Свет
Повеќе од 40 активисти уапсени на парадата на гордоста во Истанбул оти е забранета

Повеќе од 40 активисти се уапсени денеска во Истанбул на парадата на гордоста која е забранета.
Турските активисти се спротивставија на забраната за организирање парада на гордоста во Истанбул, еден месец по изборите во Турција.
Демонстрантите вееја знамиња со виножито, но не им беше дозволен пристап до плоштадот Таксим, каде што се одржаа познатите демонстрации во 2013 година.
Турската ЛГБТ заедница стравува од поголем притисок откако конзервативниот претседател Реџеп Таип Ердоган победи на изборите во мај и го продолжи своето владеење до 2028 година, јавува Радио Слободна Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ИДФ потврди: Хамас ослободи 10 Израелци, двајца странски државјани

Израелските одбранбени сили потврдуваат дека Хамас му предал 12 заложници на Црвениот крст за да бидат префрлени во Израел.
„Врз основа на информациите добиени од Црвениот крст, 12 заложници – меѓу кои десет Израелци и двајца странски државјани – се на пат кон израелска територија“, се вели во краткото соопштение на ИДФ.
#عاجل | بشكل مشترك.. كتائب القسام وسرايا القدس تسلّمان الدفعة الخامسة من الأسرى الصهاينة في قطاع غزة، ضمن اتفاق التهدئة. pic.twitter.com/Qp79A35m23
— وكالة شهاب للأنباء (@ShehabAgency) November 28, 2023
Десет израелски заложници се префрлени од Хамас во Црвениот крст, потврди и портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, додавајќи дека е ослободен и еден филипински државјанин.
Меѓу ослободените израелски заложници има девет жени и едно дете.
Во замена за заложниците, 30 палестински затвореници ќе бидат ослободени од Израел подоцна денеска, рече портпаролот.
Свет
Се појави снимка, заложници во комбиња патуваат низ Газа, објавија израелските медиуми

Снимка која доаѓа од јужниот дел на Газа покажува парада на три бели пикап камиони и комбиња кои возат низ улиците додека минувачите гледаат.
Според извештаите на медиумите, во возилата, од кои на некои од страните висат повеќе вооружени лица, се смета дека се некои од заложниците кои Хамас треба да ги ослободи во следните часови.
דיווחים פלסטיניים: הזרוע הצבאית של חמאס במצעד צבאי במעבר רפיח – בזמן מסירת החטופות@kaisos1987 @gal_sade pic.twitter.com/SaW9Hac0z0
— כאן חדשות (@kann_news) November 28, 2023
Не може веднаш да се потврди веродостојноста на снимката, објави Тајмс оф Израел.
Од снимката не е јасно дали возилата патуваат до собирно место на Црвениот крст или на друга локација.
Регион
(Видео) Озлогласениот хрватски нарко бос уапсен во Турција, префрлен во затвор во Сплит

Хрватскиот наркобос, 43-годишниот Ненад Петрак е депортиран од Турција и ставен во затвор во Сплит, соопшти денеска хрватското МВР.
Тој беше уапсен пред десет дена во Истанбул врз основа на налог издаден од Сплитското жупаниско државно обвинителство за обид за убиство, објавија хрватските медиуми.
Хрватското МВР во соопштението не го соопшти името на депортираниот, туку само дека се работи за 43-годишен маж по кого е распишана европска потерница и распишана меѓународна потерница по наредба на сплитското обвинителство.
Тој бил пренесен од Истанбул во Загреб, а потоа во раните утрински часови во придружба на припадници на антитерористичката единица и на Службата за меѓународна полициска соработка бил одведен во Сплит.
Во соопштението објавено е видео од акцијата која, како што се наведува, поминала без безбедносни инциденти.