Свет
Песков: Путин не доби покана за комеморацијата во Аушвиц
Рускиот претседател Владимир Путин не доби покана да учествува во одбележувањето на 75 години од ослободувањето на нацистичкиот концентрациски логор Аушвиц-Биркенау, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Не, Владимир Путин не е поканет“, им рече Песков на новинарите без да изнесува детали.
Тој потсети дека Русија ќе ја претставува нивниот амбасадор во Полска, јави ТАСС.
Денешната комеморација ќе се одржи на територијата на поранешниот концентрациски логор, во кој нацистите убиле околу 1,3 милиони луѓе, меѓу кои и повеќе од еден милион Евреи, ослободени од руската Црвена армија на 27 јануари 1945 година.
На настанот ќе бидат присутни претставници од 54 земји од целиот свет, вклучувајќи неколку претседатели, премиери, претседатели на парламенти, министри, меѓународни организации, како и околу 200 преживеани.
Меморијалниот центар „Аушвиц“ соопшти дека не праќал покани, туку само ги информирал сите држави за настанот и ги повикал сами да изберат кој ќе ги претставува на комеморацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британскиот премиер се соочува со партиски бунт поради плановите за забрана на цигари кај младите
Британскиот премиер Риши Сунак се соочува со нов бунт во неговата партија поради плановите да им се забрани на младите да користат цигари.
Ако се усвои законот за тутун, ќе биде прекршок да се продаваат тутунски производи на секој роден по 1 јануари 2009 година, објави Скај њуз.
Планот беше една од трите клучни политички ставки на Риши Сунак што ги објави минатата година. Сепак, некои конзервативци ја критикуваа забраната, што значи дека премиерот ќе мора да се потпре на поддршката на лабуристите за да го усвои законот.
Свет
Шпанскиот премиер ја доби поддршката на Ирска и Норвешка за признавање на Палестина
Шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез, кој собира поддршка ширум Европа за признавањето на палестинската независност, ги придоби Ирска и Норвешка, но не и Португалија откако конзервативците дојдоа на власт таму, објави шпанската јавна телевизија ТВЕ.
„Она што се случи викендов потврдува дека она што го заговараме со месеци е неопходно“, рече Санчез вчера на прес-конференцијата на која присуствуваше со новиот португалски премиер Луис Монтенегро.
Во саботата вечерта Иран го нападна Израел со беспилотни летала како одговор на ракетниот напад врз иранскиот конзулат во Сирија.
„Сега пред нас се отвораат два патишта. Едниот води кон ескалација на војната, а другиот до прекин на огнот на сите страни“, рече Санчез. „Од почетокот на оваа криза, Шпанија се залага за мировен процес со решение за две држави, а со тоа и за заемно признавање на Палестина и Израел“, додаде тој.
Санчез уште порано рече дека Шпанија има намера да ја признае независната држава Палестина до јули и дека наскоро може да се создаде „критична маса“ во ЕУ за тоа да го сторат и другите земји.
Во ова на Шпанија и се придружија Ирска и Норвешка, кои Санчез ги посети во петокот, но новоизбраната влада на Португалија остана воздржана.
Санчез истакна дека меѓународната заедница веќе доцни со спроведувањето на решението за две држави, кое претходно беше предложено од ОН во границите од 1967 година.
„На Палестинците не може да им се помогне ако не се признае нивното постоење“, рече тој.
Додаде дека признавањето на Палестина, која ќе живее во мир со Израел, е единствениот начин за мирен соживот на Израелците и Палестинците.
Регион
На Кристофер Хил му се заканувале со смрт при посета на Филозофскиот факултет во Нови Сад
Смртни закани до американскиот амбасадор Кристофер Хил и професорот од Универзитетот во Нови Сад Динко Грухоњиќ се појавија на социјалните мрежи, по вчерашната посета на амбасадорот на Филозофскиот факултет.
Како што пренесува порталот Автономија од Нови Сад, на социјалните мрежи пишува „Куршум за двајцата“.
Филозофскиот факултет соопшти дека американскиот амбасадор Кристофер Хил го посетил тој факултет и Катедрата за медиумски студии, каде разговарал со деканот Иван Живанчевиќ Шеќеруш и продеканот за меѓународна соработка Зоран Пауновиќ, по што го обиколил мултимедијалното ТВ студио, кое е изградено со помош на Амбасадата на САД.
Се додава дека амбасадорот Хил разговарал со наставниците и учениците за состојбата со слободата на медиумите во Србија и за заканите добиени за новинари, професори и студенти во Нови Сад.
На таа тема, амбасадорот Хил на факултетот одвоено разговараше со Динк Грухоњиќ од Катедрата за медиумски студии на Филозофскиот факултет, кој неодамна беше цел на закани, по што даде интервју и за студентската веб-страница „Универзитетско ехо“ чие создавање беше помогнато и од Амбасадата на САД.
Студентскиот парламент на Филозофскиот факултет поднесе извештај до Етичката комисија на Факултетот против професорот Грухоњиќ за наводен говор на омраза.
Грухоњиќ беше обвинет за говор на омраза врз основа на монтирана видео снимка од форумот во Дубровник од пред една година, каде што наводно величеше воен злосторник од Втората светска војна (Динк Шакиќ), што професорот остро го демантираше и потсети дека целата негова кариера како новинар и професор помина како доследен борец против национализмот и против глорификацијата на политиката за воени злосторства во регионот.