОВП. Тие тврдат дека причина за ваквата одлука е неодамнешното раѓање на неговото прво дете.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Германија размислува за построги мерки, можна е и задолжителна вакцинација

Објавено пред

Гeрманија наскоро би можела да воведе построги мерки, а во тек се и преговори за задолжителна вакцинација против коронавирусот.

Канцеларката во заминување, Ангела Меркел, и нејзиниот веројатен наследник, Олаф Шолц, денеска ќе одржат состанок со регионалните лидери, а се очекува да се воведат построги мерки за невакцинираните и да се ограничат собирите.

Меѓу мерките што се споменуваат е и проширување на примената на правилото 2Г (пристап за вакцинирани и закрепнати од Ковид-19) и на продавниците, како и ограничување на големите собири. Исто така, можно е да се затворат кафулињата, рестораните и ноќните клубови.

Дополнително, покрај актуелната обврска за вакцинација во одредени институции, наскоро би можела да се воведе и општа обврска за вакцинација. Доколку се постигне договор, тој ќе треба да биде одобрен од Парламентот.

Идниот германски канцелар Олаф Шолц (СПД) најави дека постапката за носење закон за воведување општа обврска за вакцинација може да почне до крајот на годинава. Како што рече, пратениците ќе бидат ослободени од партиските стеги и ќе треба да гласаат по сопствено убедување. Овој начин на изјасување во Бундестагот се применува за етички чувствителни прашања.

Германија вчера забележа 446 смртни случаи како последица на корона, што е најголем број во последните девет месеци. Во последните 24 часа има 73.209 нови случаи.

Прикажи повеќе...

Европа

Докторка во Австрија ампутирала погрешна нога на пациент

Објавено пред

На 82-годишен пациент, кој се лекувал од болки во двете нозе во болницата во Линц во провинцијата Горна Австрија, наместо левата му била ампутирана десната нога.

Роднините на пациентот потоа го тужеле лекарот кој го оперирал.

Окружниот суд во Линц ја објави одлуката за постапката против 43-годишната докторка обвинета за нанесување телесни повреди на нејзината пациентка.

Судот соопшти дека докторката, која во мај ја оперирала десната нога на пациентот наместо левата, е казнета со 2.700 евра.

Таа призна дека направила голема грешка.

Судот одлучи и на вдовицата на пациентот, кој починал пред последното рочиште, да ѝ исплатат 5.000 евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

333 нови случаи на Ковид-19 и 16 починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на...

Македонија47 минути

Граѓаните утре ќе можат да им оддадат последна почит на загинатите во автобуската несреќа

Министерството за надворешни работи информира дека утре (3 декември), во 9 часот, на скопскиот аеродром се очекува да пристигнат посмртните...

Европа4 часа

Курц се повлекува од политиката: Не сум ниту светец, ниту злосторник

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се повлекува од политичкиот живот, објавија австриските медиуми. Курц денеска излезе пред новинарите и најави...

Економија4 часа

Цената на кесите да се зголемува постепено, примената на законот да се одложи, бараат стопанските комори

Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана...

Македонија6 часа

Јовески: Oбвинителите и судиите да работат непристрасно и професионално

Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен....

Европа6 часа

Зголемени тензиите на Западен Балкан, предупредува Столтенберг

Тензиите на Западен Балкан се зголемени , вклучително и во БиХ и Косово, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг....

Македонија7 часа

Сарафов: Идентификувани се сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот Струма

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви...

Свет8 часа

Гутереш: Затворањето на африканските граници поради омикрон е неправедно

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, рече дека затворањето на границите поради новиот сој на коронавирус омикрон е многу неправедно,...

Македонија22 часа

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Македонија22 часа

(Видео) Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на...

Македонија1 ден

Нови 410 заразени со Ковид-19, починале 11 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.674 тестирања,...

Свет1 ден

СЗО со прва проценка за омикрон – заразените се со благи симптоми

Раните индикации сугерираат дека повеќето случаи на омикрон имаат благи симптоми, изјави претставник на Светската здравствена организација. Зборувајќи во име...

Македонија1 ден

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за уште 6 месеци

Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со...

Македонија1 ден

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма која се базира...

Македонија1 ден

Филипче: Не се исклучува задолжителна вакцинација доколку не помогнат апелите на матичните лекари

Само со апели од матичните доктори, без дополнителни мерки ќе се стимулира вакцинацијата и спречувањето на ширење на коронавирусот. Ова...

Македонија1 ден

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ. Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од...

Свет1 ден

Eксперти: Новиот сој на коронавирус омикрон може да биде најава за крај на пандемијата

Новиот сој на коронавирус омикрон е откриен во Јужна Африка, а потоа следат повеќе информации од оваа земја во кои...

Македонија1 ден

Утрово два земјотреса во Кичево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија1 ден

Стартува забраната за бесплатни пластични кеси

Од денеска стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки. Пластичните кеси ќе чинат 15 денари за...

Европа1 ден

Со третата доза на „Фајзер“ над 80 проценти заштита од коронавирус

Третата доза од вакцината против коронавирус на „Фајзер“ го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 проценти или многу повеќе...

Досие