Контакт

Свет

Повторно отворени џамиите во Крајстчерч, први влегоа преживеаните од масакрот

Објавено пред

Двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, во кои беа убиени 50 луѓе, денеска се повторно отворени откако претходно беа обновени, по крвавиот масакр. Многумина преживеани први влегоа внатре, за да се молат за загинатите.

Во џамијата Ал Нор, во која терористот Тарант уби повеќе од 40 верници, молитвите започнаа со силно полициско обезбедување.

Аден Дирије, кој во крвавиот масакр го загуби својот тригодишен син, Мусад Ибраим, се врати во џамијата со пријателите.

„Многу сум среќен. Алах е голем за нас. Штом ја обновивме џамијата, се вратив на молитва“ рекол Аден по молитвата.

Поголем дел од жртвите биле мигранти или бегалци и нивната смрт го потресе исламскиот свет.

Јорданскиот принц Ел Хасан бин Талал, кој ја посети џамијата Ал Нор, рекол дека терористичкиот чин бил напад на човечкото достоинство.

„Ова е момент на длабоко патење за сите нас, за човештвото“ рекол бин Талал.

Полицијата објави дека се отвора и џамијата во Линвуд, која исто така беше нападната минатиот петок за време на молитвата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Продолжува геноцидот врз Рохингите во Мијанмар, велат од ОН

Објавено пред

Малцинството муслимани-Рохинги кое живее во Мијанмар се уште се соочува со заканата од геноцид, велат од Обединетите Нации.

Според извештајот на ОН, бруталните воени операции против Рохингите во 2017 година се дел од поголема, подолга шема на екстремно воено насилство.

Во извештајот се додава дека околу 600.000 Рохинги во Мијанмар се соочуваат со систематски прогон и живеат под закана од геноцид.

„Заканата од геноцид продолжува за преостанатите припадници на групата Рохинги“, вели Марзуки Дарусман од ОН.

Дарусман додава дека илјадници Рохинги се убиени во овие операции, а преку 740.000 се приморани да избегаат и да започнат нов живот во Бангладеш.

„Мијанмар не успева да го превенира или истражи геноцидот, или да изгласа нова легислатура со која се криминализира и казнува геноцидот“, Даруман додава.

Новиот извештај ќе биде презентиран пред Советот за човекови права при ОН.

„Етничките групи во Мијанмар имаат слично, но не идентично искуство со маргинализација, дискриминација и бруталност од страна на вооружените сили на Мијанмар“, се вели во извештајот.

Прикажи повеќе...

Свет

Татко си ги убил четирите деца и сопругата, телата ги чувал со недели дома и ги фрлил во друга држава

Објавено пред

Маж во Флорида е осомничен за убиство на сопругата и нивните четири деца, чии тела ги чувал дома со недели, за на крајот да ги фрли во Џорџија.

Налогот за апсење на Мајкл Џонс (38) бил издаден веднаш откако ги пронашле телата, а набргу потоа тој бил лоциран во Џорџија.

Полицијата соопшти дека го испрашала Џонс откако го пронашле телото на неговата сопруга Кеси Џонс (32), а тој потоа ги одвел до местото каде што ги оставил убиените деца.

„Дејли мејл“ пренесува дека Мајкл Џонс, наводно, ги убил сопругата и четирите деца и ги чувал во куќата со недели пред да ги стави во комбе и да се вози до границата со Џорџија.

Засега не е познато како се убиени жртвите.

Исчезнувањето на Кеси и нејзините деца било пријавено од нејзиното семејство, тие признале дека не се слушнале ниту виделе околу шест недели.

Полицијата ги продолжува своите истраги за да покаже како биле убиени мајката и децата.

Прикажи повеќе...

Свет

НАТО будно и загрижено ги следи случувањата по нападот врз рафинеријата на Саудиска Арабија

Објавено пред

НАТО загрижено ги следи случувањата по нападите со дронови врз нафтената рафинерија на Саудиска Арабија, „Арамко“, изјави шефот на алијансата.

„Каков било прекин на глобалното снабдување енергија претставува голем проблем за НАТО-членките. Го следиме развојот внимателно и загрижено“, вели генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Столтенберг ги повика сите засегнати страни да превенираат слични понатамошни инциденти за кои тој вели дека претставуваат сериозна закана за безбедноста во регионот.

Во понеделникот јеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за нападот со дронови и ги предупредија странските компании и работниците да не се приближуваат до рафинеријата бидејќи може повторно да нападнат.

Хутите, кои добиваат поддршка од Иран, повеќепати нападнаа неколку стратешки локации на Саудиска Арабија со помош на дронови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе до Собранието предлог одлука за основање на анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно,...

Македонија42 минути

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија47 минути

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија2 часа

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија2 часа

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија4 часа

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет5 часа

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет5 часа

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет6 часа

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија6 часа

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Македонија7 часа

Почнува внатрешното уредување на собите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното  уредување на собите во В и Г-блоковите во...

Свет18 часа

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет18 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија20 часа

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија1 ден

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија1 ден

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија1 ден

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет1 ден

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија1 ден

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија1 ден

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Досие