Европа
Песков: Руската операција во Украина се одвива според планот, не баравме помош од Кина

Руската специјална воена операција во Украина продолжува во согласност со првичниот план и ќе биде завршена навреме и целосно спроведена, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Русија има доволно потенцијал да спроведе специјална воена операција во Украина. Операцијата се изведува во согласност со првичниот план и ќе биде завршена навреме и целосно“, нагласи Песков, пренесува ТАСС.
Песков рече и дека Русија не побарала помош од Кина за спроведување специјална воена операција во Украина.
Американските медиуми „Фајненшл тајмс“ и „Вашингтон пост“ објавија претходно, повикувајќи се на неименувани американски претставници, дека Русија побарала од Кина воена опрема откако таа го почнала нападот на 24 февруари.
Американските власти потоа го предупредија Пекинг дека ќе има последици доколку Кина се обиде да ѝ помогне на Русија да ги надомести загубите од западните санкции.
Како дезинформација, Кина ги отфрли тврдењата на американските официјални лица дека Русија побарала од Пекинг воена помош за акциите во Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, им се обрати на собраните на Светскиот економски форум (СЕФ), кој се одржува во Давос, Швајцарија.
Тој рече дека Русија сè уште се надева оти ќе го преземе главниот град на Украина.
„Јасно е дека не станува збор за специјална воена операција, како што тврди Русија, туку за војна, една од најголемите по Втората светска војна. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и многу деца, а на истокот на земјата се води голема битка“, рече Кличко.
Тој рече дека не е тајна оти окупацијата на цела Украина и понатаму е приоритет на Русија, „а нејзината главна цел е главниот град, срцето на земјата“, додавајќи дека „целиот свет виде докази за воени злосторства преку сателитските снимки на Буча“.
„Сите разбираат дека ова не е специјална операција, туку геноцид врз украинскиот народ“, рече Кличко мислејќи на човечкото страдање во Украина, пренесуваат медиумите.
Европа
Украина: Двајца руски војници се изјаснија за виновни за воени злосторства

Двајца руски војници, кои беа заробени од украинските сили, денеска, за време на второто судење за воени злосторства во војната во Украина, ја признаа вината за гранатирањето на град во источниот дел на таа земја.
За време на судењето во Окружниот суд во Котелевск во централна Украина, државните обвинители побараа казна од 12 години затвор за Александар Бобикин и Александар Иванов за, како што наведоа, кршење на законот за војна, пренесува „Ројтерс“.
Бобикин и Иванов признаа дека биле дел од артилериска единица, која од областа Белгород во Русија гаѓала цели во областа Харков.
Европа
Шолц: Русија нема да победи во војната во Украина, ниту ќе ги диктира условите за мир

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир.
„Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина“, рече Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос, пренесува „Ројтерс“.