Контакт

Свет

Повеќе од половина од Швеѓаните одбиваат да примат повеќе бегалци

Објавено пред

Ново истражување за ставовите кон миграцијата низ Европа покажа дека повеќе од половина од Швеѓаните велат дека не сакаат земјата да прима повеќе бегалци, што ја прави една од најскептични земји кон мигрантите, пренесува „Ел Паис“.

На околу 8.000 луѓе во Германија, Полска, Шпанија, Унгарија, Италија, Белгија, Франција и Шведска им биле поставени серија прашања, вклучувајќи го и прашањето: Дали се согласувате со изјавата:” Мојата земја не треба да прима повеќе бегалци од конфликтните области? “, на што 51 отсто од шведските испитаници рекле дека се согласуваат.

Додека Полска и Италија се изедначени со 53 отсто испитаници кои се согласуваат со изјавата,
Шведска ја надмина дури и Унгарија, нација обележана поради нејзиниот силен антимигрантски став и политики, со 49 отсто.

Повеќе од една третина, односно 35 отсто, од испитаниците во сите анкетирани земји изјавиле дека миграцијата е најважното прашање со кое се соочува ЕУ денес, но само 14 отсто рекле дека Унијата успеала соодветно да се справи со мигрантската криза во 2015 и 2016 година.

Од друга страна, 41 отсто од Германците велат дека би примиле повеќе бегалци иако земјата беше најголем примател на мигранти во екот на мигрантската криза, и покрај предизвиците како растечкиот криминал, зголемените трошоци и слабата културна и економска интеграција.

Огромното мнозинство Швеѓани сметаат дека земјата оди во погрешна насока, при што многумина се загрижени за криминалот и имиграцијата.

За Шведска миграцијата, главно прашање на изборите е миграцијата уште од екот на мигрантската криза во 2015 година, а проблемот доминираше на националните избори во 2018 година.

Неколку извештаи во Шведска ги истакнаа проблемите околу масовната миграција, вклучувајќи и непубликуван извештај претходно оваа година, кој покажа дека трошоците за зголемување на миграцијата што ги вети шведската влада претходно годинава ќе бидат многу поголеми од првично најавените.

Друг извештај, од шведскиот радиодифузер СВТ, обелодени дека во период од пет години мигрантите претставуваат 58 отсто од осудените за силување. Бројот се зголемува на 85 отсто кога ќе се земат предвид насилните силувања во кои жртвата претходно не го знаел сторителот.

 

Свет

(Видео) Обезбедувањето им ги одзеде палестинските знамиња на претставниците на Исланд

Објавено пред

Исландските претставници на Евровизија, групата „Хатари“ можат да бидат казнети бидејќи нивните членови развеаа палестински знамиња за време на финалната вечер.

Член на бендот тајно го снимал обезбедувањето како им ги бара знамињата и видеото го објави на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

🇵🇸 #eurovision2019

A post shared by Einar Stef (@einar.stef) on

Со веењето на палестинското знаме тие ги прекршиле правилата на манифестацијата.

За време на прогласувањето на резултатите, групата „Хатари“ го искористи моментот додека беа во крупен кадар, да ги покажат знамињата за поддршка на Палестина, на што публиката реагираше бурно.

Знамето на Палетина се појави и во перформансот на Мадона, овојпат едно до друго до израелското.

Светските медиуми ова го протолкуваа како порака за помирување меѓу Израел и Палестина.

Прикажи повеќе...

Европа

Протести во европските градови против национализмот

Објавено пред

Илјадници луѓе протестираа денеска во градовите ширум Европа против десничарскиот популизам и национализам, а пред изборите за Европскиот парламент од 23 до 26 мај.

Маршевите под слоганот: „Една Европа за сите: Вашиот глас против национализмот“ беа одржани во Берлин, Келн, Лајпциг, Франкфурт, Минхен и Хамбург, пренесе „АП“.

Организаторите на повеќе од 70 групи велат дека ја поддржуваат Европската Унија, но бараат промени во миграциската политика, како и поддршка за мисијата за спас на бегалците во Средоземното море.

Планирани се и собири под слоганот „Не за омразата, да за промените“, во Будимпешта, Женева, Варшава, Букурешт и други градови.

Прикажи повеќе...

