Контакт

Европа

Пет сомнeвања за згрутчување на крвта по вакцинирањето со „астра зенека“ во Северна Ирска

Објавено пред

Во Северна Ирска се пријавени пет сомнителни случаи на згрутчување на крвта поврзани со вакцината на „Астра зенека“. До 28 април оваа вакцина ја примиле 550.000 луѓе во Северна Ирска.

Бројот на пријавени несакани реакции е пропорционален на другите сомнителни случаи од цела Велика Британија, вклучително и Англија (198), Шкотска (18), Велс (9) и дополнителни 12 случаи за кои не е позната локацијата, пишува Би-би-си.

Во изјавата британското Министерство за здравство рече дека вакцината на „Астра зенека“ веќе спасила илјадници животи во Велика Британија и во целиот свет.

„Несаканите ефекти по првата доза на вакцината на ‘Оксфорд-Астра зенека’ се исклучително ретки“, објавија тие.

„МХРА (Агенција за регулирање на лековите) нагласува дека за огромното мнозинство луѓе придобивките од спречување сериозни болести и смрт се многу поголеми од какви било ризици“, наведува Министерството.

На владината веб-страница се наведува дека пријавените настани не се секогаш докажани несакани ефекти бидејќи некои настани може да се случат без оглед на вакцинацијата.

Заклучно со 28 април во Велика Британија се пријавени 54.139 потенцијални несакани ефекти од вакцината на „Фајзер/Бионтек“, 160.543 на „Астра зенека“, 683 на „Модерна“ и 574 каде што не е наведен типот на вакцина.

Апсолутниот ризик од згрутчување по примањето на вакцината на „Астра зенека“ е околу еден на милион.

„Фактот што сега излеговме од блокада во голема мера се должи на достапноста на вакцините на ‘Астра зенека’ и ‘Фајзер’“, тврдат од британското Министерство за здравство.

Најновите податоци од Велика Британија откриваат дека е забележан поголем број сомнителна тромбоза кај возрасната група од 50 до 59 години (68). Пријавени се 38 случаи во групата од 40 до 49 и 31 година за оние на возраст помеѓу 30 и 39 години.

Статистичките податоци откриле дека жените биле повеќе погодени отколку мажите.

Сите вакцини и лекови имаат некои несакани ефекти, а според регулаторот на МХРА, овие несакани ефекти треба да се балансираат со очекуваните придобивки во превенцијата на коронавирусот.

Европа

Во Москва драматична ситуација поради вирусот, работниците мора да се вакцинирaат што побрзо

Објавено пред

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, денеска предупреди дека ситуацијата со коронавирусот во руската престолнина е драматична.

Собјанин изјави дека во болниците има повеќе од 12.000 пациенти и дека бројот на новозаболени е на ниво на пиковите од претходните бранови на епидемијата, пренесува РИА Новости.

Во изминатите 24 часа, во Русија биле потврдени 13.397 нови случаи на Ковид-19, со најмногу новозаразени во Москва – 5.782.

Претходно, поради зголемувањето на бројот на случаи на коронавирус, Собјанин прогласи неработни денови во главниот град на Русија од 15 до 19 јуни.

Како што пренесува РТ, Москва во моментот е првиот град во светот со задолжителна вакцинација, не само за здравствените работници, туку и за вработените во други индустрии.

Шефицата на московскиот оддел на Руската служба за заштита на јавното здравје и правата на потрошувачите (Роспотребнадзор), Елена Андрејева, им постави на раководните организации задача да вакцинираат 60 проценти од вработените што е можно поскоро.

Таа прецизираше дека вработените треба да ја примат првата доза на вакцината до 15 јули, а втората до 15 август, пренесува РИА Новости.

Ова првенствено се однесува на вработените во услужниот сектор, трговијата, угостителството, транспортот, здравството, домувањето и комуналните услуги, образованието и културата.

Прикажи повеќе...

Европа

Фон дер Лаен: Почнува активирање средства од фондот за обновување од пандемијата

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денес е во посета на Лисабон и Мадрид, каде што ќе почне со одобрување на плановите за закрепнување, поднесени од земјите што бараат средства од фондот за обновување од пандемијата.

Ова е историско достигнување, рече Фон дер Лаен пред Европскиот парламент минатата недела најавувајќи брзо активирање на планот за закрепнување од 750 милијарди евра изработен пред речиси една година.

Португалија, која во моментот е претседател на ЕУ, го направи приоритет брзото усвојување на овие планови за закрепнување по препорака на Комисијата.

Шпанија ќе биде втор по големина корисник на фондот за спасување по Италија, а Мадрид ќе добие 140 милијарди евра, од кои половина ќе бидат во форма на директни грантови и заеми.

„Две јужноевропски земји, кои порано не се чувствуваа поддржани во Европа, сега имаат корист од извонредната поддршка и дарежливост на нивните северни партнери“, рече Тони Ролдан, раководител на истражувањето во Центарот за економска политика „Есаде“ во Мадрид.

Шпанија беше особено погодена кога пандемијата првпат избувна на почетокот на 2020 година, а Португалија претрпе голем скок на бројот на новозаразени случаи претходно оваа година.

Со оглед на тоа што обете земји се силно зависни од туризмот, нивните економии се значително погодени.

Од должничката криза во еврозоната, која почна во 2011 година, Лисабон и Мадрид честопати беа на удар затоа што поштедливите европски членки беа фрустрирани што требаше да издвојат пари за да го субвенционираат трошењето.

Ролдан изјави дека иако некои од условите за стимулативните пакети остануваат нејасни, Шпанија и Португалија може да покажат поголема реформска амбиција во користењето пари, особено во областа на образованието.

Прикажи повеќе...

Европа

Захарова: Авторите на стратегијата на ЕУ кон Русија имаат проблем со чувството за реалност

Објавено пред

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, по повод надворешнополитичката стратегија на Европската Унија за Русија изјави дека нејзините автори имаат проблеми со познавањето на историјата и разбирањето на реалноста.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, претходно изјави дека стратагијата ќе биде усвоена по три принципи – одбивање, зауздување и соработка со Москва, пренесува ТАСС.

„Можете ли да замислите личност што ви нуди односи засновани врз принципите на одбивање, зауздување и соработка? Можете ли? Тоа е Борел“, напиша Захарова на својот канал на „Телеграм“.

Според неа, авторите на стратегијата очигледно имаат проблем со познавањето на историјата и чувството за реалност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Свет3 часа

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешнополитичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Регион3 часа

Нови мерки во Србија – дозволени се матурски прослави, угостителите може да работат и на затворено

Поради постабилната епидемиолошка состојба во Србија, од денес во сила се нови мерки, од кои повеќето се однесуваат на угостителските...

Македонија4 часа

Од денеска нема полициски час, дозволени се веселби и настани на отворено

Од ноќеска на полноќ престана да важи одлуката за полициски час, а се укина и ограничувањето на работното време на...

Свет5 часа

Средбата Путин – Бајден во Женева под строго засилени мерки

Денеска, во Женева, американскиот претседател, Џо Бајден, ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, и тоа ќе биде нивна...

Економија5 часа

Денеска се затвора јавниот повик за ваучери за одмор на работници со ниски приходи

Министерството за економија ги известува граѓаните дека заклучно со денешниот ден, 16 јуни (среда), се затвора јавниот повик за издавање...

Свет5 часа

(Видео) Израел бомбардира позиции на Хамас, прекршено примирјето во Појасот Газа

Израел синоќа ги бомбардира позициите на Хамас, со тоа беше прекршено примирјето во Појасот Газа, јавуваат светските агенции. Израелската страна...

Топ20 часа

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија22 часа

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија24 часа

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија1 ден

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет1 ден

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија1 ден

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија1 ден

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет1 ден

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија1 ден

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет1 ден

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет1 ден

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет1 ден

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија2 дена

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Досие