Контакт

Свет

Полицијата осуети криенка на 3.000 лица планирана во продавница на ИКЕА во Шкотска

Објавено пред

Илјадници шкотски тинејџери беа лишени од легендарна криенка планирана во продавница на ИКЕА кога полицијата интервенира за го спречи настанот, пренесува РТ.

Речиси 3.000 луѓе се регистрирале на „Фејсбук“ за учество во маратонска криенка во продавницата на ИКЕА во Глазгов. Закажана за саботата, криенката беше осуетена кога вработените во шведската продавница слушнале за неодобрениот настан.

Од ИКЕА мобилизирале дополнително обезбедување и го предупредиле полицискиот оддел во Глазгов, кој испратил петмина полицајци на местото на настанот, па така попладнето безброј тинејџери, кои се надевале дека ќе ја поминат саботната вечер скриени меѓу немонтираниот мебел, сурово биле оддалечени од продавницата.

Вестите за криенката бргу се рашириле на социјалните мрежи обесхрабрувајќи многумина потенцијални учесници да се појават во продавницата за мебел. Полицијата, наводно, ја чувала продавницата сè до нејзиното затворање во 20 часот.

Свет

Кувајтски емир го смени синот од местото министер за одбрана

Објавено пред

Емирот Сабах ал-Ахмад ал-Сабах, денеска го разреши неговиот син, Насер ел Сабах и уште еден министер во владата по нивните јавни меѓусебни обвинувања за корупција и му нареди на премиерот да состави нова влада.

Кувајтскиот емир издаде декрет за смената само неколку дена откако Владата поднесе оставка поради истрага во друг случај.

Насер ал Сабах изјави дека открил оти биле проневерени 790 милиони американски долари во времето кога сегашниот министер за внатрешни работи бил министер за одбрана.

Редовните парламентарни избори во Кувајт треба да се одржат за една година.

Министерството за правда им забрани на локалните медиуми да известуваат за случајот за проневера. Се наведува дека судењето ќе биде затворено за јавност, пренесе „АП“.

Насер ал-Сабах не е во редот за наследници на престолот, но неговото назначување за министер за одбрана го привлече вниманието затоа што тоа се случи откако саудискиот крал Салман го назначи својот син Мохамед бин Салман за министер за одбрана пред да го прогласи за престолонаследник.

Прикажи повеќе...

Свет

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Објавено пред

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми.

Од локалната полиција наведоа дека се испратени екипи на местото на инцидентот.

Полициски извори наведуваат дека убиени се три лица, меѓу кои и напаѓачот.

Училиштата во градот се затворени.

Други детали засега не се познати.

Прикажи повеќе...

Свет

Најмалку седум лица загинаа во воздушен напад врз фабрика во Триполи

Објавено пред

Најмалку седум лица загинаа, а 15 се повредени, во воздушен напад врз фабрика за кондиторски производи во главниот либиски град Триполи, соопшти Министерството за здравство.

Меѓу жртвите има и петмина странски државјани.

Од април годинава Триполи е средиште на борби меѓу самопрогласената Либиска народна партија и повеќето милиции поврзани со меѓународно признатата, но слаба влада, која ја контролира престолнината.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија2 часа

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија4 часа

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија7 часа

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија8 часа

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија8 часа

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија9 часа

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет10 часа

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет11 час

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија12 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија13 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија23 часа

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет23 часа

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа1 ден

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет1 ден

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија1 ден

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет1 ден

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет1 ден

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија1 ден

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион1 ден

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Досие