Европа
Полицијата во Хамбург прекина концерт поради непочитување на мерките

Полицијата во Хамбург го прекина концертот на кој присуствуваа околу 800 луѓе бидејќи се одржувал во спротивност со здравствените упатства за спречување на ширење на Ковид-19, објавија денеска германските медиуми.
Луѓето не ја почитуваа мерката физичка дистанца на концертот на кој настапи еден бенд, изјави денеска портпаролот на полицијата.
Полицијата стапила во контакт со организаторот на концертот кој се одржал синоќа, при што настапот бил прекинат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Шест девоjчиња загинаа во несреќа во Америка-Телата пронајдени покрај превртеното возило

Шест девојчиња загинаа, а други две лица се повредени во судир на меѓудржавниот пат во Тенеси.
До превртеното возило биле пронајдени телата на девојките на возраст од една до 18 години.
Се претпоставува дека од силината на ударот девојките биле исфрлени од автомобилот.
Жена, за која се верува дека исто така паднала од истото возило со девојчињата, била пронајдена во критична состојба.
Медиумите јавуваат дека во несреќата е повреден и маж, кој исто така е пренесен во болница.
Возачот на другиот автомобил кој учествувал во несреќата не е повреден.
Жртвите се уште не се идентификувани, а засега не е познато дали се во роднинска врска.
Истрагата траела цело утро, а причината за несреќата се уште не е позната.
Европа
Голем шумски пожар во Шпанија, евакуирани над 1.500 лица

Голем шумски пожар избувна во четвртокот на истокот на Шпанија во Вилануева де Вивер, во провинцијата Кастелон, недалеку од Валенсија.
Опустоши околу 4.000 хектари шума, а од загрозената област беа евакуирани околу 1.500 луѓе.
Повеќе од 500 пожарникари, поддржани од 20 авиони и хеликоптери, се распоредени за да го стават огнот под контрола во близина на селото Вилануева де Вивер, соопшти денеска шпанската служба за итни случаи, пренесува Ројтерс.
Во соопштението се наведува дека пожарникарите успеале да спречат пожарот да се прошири и на други подрачја. Властите објавија дека се истражуваат причините за пожарот, објави шпанскиот весник „Ел Паис“.
Европа
Берлин планира да протера над 30 руски дипломати, Москва подготвува остар одговор

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, планира да протера повеќе од 30 руски дипломати акредитирани во Берлин, додека од Москва велат дека веќе имаат подготвен одговор.
Според германските безбедносни власти, руските дипломати го користат својот имунитет за илегално да регрутираат германски доушници од светот на политиката, бизнисот, науката и војската.
Информаторите, меѓу другото, се користат и за диверзантски и дезинформациски операции.
Ако Германија протера руски дипломати, Москва ќе реагира жестоко, одговорот е веќе готов, изјави за Спутник извор од руското Министерство за надворешни работи.