Контакт

Свет

Подигнато нивото на безбедност на нафтените и комерцијалните пристаништа во Кувајт

Објавено пред

Државната Кувајтска новинска агенција денеска извести дека земјата го подигнала нивото на безбедност на сите свои пристаништа.

„Во одлуката се нагласува дека треба да се преземат сите мерки за заштита на бродовите и на пристаништата“, вели агенцијата повикувајќи се на изјава на министерот за трговија и индустрија.

Нивото на тревога е подигнато во услови на ескалација на тензиите меѓу соседна Саудиска Арабија и Иран по нападот врз две постројки на „Арамко“ во Абакик и Кураис.

По ова, производството на земјата се намали за 5,7 милиони барели нафта дневно, што претставува половина од вообичаеното производство. Инцидентот резултира со значителен раст на цената на нафтата.

Ситуацијата на Блискиот Исток останува напната по нападот со беспилотни летала врз саудиските нафтени постројки во саботата. Јеменското движење Хути, кое се бори против Ријад, ја презеде одговорноста за нападите, но кралството го обвини Иран за инцидентот, пренесува „Спутник“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп: Израел никогаш досега немал подобар пријател во Белата куќа

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека Израел никогаш немал подобар пријател во Белата куќа од него, бидејќи за разлика од неговите претходници тој ги остварува ветувањата.

Трамп, зборувајќи на форумот на Израелско-американскиот совет на Флорида, потсети дека го признал Ерусалим за престолнина на Израел, ја преместил американската амбасада таму и го признал израелскиот суверенитет во Голанската Висорамнина.

Претседателот истакна дека неговите претходници ветувале дислоцирање на Амбасадата на САД, но тоа не го оствариле.

„По мое мислење тие никогаш не планирале да го направат тоа. Но за разлика од други претседатели, јас ги исполнувам ветувањата“, нагласи тој.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Најмалку 43 работници загинаа во пожар во фабрика во Њу Делхи

Објавено пред

Најмалку 43 лица загинаа денеска во пожар во шесткатна фабрика во Њу Делхи, кој избил додека работниците спиеле, соопштија владини претставници.

Според информациите од локалните медиуми, фабриката произведувала чанти и голем дел суров материјал се наоѓал во магицините во објектот, каде пожарот брзо се проширил.

Спасени се повеќе од 50 луѓе, а повредените се пренесени во четири болници во градот, соопшти противпожарната служба.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Разбојници барале 250.000 евра за Македонец киднапиран во Тирана, го спасила полицијата

Објавено пред

Две лица се уапсени во Албанија под обвинение дека во главниот град Тирана, вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин.

Според информациите од албанските медиуми, киднаперите барале 250 илјади евра.

Во рамки на полициската акција, уапсени биле двајца жители на Тирана на возраст од 41 и 42 години, а како што се пренесува, од слобода ќе се брани 50-годишник од Струга.

На уапсените им е одредена мерка притвор.

„Тројцата осомничени во соработка со уште едно лице, во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана, го киднапирале македонскиот државјанин Давор В. (23). За да го ослободат, под закана со оружје, барале сума од 250.000 евра“, стои во полициското соопштение за настанот, кое го пренесуваат албанските медиуми.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Пендаровски: Делото на Свети Климент Охридски е од значење за севкупната европска култура

Претседателот, Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска...

Регион12 часа

(Видео) Разбојници барале 250.000 евра за Македонец киднапиран во Тирана, го спасила полицијата

Две лица се уапсени во Албанија под обвинение дека во главниот град Тирана, вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин. Според информациите...

Македонија16 часа

Полесно повредените македонски патници во автобуската несреќа во Србија се враќаат дома

Според последните информации добиени од болницата во Прокупље, каде беа згрижени 16 од вкупно 26 патници повредени откако се преврте...

Македонија17 часа

Полицијата разби криминални групи од Грчец и Арачиново – 12 приведени, запленети автомобили, оружје и дрога

Десет лица од скопските села Грчец и Арачиново се уапсени во големата полициска акција која започна денеска во пет часот...

Македонија20 часа

Заев: Законот за јазици ќе се ревидира согласно забелешките на Венецијанската комисија

Премиерот Зоран Заев најави ревидирање на Законот за јазици во согласност со забелешките на Венецијанската комисија. „Законот за јазици ќе...

Економија22 часа

Арсовска: Македонија ја нема на ранг листата на светски препознатливи брендови

Македонските брендови тешко се позиционираат, мала e застапеностa на нашите производи на глобалните пазари, a истото се должи генерално на...

Македонија23 часа

Сараево, Белград и Скопје меѓу најзагадените градови во светот

Сараево, Белград и Скопје изутринава се меѓу најзагадените градови во светот. Главниот град на Босна и Херцеговина, утрово е второрангиран...

Топ24 часа

Момче избодено со нож во Бутел, го нападнале група малолетници

Во Полициската станица Чаир, малолетник од Скопје пријавил дека синоќа околу 19.45 часот, на улицата „Александар Урдаревски“ бил физички нападнат...

Свет24 часа

Трамп тврди дека не користи личен мобилен поради безбедносни ризици

Американскиот претседател Доналд Трамп ги негира медиумите дека користи личен мобилен телефон за разговори и покрај предупредувања од безбедносите служби....

Свет1 ден

Голем пожар му се заканува на Сиднеј, се евакуира населението

Голем пожар што беснее околу 60 километри северно од Сиднеј, зафати 300.000 хектари и е невозможно да се контролира во...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Каде завршила ташната Луј Витон со 1.5 милиони евра?

„Власта и Русковска ја развлекуваат постапката за ‘Рекет’. Шест месеци откако е пријавен случајот се уште немаме одговори каде завршила...

Свет1 ден

Фејсбук казнет со четири милиони долари во Унгарија

Фејсбук ќе треба да плати казна од околу четири милиони долари, на Агенцијата за заштита на конкуренција во Унгарија поради...

Економија1 ден

Започна исплатата на МојДДВ – три милиони евра ќе им бидат исплатени на граѓаните

Од вчера започна поврат на дел од платеното ДДВ за месеците јули, август и септември кон граѓаните. Над сметките на...

Економија2 дена

(Видео) Деспотовски: Одговорноста за грантовите на Ласкова и на Анѓушев е моја, не избегав ни тогаш ни сега

На сите 320 фирми што досега добиле грантови од Фондот за иновации може да им се залепат етикети дека се...

Македонија2 дена

Одбиено барањето за апанажа на Катица Јанева

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна...

Македонија2 дена

(Видео) Камчев: Филипче ми e пријател и немаше никакви бизнис-зделки со Боки 13

Бизнисменот Орце Камчев по судењето за „Рекет“, запрашан за врските меѓу него и министерот за здравство, Венко Филипче, не сакаше...

Македонија2 дена

Благајник си присвоил пари од касата на „Македонска пошта“

Благајник во подружница на „Македонска пошта“ во Гостивар противправно присвоил за себе парични средства во износ од 1.925.128 денари, кои му...

Македонија2 дена

(Видео) Максим Ацевски најприфатлив предлог за генералан државен ревизор

Пратениците едногласно го прифатија предлогот Максим Ацевски да биде избран за генерален државен ревизор. Предлогот беше усвоен со консензус, без...

Македонија2 дена

(Видео) Камчев: Алчноста на Катица за пари беше клучна во оваа работа

Бизнисменот Орце Камчев по денешното сведочење за случајот „Рекет“ откако излезе од судот уште еднаш потенцираше дека Бојан Јовановски, Катица...

Македонија2 дена

На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата. Јовановски го персира, додека...

Досие