Свет
Поддржувачите на Трамп, држејќи се за рацете, формираа ѕид на границата со Мексико

Десетици поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп се собраа на дел од границата меѓу САД и Мексико во Ново Мексико за да формираат жив ѕид во знак на поддршка на претседателот и неговиот проект за пограничен ѕид, пренесува „Спутник“.
Поддржувачите со препознатлиците капи MAGA на Трамп се фатија за раце и мавтаа со американски знамиња и рачно изработени знаци повикувајќи на изградба на ѕидот и на остри мерки против нелегалната миграција, трговијата со луѓе, шверцот со дрога и повторното влегување на депортираните криминалци.
This is what your family did over the weekend. Made the worst human wall since red rover in first grade. Congrats pic.twitter.com/tKGrR2iX8W
— iPun (@omgShutUpDon) February 11, 2019
Протестите се одржаа во Санленд Парк, Њу Мексико, каде што има дупка во сегашната физичка бариера помеѓу САД и Мексико. Ова место исто така се граничи со Ел Пасо, Тексас, каде што Трамп в понеделник ќе го одржи својот прв предизборен митинг за изборниот циклус во 2020 година.
Ваквата потапка доаѓа како реакција на твит на Трамп во кој се опишуваат огромен број луѓе што доаѓаат од латиноамериканските земји преку Мексико за да ја преплават јужната граница на САД.
„Испративме дополнителна војска. Ќе изградиме и човечки ѕид ако е потребно. Но, ако имаме вистински ѕид, тоа нема да бид потребно“, напиша Трамп на „Твитер“ на 5 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Бразилската полиција издаде налог за апсење 54 лица

Бразилската федерална полиција соопшти дека издала налог за апсење 54 лица поради наводна улога во голема мрежа за шверцување наркотици, која се специјализирала за авионски испораки за Брасил, САД и за Европа.
Полицијата соопшти дека имала судски налози за заплена на 47 авиони на кои се наоѓа голема количина од стоката, пренесе „Ројтерс“.
Европа
Јункер: Мали се шансите брегзитот да помине со договор

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека не е оптимист кога станува збор за излезот на Велика Британија од Европската Унија со договор предупредувајќи дека неуспехот во преговите би чинел скапо.
„Ако не дојде до договор, што не можам да го исклучам како опција, тоа би имало катастрофални економски и социјални последици врз Велика Британија и ЕУ, а моите напори се насочени кои избегнување такво нешто. Но, не сум оптимист кога станува збор за овој проблем“, изјави Јункер, кој вчера се состана со британската премиерка, Тереза Меј, пренесе „Ројтерс“.
Европа
Нелегалните мигранти се плашат да побараат азил во Европа

Мигрантите кои нелегално влегле во ЕУ и се „во транзит“ се плашат да побараат азил во Европа поради репресивните и заплашувачки политики против нив, се вели во еден извештај.
Хуманитарната организација „Доктори без граници“ и белгиската невладина организација ЦИРЕ во извештајот велат дека мигрантите во „транзит“ немаат храброст да побараат азил и заштита во Белгија.
„Нехуманите услови во бегалските кампови на границите на Европа, Даблинската регулатива, репресивните акции на полицијата и кампањите за разубедување кои се водат во Белгија и низ цела Европа, се причина за недовербата на мигрантите во властите, а ова само придонесува кон нивната ранливост“, се вели во извештајот.
Според Даблинската регулатива на ЕУ, азилантите треба да бидат процесирани во првата земја во која ќе пристигнат.
Ова правило значи дека одговорноста за одобрување статус на азил паѓа на земјите на надворешните граници од Европа, односно оние земји преку кои бегалците првично влегуваат во ЕУ.
Во извештајот се додава дека мигрантите се чувствуваат одвоени во Европа и дека актуелната мигрантска политика им ги скратува основните права.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа