Контакт

Европа

Новиот план за брегзитот предвидува Северна Ирска да остане во посебени односи со ЕУ до 2025

Објавено пред

Според новиот план за брегзитот на британскиот премиер Борис Џонсон, Северна Ирска ќе остане во посебни односи со Европската Унија до 2025 година, објави весникот „Телеграф“.

Според планот што треба биде објавен денес, Северна Ирска во голема мера ќе остане во единствениот пазар на ЕУ најмалку до 2025 година, но покраината би ја напуштила царинската унија на ЕУ заедно со остатокот од Велика Британија, се вели во извештајот.

Демократската унионистичка партија на Северна Ирска (ДУП) главно е задоволна од предлозите, објави „Гардијан“ додавајќи дека планот го поддржал лидерот на ДУП, Арлен Фостер.

Ирскиот министер за надворешни работи, Симон Ковеј, пак, рече дека предлозите нема да обезбедат основа за договор со Европската Унија и дека се загрижувачки.

Како што беше најавено, Џонсон денеска треба да ја објави својата конечна понуда за брегзит, но и ќе му соопшти на Брисел дека, освен ако ЕУ не се согласи, Велика Британија нема понатаму да преговара и ќе ја напушти Унијата на 31 октомври, без договор.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Граѓаните на Лондон ги симнале демонстрантите од воз

Објавено пред

За време на протестите на активистите на еколошката група „Бунт против изумирање“, кои го блокирале железничкиот сообраќај во источниот дел на Лондон, лутите патници ги симнале активистите од покривот на возот.

Тоа се случило на станицата Кенинг Таун кога лутите патници симнале двајца активисти облечени во јакни и вратоврски и со транспарент на кој пишувало: „Работата, како и обично, еднаква на смртта“, според „Скај њуз“.

Активистите се качиле на врвот на возот со скала предизвикувајќи брза реакција на патниците, кои фрлале сендвичи и пијалаци кон нив.

Имало мала расправија кога еден од активистите што останале на перонот го удрил патникот кој сакал да се качи на скалата и да ги симне активистите од покривот, а тој реагирал така што му ја превртел раката и го спуштил на земјата.

Пред да бидат уапсени двајца активисти од покривот физички се судриле со патниците, а човекот што го снимал целиот инцидент добил ќотек од дел од лутите патници.

Лондонската полиција соопшти дека неколку лица се уапсени и ги осуди постапките на демонстрантите.

Прикажи повеќе...

Европа

Корбин: Не сме задоволни од договорот за брегзитот, ќе гласаме против

Објавено пред

Британските лабуристи не се задоволни од новиот договор за брегзитот и сметаат дека тој е уште полош од она што го постигнала поранешната премиерка Тереза Меј.

„Не сме задоволни од овој договор и ќе гласаме ‘против’“, рече Џереми Корбин, лидерот на Лабуристичката партија, најголемата опозициска партија во Велика Британија, во Брисел.

Корбин во изјавата рече дека судејќи според она што се знае, се чини дека премиерот Борис Џонсон преговарал за уште полош договор од оној на Тереза Меј, кој во голем дел бил одбиен од британскиот Парламент, се вели во извештајот на агенцијата АП.

Велика Британија и Европската Унија постигнаа нов договор за брегзитот, објави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

„Каде што има волја, има и договор – ние го постигнавме! Тоа е фер и балансиран договор за ЕУ и Велика Британија, што сведочи за нашата заложба за изнаоѓање решение“, нагласи Јункер.

Прикажи повеќе...

Европа

По веста за договорот, фунтата достигна петмесечен максимум

Објавено пред

Фунтата денес порасна во однос на доларот кога британскиот премиер Борис Џонсон откри дека е постигнат договор за брегзитот со Европската Унија.

Стерлингот се зголеми 1 процент, над 1,29 долар утрово, што за валутата значи петмесечен максимум.

Фунтата се зголеми повеќе од 6 проценти во однос на доларот оваа недела бидејќи постоеше надеж дека ќе се постигне договор за брегзитот.

Фунтата исто така се зголеми 0,5 проценти во однос на еврото, па фунтата вреди 1,1129 евро.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион47 минути

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија2 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет2 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион3 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија4 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија5 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија5 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ7 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија7 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ7 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија8 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа8 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија9 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа10 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион11 час

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет11 час

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа11 час

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија22 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија23 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија1 ден

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Досие