Европа

Швајцарците на референдум го одобрија новиот закон за оружје

Објавено пред

Швајцарците денеска на референдуми ги одобрија законските измени за заострување на условите за поседување на оружје.

За измените гласале 67 проценти од избирачите, а 33 биле против.

Ако не поминеа измените, на Швајцарија и се закануваше да биде исклучена од европските договори од Шенген и од Даблин, кои земјата ги почитува иако не е членка на ЕУ.

Заострените услови за поседување оружје се однесуваат на полуавтоматското оружје со големи шаржери и на некои видови пушки.

Швајцарците денеска на референдум ги одобрија и реформите на даночниот и пензискиот систем.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа7 часа

Предвремени избори во Австрија на почетокот од септември

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени...

Македонија9 часа

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за...

Економија9 часа

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во...

Топ12 часа

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај...

Македонија13 часа

(Видео) Заев во Србија на отворањето на Коридор 10: Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи

Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26...

Естрада21 час

Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, нејзината изведба ни го носи највисокиот пласман досега

Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на...

Европа1 ден

Демонстрантите во Виена го прославија колапсот на владејачката коалиција

На плоштадот меѓу седиштата на австриската влада и претседателот на Републиката вечерва илјадници луѓе го прославија колапсот на владејачката коалиција...

Европа1 ден

Курц најави предвремени избори во Австрија

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, предложи распишување на предвремени избори во земјата откако вицеканцеларот и негов коалициски партнер, Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе...

Европа1 ден

Принцот Вилијам зборуваше отворено за смртта на мајка му и менталното здравје

Британскиот принц Вилијам, неодамна говорејќи за смртта на својата мајка, принцезата Дијана, ја опиша тагата што ја почувствувал како болка...

Македонија1 ден

(Видео) Стоилковски: Богоевски на свој трошок да направи тест за наркотици и да поднесе оставка

Пратеникот Павле Богоевски итно сам да се повлече од пратеничката функција, а МВР и ОБвинителството сериозно да го истражат случајот,...

Македонија1 ден

Медиумите и социјалните мрежи со осуда за Павле Богоевски-сентимент анализа на „Макфакс“

Пратеникот Павле Богоевски и неговиот став за аферата со „пола кокаин или масло од канабис“ наиде на многу негативни оценки...

Топ1 ден

Се запали возило во дворот на МВР

Денес околу 10 часот во кругот на Министерството за внатрешни работи се запалило службено возило. Возилото е од марката „пинц...

Забава2 дена

Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма во евровизиското финале

Македонската претставничка, Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма по ред во финалето на годинешниот Евросонг, во Тел Авив, Израел. Тамара ќе...

Македонија2 дена

СДСМ: Усвоени законите за првосудството и за прекин на бременоста што ги кочеше Иванов

Собранието повторно ги усвои законите од правосудството и Законот за прекин на бременоста кои се во интерес на државата и...

Македонија2 дена

Џафери: Нема правен основ за наркотест на пратениците

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, попладнево соопшти дека во Уставот и Деловникот на парламентот нема правен основ според кој би...

Македонија2 дена

(Видео) Рауфи: Учесниците во Диво Насеље не се терористи туку борци за права

Адвокатот Насер Рауфи, бранител на дел од осудениците од Диво Насеље, по денешното излагање на јавната седница на Апелацискиот суд...

Естрада2 дена

Мадона пристигна во Израел со 30 тони опрема

Со товарен авион со 30 тони опрема, 70 скали и лифт за настапот, Мадона пристигна во израелскиот град Тел Авив,...

Македонија2 дена

Три месеци условна казна затвор за Тони Михајловски за заканата кон Тричковски

Актерот Тони Михајловски, против кого скопското обвинителство поднесе обвинение за закани кон новинарот Бранко Тричковски, на денешното рочиште призна вина...

Македонија2 дена

Адвокатка на обвинети во „Диво Насеље“: Обвинителството нема цврсти докази

На денешната јавна седница за настаните од Диво Насеље каде одбраната ги изведува жалбените наводи пред петчлениот судечки совет на...

Македонија2 дена

Независната пратеничка група бара лекари во понеделник да ги тестираат пратениците за дрога

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ најави дека денеска ќе поднесе иницијатива до Собранието сите пратеници доброволно да направат тест...

Досие