Контакт

Свет

Песков: Русија е подготвена да го разјасни случајот за Навални со ЕУ

Објавено пред

Русија е подготвена да го разјасни инцидентот за рускиот опозициски лидер Алексеј Навални со Европската Унија, а исто така очекува дека Европа ќе ги достави своите податоци, рекол портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Секако дека сме подготвени“, истакнал Песков одговарајќи на прашањето дали Москва е подготвена да им даде објаснување на европските колеги за ситуацијата со Навални, пренесе ТАСС.

Тој додал дека Русија повеќепати објаснила што се случило со берлинскиот пациент на територијата на Русија, поточно во Омск и Томск.

Според него, Русија повеќепати апсолутно транспарентно разговарала за тоа и се објаснила.

„Исто така објаснивме и дека ни се потребни информациите што ги имаат Берлин и Париз и повеќепати објаснивме дека, за жал, ни Берлин ни Париз не брза да ги сподели овие информации со нас, што значајно ја компликува понатамошната разрешница на ситуацијата“, нагласил Песков.

Тој заклучил дека сè што знае Русија за инцидентот со Навални е јавно достапно.

Европа

Грција се подготвува за екстремен топлотен бран

Објавено пред

Грција се подготвува за екстремен топлотен бран со температури кои треба да се искачат до 44 степени целзиусови во наредните денови, пренесуваат агенциите.

Грчката метеоролошка служба и Националната цивилна заштита вакво предупредување издадоа денеска, а според најавите топлиот бран се очекува да трае до 8 август, невообичаено долг период, велат надлежните служби.

Од утре натаму се очекува температурата во текот на ноќта да биде над 30 степени, што е особено тешка состојба за човечкото тело со оглед на тоа што не може да се опорави од топлината, велат експертите.

Кај грчките служби постои и страв дека пожарите би можеле да започнат рапидно да се шират низ земјата во која падна малку дожд во последните неколку недели.

Тамошните медиуми потсетуваат дека во 1987 година, 4.000 луѓе починаа од сличен топлотен бран, кога системите за климатизација сè уште не беа вообичаени. Тогаш посебно погодени беа постарите луѓе во градовите.

Големи делови на полуостровот Пелопонез беа изгорени во пожарите во 2007 година за време на уште еден топлотен бран кога загинаа десетици луѓе.

Прикажи повеќе...

Регион

Возачот на косовскиот автобус во кој загинаа 10 лица се бранел со молчење

Објавено пред

Возачот на косовскиот автобус, во кој во неделата загинаа 10 патници, а повеќе од 40 беа повредени, се бранеше денеска со молчење за време на испрашувањето во окружното државно обвинителство во Славонски Брод, пренесуваат регионалните медиуми.

“Го испрашував пријавениот кој се бранеше со молчење. По ова, ќе се донесе одлука за спроведување истрага поради основано сомнение за сторено кривично дело. Ќе биде предложен и истражен затвор, за кој ќе се одлучува на утрешното рочиште закажано за  9 часот “, изјави Фрањо Копунич, претставник од обвинителството.

Тој потврдил дека на возачот му е доделен адвокат по службена должност.

По сослушувањето, возачот е вратен во притвор. Според поднесената кривична пријава, возачот на автобусот се соочува со затворска казна од шест месеци до 15 години.

Прикажи повеќе...

Свет

Поранешниот туниски претседател Марзуки го осуди државниот удар

Објавено пред

Поранешниот туниски претседател Монсеф Марзуки го осуди распуштањето на владата и суспендирањето на парламентот од страна на претседателот на земјата Кајс Саид нарекувајќи го пуч, пренесува „Анадолија“.

„Саид го прекрши Уставот на кој се заколна и си ги даде себеси сите овластувања. Саид се смета себеси за шеф на извршната власт и прв судија. Ако пучот успее, економските и здравствените услови (на земјата) уште повеќе ќе се влошат“, предупреди Марзуки во видеопораката објавена на „Фејсбук“ нарекувајќи го Саид „најголемиот проблем за Тунис“.

Во својот вчерашен говор Саид рече дека ќе го укине имунитетот на сите пратеници и дека ќе ја преземе улогата на јавен обвинител појаснувајќи дека ја донел оваа одлука по консултации со премиерот Хичем Мечичи и со претседателот на парламентот, Рашед Гануши.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија5 часа

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија6 часа

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија6 часа

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија7 часа

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа8 часа

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Македонија8 часа

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје и им го одзеде животот на...

Свет9 часа

Фаучи: Најверојатно ќе биде потребна трета доза од вакцината

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, процени дека на вакцинираните Американци чиј имунолошки систем е загрозен, може да...

Македонија10 часа

Сеќавање за жртвите – Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во кој 1.070...

Македонија11 час

Почнува вакцинирањето во домашни услови

Од денеска граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина...

Македонија1 ден

Охридското Езеро засега го задржува статусот на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и...

Регион1 ден

Возачот на косовскиот автобус признал дека задремал зад воланот, загина и неговиот колега

Хрватската полиција го уапси возачот на косовскиот автобус кој денеска излета од автопатот кај Славонски Брод, Хрватска. Најмалку 10 лица...

Македонија1 ден

МНР купи електрични тротинети за вработените, набавката била дел од проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, образложувајќи...

Свет1 ден

(Видео) Невреме повторно ја погоди Белгија, поплавата носеше возила

Силно невреме повторно ја погоди Белгија и предизвика штета, десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица. Возилата во...

Македонија1 ден

Скопје добива легални ѕидови за слободно користење на уличните уметници

Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две...

Македонија1 ден

Мал процент на граѓани се заразиле со Ковид по две дози вакцина, од утре вакцинација и дома

Само 0,02 отсто од македонските граѓани се заразиле со коронавирус по вакцинацијата. Конкретно, од вкупно 330.320 граѓани со примени две...

Македонија1 ден

Гужви на Богородица и Табановце, за влез и излез во државата се чека и до 45 минути

Големо раздвижување на граничните премини има утрово. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за...

Македонија2 дена

Силно сме спротивставени на корупцијата, велат од Владата по извештајот на Стејт Департментот

Силно сме спротивставени на корупцијата – за разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните...

Македонија2 дена

Заев: Во првиот круг секој ќе настапи со свој кандидат, а во вториот ќе коалицираме со ДУИ, БЕСА и ДПА

Бидејќи сме коалициони партнери со ДУИ, БЕСА и со ДПА, заедно ќе настапиме за локалните избори, изјави премиерот и претседател...

Македонија2 дена

Регистрирани 37 нови случаи на коронавирус, најмногу во Тетово и Скопје

Во последните 24 часа се направени 4.264 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 13, Скопје...

Досие