Свет
Повеќе жртви во експлозија во близина на либанската амбасада во Дамаск

Најмалку две лица се убиени, а шест други се повредени по експлозијата што го потресе квартот Мазех во Дамаск кога сириската воена воздушна одбрана нападна непријателска цел над блиското предградие Дараја, пренесува САНА.
Во ракетниот напад сношти беше погодена цивилна зграда во близина на либанската амбасада во западниот округ на главниот град, во кој се сместени универзитетот во Дамаск и многу дипломатски мисии. Сè уште не е јасно кој стои зад нападот.
На социјалните мрежи се појавија голем број фотографии на кои се прикажани последиците од нападот за кој се чини дека оштетил најмалку една зграда, која подоцна се запалила. Некои корисници на интернет шпекулираа дека Израел можеби го извршил нападот бидејќи ракетата, наводно, дошла од либанскиот воздушен простор, кој претходно бил прекршен од израелската авијација (ИАФ) во повеќе наврати за да бомбардира цели во Сирија.
Израел ниту ги потврдува ниту ги негира извештаите на странските медиуми за своите прекугранични напади. Извештаите за нападите врз сириската престолнина се случија помалку од еден час откако Израел објави дека убил врховен командант на Исламскиот џихад, вооружена група во Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Писателот Хандке ја прими Нобеловата награда, додека пред зградата во Стокхолм се одржуваа протести

Австрискиот писател Питер Хандке вечерва ја доби Нобеловата награда за литература во Стокхолм, додека пред зградата се одржува протест. Овогодишниот добитник на Нобелова награда за литература е познат по своите контроверзни ставови за тоа што се случи во регионот, односно го негираше геноцидот во Сребреница и повика на одбрана на Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија и обвинет за воени злосторства во Хаг.
За време на доделувањето на Нобеловата награда се одржа голем протест против Шведската академија и одлуката годинешниот лауреат да биде контроверзниот австриски писател Питер Хандке.
Аднан Махмутовиќ, организатор на денешните протести во шведската престолнина по повод доделувањето на Нобеловата награда за Хандке, рече дека одлуката на Шведската академија може да има огромни последици за сите од балканскиот регион, но и Шведска, Европа и светот.
Речиси сите балкански земји одлучија да го бојкотираат вечерашното доделување на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке, поради неговата поддршка на режимот на Милошевиќ.
Свет
Се подготвува масовен каталонски протест во пресрет на дербито Барселона – Реал Мадрид

Каталонската платформа „Демократско цунами“ ги повика заговорниците за независност на Каталонија за масовни протести по осум дена пред стадионот „Камп Ноу“, каде ќе се игра најголемото фудбалско дерби во Шпанија меѓу Барселона и Реал Мадрид.
Во соопштението, „Демократско цунами“ вели дека повеќе од 18.000 луѓе веќе го потврдиле своето учество преку социјалните медиуми. Тие ги повикаа демонстрантите на четири локации околу стадионот во 16 часот, само четири часа пред да започне натпреварот.
„Демократско цунами“ собра 25.000 демонстранти на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во октомври, каде се судрија со полицијата додека се обидоа да го блокираат и суспендираат воздушниот сообраќај на аеродромот. Тие протестираа за „неправедните пресуди“ против поранешните членови на каталонската влада, осудени за одржување на референдумот за независност во 2017 година, којшто беше забранет од шпанскиот Уставен суд.
Натпреварот меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра на 18 декември, откако мечот беше одложен поради безбедносните проблеми поради насилните протести во Барселона. Натпреварот требаше да се одигра на 26 октомври, но беше откажан.
„Тоа ќе биде настан што ќе го следат 650 милиони луѓе низ целиот свет“, се вели во повикот на „Демократско цунами“. Не е познато кој стои зад оваа иницијатива.
Во октомври, деветмина каталонски функционери беа осудени на 9 до 13 години затвор за организирање референдум за независност и покрај забраната на Уставниот суд.
Регион
Хрватските возачки дозволи во иднина ќе важат и во САД, Канада, Аргентина …

Парламентарците денеска го поздравија пристапувањето на Хрватска во Конвенцијата за патен сообраќај, односно Женевската конвенција, со која ќе се овозможи возачките дозволи издадени во Хрватска да бидат валидни и во земји кои се потписнички на Конвенцијата, меѓу кои се САД, Канада, Јапонија, Австралија и Аргентина.
Хрватска е потписник на Виенската конвенција, според која меѓународните возачки дозволи издадени во Хрватска не се валидни во земји кои се членки на таа конвенција, поради што беше неопходно да се реши овој проблем.
Во моментов, 79 се држави потписнички на Виенската конвенција и 98 на Женевската конвенција.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци