Контакт

Европа

Подигнато обвинение против поранешниот директор на „Фолксваген“

Објавено пред

Обвинителството во германскиот град Бранзвик денеска покрена обвинение против поранешниот директор на „Фолксваген“, Мартин Винтеркорн, во врска со манипулациите на „Фолксваген“ на тестовите за мерење на штетните гасови.

Обвинението е поднесено против уште четворица други менаџери во компанијата, соопшти обвинителството, но не ги споменаа нивните имиња, според „Ројтерс“.

Како што објави обвинителството, Винтеркорн е обвинет за исклучително сериозен случај на измама, злоупотреба на довербата и нарушување на конкуренцијата бидејќи по 25 мај 2014 година, кога се дозна дека е манипулирано со дизел-моторите, не преземал ништо.

Винтеркорн не ги известил властите во Европа и во САД за нелегалниот софтвер, ниту, пак, клиентите, ниту, пак, го спречил понатамошното инсталирање на софтверот, според обвинителите.

Како последица на тоа, „Фолксваген“ се соочи со високи казни во Германија и во САД, до кои не би дошло ако Винтеркорн реагирал, соопшти обвинителството.

Пред околу една година, САД подигнаа обвинение против Винтеркорн, обвинувајќи го за заговор за да го прикрие скандалот со емисиите на штетни гасови од дизел-возилата на „Фолксваген“.

Аферата „дизелгејт“ беше откриена во 2015 година, предизвикувајќи глобална реакција против дизел-моторите и ја чини компанијата 29 милијарди евра.

Европа

Илјада пожарникари трет ден ги гаснат пожарите во Португалија, расте бројот на повредени

Објавено пред

Бројот на повредени во пожарите во Португалија, кои траат веќе три дена, се искачи на 39.

Повеќе од илјада пожарникари учествуваат во гаснење на пожарите, а уништени се неколку куќи. Во текот на викендот изгореле околу 8.500 хектари вегетација.

До вчера вечерта само 70 отсто од пожарите биле под контрола поради силниот ветар и високите температури.

Во последните години во Португалија се регистрирани некои од најсмртоносните пожари во историјата на земјата. Во еден од нив во 2017 година загинаа 107 луѓе. Бројот на загинати таа година ја поттикна португалската Влада да поддржи построги мерки за превенција на пожари. Минатата година во пожарите немаше жртви.

Прикажи повеќе...

Европа

Велика Британија најави заштитничка поморска мисија со сојузниците од ЕУ во Ормуската Теснина

Објавено пред

Велика Британија соопшти дека со европските сојузници ќе формира мисија на поморска заштита во Ормуската Теснина по иранската заплена на нафтен танкер што пловел под британско знаме во овој стратешки премин.

Шефот на британската дипломатија, Џереми Хант, оцени дека иранската заплена на танкерот и 23-члениот екипаж претставува чин на државно пиратство.

Хант не изнесе детали за новата мисија, но рече дека Велика Британија ќе предезе соодветна акција да го поддржи безбедносниот премин на бродовите низ Ормуската Теснина.

Тој се огради дека британските потези не се дел од политиката на САД за максимален притисок врз Иран бидејќи европските земји и понатаму го почитуваат меѓународниот нуклеарен договор со Иран од 2015 година, што САД го напуштија пред повеќе од една година.

Силите на Револуционерната гарда го пресретнаа танкерот во петокот и го запленија бродот заедно со екипажот.

Иран соопшти дека потегот е одговор на инцидентот од 4 јули кога британската морнарица помогнала да се заплени ирански нафтен танкер. Велика Британија ги отфрла поврзувањата на двата случаја и наведува дека заплената на иранскиот танкер била легална бидејќи постоел сомнеж бродот да планира прекршување на санкциите на ЕУ кои се однесуваат на забраната за испорака на нафта во Сирија.

Прикажи повеќе...

Европа

Пронајдена француска подморница што исчезнала пред половина век

Објавено пред

Француската подморница „Минерва“, која изчезнала во 1968 година со 52 члена на екипажот е пронајдена недалеку од пристаништето Тулон, соопшти француската министерка за одбрана, Флоранс Парли.

„Тоа што ја пронајдовме ‘Минерва’ е успех, олеснување и технички подвиг“, изјави Парли, пренесе „Анса“.

Таа додаде дека нејзините мисли се со членовите на екипажот, кои долго чекале на овој момент.

Владата одлучи лани да ги обнови напорите да ја пронајде „Минерва“ на повтореното барање на семејствата. Причината за потонувањето на подморницата не е позната.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Заев: Борисов не ме повика за Камчев

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев“, изјави премиерот, Зоран Заев во интервју...

Топ1 час

Обвинение за сопругата која со секира го уби мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена од Скопје за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани. „Обвинетата на...

Македонија1 час

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Европа1 час

Илјада пожарникари трет ден ги гаснат пожарите во Португалија, расте бројот на повредени

Бројот на повредени во пожарите во Португалија, кои траат веќе три дена, се искачи на 39. Повеќе од илјада пожарникари...

Македонија2 часа

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија3 часа

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион3 часа

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија17 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија18 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија19 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија20 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија21 час

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија23 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет1 ден

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет1 ден

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет1 ден

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет1 ден

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет1 ден

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет1 ден

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија2 дена

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Досие