Свет
Песков: Русија и Украина не се блиску до потпишување на договорот

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сè уште не планира патување во зоната на операција во Украина.
„Сè уште не е планирана средба со борците во болниците“, рече Песков.
На прашањето дали Русија и Украина се блиску до потпишување на договорот, Песков одговори со „не“.
„Работата продолжува, кога ќе се постигне напредок, ќе ве информираме“, додаде тој.
Песков рече дека преговорите меѓу Русија и Украина треба да продолжат денеска, треба да има контакти.
„Тие треба да продолжат денеска. Не знам дали се веќе на пат или не, но денеска треба да бидат во една или друга насока“, им изјави Песков на новинарите одговарајќи на прашањето дали денеска продолжуваат преговорите меѓу руската и украинската страна.
Песков се осврна и на изјавата на претседателот на САД, Џо Бајден, кој рече дека Путин е воен злосторник.
„Изјавите на претседателот на САД, Џо Бајден, за шефот на Руската Федерација, Владимир Путин, се недозволиви, претседателот на државата што бомбардира други земји нема право на такви зборови“, рече Песков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германија набави 40.000 вакцини против мајмунски сипаници

Германија нарача 40.000 дози од вакцината од баварската фармацевтска компанија „Нордик Бава“ (Nordic Bava) за да биде подготвена да ги имунизира инфекциите од мајмунски сипаници, доколку епидемијата стане сериозна, но во моментов се преземаат други мерки на претпазливост, изјави министерот за здравство, Карл Лојтербах.
Тој посочи дека мерките како изолација во траење од 21 ден се препорачуваат за заразените и дека засега треба да бидат доволни за да се спречи ширењето на болеста.
„ Доколку болеста дополнително се прошири, сакаме да бидеме подготвени за евентуални вакцини кои се уште не се препорачани, но би можеле да станат неопходни – нагласи Лотербах.
Според него, епидемијата на мајмунски сипаници може да се сузбие и ништо не укажува на почеток на нова пандемија. Тој верува дека раната интервенција може да го спречи патогенот да навлезе подлабоко во заедниците.
Претставник на Институтот за заразни болести Роберт Кох, Лотар Вилер изјави дека досега се регистрирани пет случаи на мајмуни сипаници.
Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави слични упатства, во кои се наведува дека за епидемијата не е потребна масовна вакцинација бидејќи мерките, како што е хигиената, може да помогнат во контролата на ширењето на болеста.
СЗО досега има регистрирано повеќе од 250 потврдени и сомнителни случаи на инфекција со мајмунска сипаница. Ширењето е невообичаено за оваа болест, која е ендемична во делови од Западна и Централна Африка, но е многу ретка во други делови.
Свет
Шојгу: Свесно ја забавивме операцијата заради евакуацијата на цивили

Офанзивата на руската армија против Украина намерно се забавува за да се овозможи евакуација на цивили, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„ За да жителите ги напуштат опколените населени места, се прогласуваат режими на молк и се отвораат хуманитарни коридори. Секако, тоа го успорува темпото на офанзивата, но тоа се прави свесно за да се избегнат цивилни жртви“ – изјави Шојгу на состанокот на Советот на министри за одбрана на ОДКБ, пренесува РИА Новости.
Тој посочи дека Русија ќе ја продолжи специјалната воена операција во Украина додека не се исполнат сите задачи и покрај големата помош на Западот за Киев и санкциите на кои е изложена.
Свет
Столтенберг: НАТО сака да избегне војна со Русија

НАТО нема да испрати војници во Украина бидејќи сака да избегне војна со Русија, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Тој на Светскиот економски форум во Давос потсети дека од избувнувањето на војната, НАТО значително ја зајакнало поддршката за Украина за да го задржи правото на самоодбрана, пренесува Тас с.
„ Главната одговорност на НАТО е да ги заштити сите сојузници и да спречи ескалација на оваа војна. Не сакаме да предизвикаме конфликт, туку да го спречиме и да го зачуваме мирот“, рече Столтенберг.
Тој истакна дека од 2014 година земјите-членки на НАТО веќе потрошиле десетици милијарди долари за обука и опремување на украинската армија. Исто така додаде дека земјите-членки на Алијансата почнале да ја зајакнуваат сопствената безбедност таа година и дека 40.000 војници моментално се под команда на НАТО во близина на границите со Русија, во значајни воздушни и поморски средства, а уште 100.000 се во состојба на готовност.
Столтенберг рече дека НАТО сите тие подготовки ги смета за „мерки на одвраќање“ со цел да се елиминира секоја можност за недоразбирање или лоша проценка во Москва.