Свет
Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот се случил синоќа околу 21 часот по локално време.
„Ова е нешто што не треба да се случува . Тоа е нешто што не смее да се случува во нашата заедница“ изјави шефот на полицијата, Френк Фаулер.
Локалниот портал „Syracuse.com“ објави дека пукањето се случило во кругот на семејство, кое се собрало поради смрт на лице кое починало од рак, пренесе Ројтерс.
Сиракуза се наоѓа на околу 400 километри северозападно од Њујорк.
Четири лица, меѓу кои и напаѓачот загинаа вчера во пукотници во американската држава Мериленд. Во инцидентот беа повредени и три лица. Според првичните информации, напаѓачот е жена која потоа извршила самоубиство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Британија најави нова флота во регионот на Арктикот

Во наредната декада армијата на Велика Британија ќе ангажира поголем број војници на Арктикот со цел да ги одврати руските закани, соопшти Секретарот за безбедност на Британија, Гевин Вилијамсон.
Според Вилијамсон, новата флота авиони П8 Посејдон ќе лета преку Арктикот со цел да спречува активности од страна на руските подморници.
„Без оглед на тоа дали ќе ги зајакнуваме нашите способности на температури под нулата, ќе учиме од нашиот долгогодишен сојузник Норвешка, или пак ќе надгледуваме активности на подморниците, во секој случај држиме будно око за новите предизвици“, изјави Вилијамсон.
Вилијамсон вели дека активностите на Русија со подморници се зголемиле за десетпати во последните неколку години и дека во 2017 Кралската воена морнарица морала да пресече дури 33 руски бродови кои се приближувале кон водената територија на Британија.
Регион
Дачиќ: На Шаулиќ му дадоа некакво средство за успивање и веќе не се разбуди

Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, откри нови детали околу смртта на пејачот Шабан Шаолиќ, кој трагично загина во сообраќајна несреќа во неделата во Германија.
Дачиќ вели дека починатиот крал на народната музика, по несреќата, која се случи по настап, излегол од возилото без траги на видливи повреди, поради што смета дека мора да се преиспита причината за неговата смрт, пренесе „Блиц“.
„Шабан излезе од автомобилот, но беше во многу лоша состојба што практично мораа да направат некаква интервенција и да го однесат во болница. Беше лошо, но беше свесен. Тој излезе без траги на видливи повреди. Се пожали дека има проблеми со грлото, градите, дека нешто го мачи. Повикаа хеликоптер и му дадоа некое средство за успивање, по што тој веќе не се разбуди. Во болница се обидуваа да го реанимираат, го отворија и воочија дека дошло до компликации на аортата. Обвинителот сега бара обдукција за да се види поради што умрел“, изјави Дачиќ.
Тој рече дека е прашање на време кога телото на Шаолиќ ќе стигне во Белград. За него Шаолиќ бил многу добар човек, секогаш им помагал на младите пејачи.
„Тој сакаше да пее, има пејачи што ќе испеат две-три песни и пријатно. Тој беше во состојба да останат цела ноќ и пееше од душа. Еден е Шаулиќ, тешко некој да го замени, каде и да се свртиш, таму е Шабан, сите песни кои ги сакаме, се негови песни. Секако дека треба да биде погребан во Алејата на великаните“, нагласи Дачиќ.
Европа
Премиерот на Полска го откажа патувањето во Израел поради коментари за антисемитизам

Премиерот на Полска во понеделникот објави дека тој нема да биде дел од средбата со Израел поради коментарот на новиот министер за надворешни работи на Израел, кој изјавил дека Полјаците „цицаат антисемитизам со мајчиното млеко“.
Премиерот Матеуш Моравиецки го откажа патувањето во Израел каде што тој требаше да присуствува на мултилатерална средба со лидерите на Република Чешка, Унгарија и Словачка, кои се дел од Вишеградската група.
Моравиецки ги отфрли коментарите на Јизраел Катц, кои ги оцени како нетолерантни и расистички, по што додаде и дека ниеден претставник на Полска нема да присуствува на настанот.
Катц изјави дека: „Многу Полјаци соработувале со нацистите и зеле учество во уништувањето на Евреите за време на холокаустот“.
Министерството за надворешни работи на Полска го свика на разговор амбасадорот на Израел во Варшава, откако израелскиот премиер, Бенџамин Нетанјаху, исто така изјави дека Полска била близок соработник со нацистите за време на Втората светска војна.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал