Свет
Повеќе од 100 конгресмени повикуваат на итно разрешување на Трамп
Повеќе од 100 американски конгресмени повикаа на заминување на Доналд Трамп од власта откако неговите приврзаници упаднаа во зградата на Капитол, јавува „Ен-би-си њуз“. Групата се состои од 120 пратеници и 17 сенатори, вклучително и претседателот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, и лидерот на малцинството, Чак Шумер. Меѓу нив има само еден републиканец – Адам Кинцингер, член на Претставничкиот дом од Илиноис.
Некои од нив поддржуваат импичмент, некои се залагаат за смена на Трамп од власта повикувајќи се на 25. амандман, а други бараат Трамп веднаш да ја напушти претседателската функција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Фридрих Мерц, кандидат на ЦДУ за канцелар на Германија на изборите во 2025 година, пишуваат медиуми
Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Фридрих Мерц ќе биде кандидат на Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ за канцелар на Германија на парламентарните избори во 2025 година.
„Претседателот на ЦДУ Фридрих Мерц и претседателот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) Маркус Зедер ќе го предложат Мерц за канцелар кандидат на Унијата ЦДУ/ЦСУ на изборите за Бундестагот следната година“, објавија германските медиуми, повикувајќи се на извори во рамките на ЦДУ.
Лидерите на ЦДУ и ЦСУ во Берлин моментално разговараат за прашањето за кандидатите, а наскоро се очекува Мерк да и се обрати на јавноста на прес-конференција.
Свет
Компанијата Мета им забрани пристап на руските државни медиуми на своите платформи
Американската технолошка компанија Мета го забрани работењето на руската медиумска компанија РТ и медиумската платформа „Расија сиводња“ на своите платформи, неколку дена откако администрацијата на Бајден ја обвини РТ дека делува како продолжение на московските шпионски агенции.
„По внимателно разгледување, ги проширивме нашите сегашни мерки против руските државни медиуми“, рече портпаролот на Мета во изјавата, според NBC. Администрацијата на Бајден претходно најави нови санкции во петокот, а претставник на Стејт департментот ја нарече РТ „полноправен член на разузнавачкиот апарат на руската влада“ за војната во Украина, пренесува Танјуг.
Американските власти тогаш ја обвинија РТ дека спроведува операции за тајно информативно војување низ светот во име на руските шпионски агенции. Министерството за надворешни работи на Русија објави дека земјите од таканаречениот колективен Запад вовеле околу 150 различни ограничувања против руските медиуми и новинари од 2022 година, пренесува Тас.
Свет
Медведев до Западот: Ќе бидете казнети
Заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев повика да се запамтат како што рече, „злосторничките апели од Западот“ да и се дозволи на Украина да ја нападне Русија и Москва да подготви одмазда.
На Телеграм, Медведев го привлече вниманието на изјавите на западните претставници, пишуваат локални медиуми.
„Очигледно е дека и сега на Запад нема ограничувања за извршување на такви напади. Мораме детално да се подготвиме за да ги одбиеме. Но, сакам да кажам нешто друго: треба да се потсетиме на злосторничките апели на одредени западни суштества и да се подготвиме за одмазда. Во историјата има бројни примери кога подоцна дојде одмаздата“, истакна тој.
Според Медведев, таквите операции секогаш се внимателно планирани.
„Овде главната работа е неизбежноста. Не е толку важно кога точно ќе стигне казната. Важно е дека тоа е неизбежно. „Дека секој ништожник, без разлика на вера, нација, позиција, кој извршил злосторства против нашата земја и нашиот народ или кој вика „Убијте ги цивилите во Курск“, знае дека ќе дојдат по него“, вели Медведев.