Контакт

Свет

Пожар во центарот на Сеул, има мртви

Објавено пред

Во објект во кој биле сместени работници во центарот на Сеул изби пожар, а најмалку седум лица го загубија животот, соопштија итните служби на градот.

Се додава дека најмалку 11 лица биле повредени во пожарот, пренесуваат странските медиуми.

Пожарот, најверојатно, настанал на третиот кат од зградата, покрај вратите за излез, рече Квор Хјок Мин, шефот на противпожарната станица во Сеул.

„Пожарот изби и ја блокира излезната врата, што им оневозможи на жителите на зградата да побегнат“, рече Квон.

Причината за пожарот засега не е позната, а бројот на жртви би можел да се зголеми, порачаа итните служби.

Жртвите, како што наведуваат медиумите, се работници на старот од 40 до 60 години.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Новиот премиер на Британија – англискиот Трамп од турско потекло

Објавено пред

Новиот лидер на британските конзервативци, Борис Џонсон, кој ќе стане и премиер, тежнее кон тоа да стане новиот Черчил, додека критичарите стравуваат дека ќе стане новиот Трамп. Коментатор на Асишејтед прес, вели дека Џонсон не е типичен политичар, почнувајќи од изгледот до однесувањето, а неговата кариера ја одбележаа бројни скандали.

Тој е контроверзна фигура во британската политика и новинарството. Приврзаниците го гледаат како духовит, популарен и привлечен. Критичарите од левите и од десните кругови, го обвинуваат за елитизам, неискреност, мрзеливост и употреба на расистички и хомофобичен јазик.

За разлика од противкандидатот на изборите, богаташ и претставник на британската елита, Џереми Хант, Џонсон пред да влезе во политичките води, работел и други работи. Откако дипломиралкласични науки на Универзитетот во Оксфорд во Лондон, се вработил како советник за менаџмент, но дал отказ по само една недела. Џонсон ја започнал кариерата како новинар, а не како политичар, но набрзо влегол во неволја. Почнал да работи во лондонски „Тајмс“ каде предизвикал скандал, кога напишал текст за археолошко откритие на палатата на Едвард Втори. Џонсон измислил изјава за која лажно тврдел дека ја добил од историчарот Колин Лукас, инаку негов кум. Поради тој скандал бил отпуштен од „Тајмс“.

Џонсон беше и градоначалник на Лондон од 2008 до 2016 година, а во наредните две години беше на местото министер за надворешни работи.

Американскиот претседател Доналд Трамп го поддржа Џонсон во трката за наследник на Тереза Меј. Токму поради поддршката на Трамп и сличноста во фризурата, Џонсон го нарекуваат англискиот Трамп.

Џонсон е роден во 1964 година во Њујорк. Татко му има турско потекло.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Би можел веднаш да го средам Авганистан, но не сакам да убијам 10 милиони луѓе

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД во последните неколку недели постигнале голем напредок во преговорите со талибанците и јасно даде до знаење дека не му е драго што американските воени сили се присутни во Авганистан, објави Си-ен-ен.

За време средбата со пакистанскиот премиер Имран Кан, Трамп рекол дека 18-годишната војна со Авганистан била повеќе од контролна природа, односно дека воените сили на САД дејствувале како полицајци, а не како војници. Трамп нагласил дека доколку сакаат, САД би можеле бргу да стават крај на таа војна со брутална воена сила, но дека тогаш би загинале 10 милиони луѓе.

„Ако сакам веднаш да победам во војната, Авганистан би бил избришан од лицето на земјата за најмногу десет дена. Но, јас тоа не го сакам, не сакам да одам по тој пат. Ние, всушност, сме како полицајци. Не водиме војна. Да сакавме да војуваме и да го победиме Авганистан, ќе го освоевме за една недела. Но, не сакам да убијам 10 милиони луѓе“, рекол Трамп.

Прикажи повеќе...

Свет

Рохани: Ние сме чувари на безбедноста во Персискиот Залив

Објавено пред

Иран бил и ќе биде чувар на безбедноста и слободната пловидба во Персискиот Залив, Ормутската Теснина и во Оманското Море, порача претседателот на Иран, Хасан Рохани.

Тој тоа го рекол по повод заплената на британскиот танкер од страна на иранската револуционерна гарда.

Велика Британија соопшти дека сака да оформи мисија под европско водство за надзор и заштита на бродовите во тоа подрачје.

„Иран не сака ескалација на актуелните тензии во регионот и со другите земји и никогаш нема да почне војна или некаков конфликт“ рекол Рохани, пренесе италијанската агенција АНСА.

Рохани повика на дијалог и на регионална соработка.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Трамп: Би можел веднаш да го средам Авганистан, но не сакам да убијам 10 милиони луѓе

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД во последните неколку недели постигнале голем напредок во преговорите со талибанците и јасно...

Европа5 часа

Нов топлотен бран во Европа

Уште еден топлотен бран оваа недела ќе зафати делови од Централна и Северна Европа, со рекордни температури кои се очекува...

Македонија5 часа

Зависниците од наркотици ќе можат да примаат терапија и во Аеродром, Ченто и Психијатриската болница

Зависниците од наркотици ќе можат да примаат терапија и во поликлините во Аеродром, Ченто и Психијатриската болница. Досега околу 520...

Европа7 часа

Џонсон е новиот премиер на Велика Британија

Поранешниот британски шеф на дипломатијата, Борис Џонсон, е избран за нов претседател на Конзервативната партија, а според тоа и нов...

Македонија7 часа

(Видео) Јанева: Најодговорно тврдам дека не сум вмешана во случајот „Рекет“

Во врска со мојата наводна вмешаност во случајот „Рекет“ најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување или...

Македонија10 часа

Заев: Борисов не ме повика за Камчев

„Бугарскиот премиер Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев“, изјави премиерот, Зоран Заев во интервју...

Топ10 часа

Обвинение за сопругата која со секира го уби мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена од Скопје за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани. „Обвинетата на...

Македонија10 часа

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Македонија11 час

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија12 часа

Села бара јавен обвинител од странство

Зијадин Села од Алијансата за Албанците објави неколку забелешки за владиниот предлог закон за Јавното обвинителство. Тој истакна дека ќе...

Македонија12 часа

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион12 часа

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија1 ден

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија1 ден

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија1 ден

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија1 ден

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија1 ден

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 ден

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет1 ден

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет1 ден

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Досие